ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/11 стр. 31
  • Еволуцијата не е факт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еволуцијата не е факт
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Зошто многумина ја прифаќаат еволуцијата?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Несогласувања во врска со еволуцијата — зошто?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Дали еволуцијата е во склад со Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Еволуцијата пред суд
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/11 стр. 31

Еволуцијата не е факт

Анкетите покажуваат дека многу Американци веруваат дека првите луѓе биле директно создадени од Бог, а не преку некаков процес на еволуција од примитивни животни облици. Но, зошто толку многу наставници по предмети од науката во Америка ја унапредуваат безумната, случајна еволуција како факт? Една причина е тоа што „Дарвинистичките фундаменталисти . . . ги контролираат катедрите на наука во многу универзитети“, вели Филип Е. Џонсон, професор по право на Калифорнискиот универзитет во Беркли.

Џонсон истакнува: „Во некои случаи, на професорите по биологија им е забрането да им кажат на студентите дека постои причина за сомневање во тврдењето дека безумни процеси во материјата можеле да ги создадат и дека ги создале чудата на биологијата“.

Научникот и инженер Марфи О’Дин забележува: „Наместо да ја отфрлат теоријата која не опстојува пред фактите, насока на ‚еволуционистичката наука‘ стана изјавата на вера дека ‚еволуцијата мора да биде вистинита‘“. Спротивните докази и недостигот на докази или се игнорираат или им се наоѓа оправдување.

Зошто? Мајкл Бехе, молекуларен биолог, вели во Darwin’s Black Box: „Голем број луѓе, вклучувајќи и многу угледни и длабоко почитувани научници, едноставно не сакаат да постои нешто натприродно. Тие не сакаат врз природата да влијае некое натприродно суштество“. Но, вистинската наука не ги игнорира спротивните докази за да ги унапреди претпочитаните идеи. И сите научници не веруваат во еволуцијата.

Бразилското списание Veja го прашало Карло Рубија, добитник на Нобеловата награда за физика: „Дали верувате во Бог?“ Иако не признал дека постои Бог кој е личност, тој сепак рекол: „Колку повеќе ја набљудувате природата толку повеќе согледувате дека кај сите работи постои огромна организација во сѐ. Тоа е толку голема интелигенција што само со набљудување на природните феномени доаѓам до заклучок дека постои Творец“.

Неговите забележувања нѐ потсетуваат на зборовите на апостол Павле во врска со Бог: „Она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова слава и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија“ (Римјаните 1:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели