Моите пчели изведоа пилиња!
ЖИВЕАМ на една мала фарма во северна Шведска. Неодамна, кога две од моите кокошки почнаа да лежат јајца, набљудував како се однесуваат. Неколку дена откако се изведоа првите пилиња, неколку од нив отидоа да се шеткаат и случајно поминаа покрај другата кокошка. Претпоставувајќи дека пилињата ѝ припаѓаат нејзе, таа веднаш стана, ги остави своите јајца и почна да ги собира пилињата под себе. Ним изгледа не им беше грижа која кокошка се грижи за нив.
Се обидов да ја натерам кокошката да ги врати „украдените“ пилиња и да продолжи да лежи врз своите јајца, но напразно. Имав намера да ги фрлам оставените јајца во ѓубриштето, но застанав и си помислив: ‚Можеби во нив сѐ уште има живот!‘ Тогаш ми дојде една идеја.
Еден голем рој пчели одржува постојана температура од околу 34 Целзиусови степени во улиштето. Затоа, ги зедов јајцата и ги ставив на една памучна покривка на несилото во едно од моите улишта. Потоа ставив две чаши вода во нивна близина за да одржува влага во „гнездото“. Секој ден ги превртував јајцата имитирајќи ја квачката.
После неколку дена слушнав јасни цвркоти кои доаѓаа од неколку јајца. По кратко време, едно мокро пиленце излезе од својата лушпа! Веднаш го зедов и го ставив под кокошката што ги напушти своите јајца. За среќа, таа го прифати. Наскоро имаше да се грижи за легло од 12 пердувести пиленца, благодарение на вредните пчели (приложено).
[Извор на слика на страница 31]
Сите фотографии: Foto, Roland Berggren, Västerbottens-Kuriren, Шведска