ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/1 стр. 4-5
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Светски проблем
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
  • Зошто луѓето се откажуваат од животот
    Разбудете се! 2002
  • Кога надежта и љубовта ќе исчезнат
    Разбудете се! 1999
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/1 стр. 4-5

Самоубиство — чума меѓу младите луѓе

КАКО војната, убиствата и ѕверствата да не беа доволни за да ги уништат нашите млади, сѐ поприсутно е и самоуништувањето во облик на самоубиства кај младите. Злоупотребата на дрога и алкохол ги разорува умовите и телата на младите, предизвикувајќи многу смртни случаи меѓу нив. Сѐ повообичаен е епитафот дека жртвата умрела од преголема доза на дрога, или намерно или случајно.

Morbidity and Mortality Weekly Report од 28 април 1995 рекол дека „самоубиството е третата водечка причина за смрт кај адолесцентите на возраст од 15 до 19 години во Соединетите Држави“. Др. Џ. Џ. Ман пишува во The Decade of the Brain: „Секоја година повеќе од 30.000 [во 1995 цифрата изнесувала 31.284] Американци извршуваат самоубиство. Трагично е тоа што обично младите се жртви . . . Десетпати повеќе од оние 30.000 луѓе прават обид за самоубиство, но преживуваат . . . Идентификувањето на пациентите кои се наоѓаат во опасност да извршат самоубиство е еден голем клинички предизвик затоа што клиничарите не можат лесно да направат разлика помеѓу пациентите со голема депресија кои ќе направат обид за самоубиство и оние кои нема да го сторат тоа“.

Симон Сабо, шеф на психијатриското одделение во болницата Њу Милфорд (Конектикат, САД), забележал: „Оваа пролет [1995] имаше повеќе обиди за самоубиство отколку што сум видел во 13-те години колку што сум овде“. Во Соединетите Држави секоја година илјадници тинејџери прават обид за самоубиство. Секој обид е повик за помош и внимание. Кој ќе биде таму за да пружи поддршка пред да биде предоцна?

Светски проблем

Сликата не е ништо поинаква и во другите делови во светот. Во Индија, според India Today, околу 30.000 млади извршиле самоубиство во текот на 1990. Во Израел, Канада, Нов Зеланд, Тајланд, Финска, Франција, Холандија, Швајцарија и Шпанија стапката на самоубиства кај младите се зголемила. Еден извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) од 1996 наведува дека најголема стапка на самоубиство има во Латвија, Литванија, Нов Зеланд, Русија, Словенија и Финска.

И Австралија има една од највисоките стапки на самоубиство во светот. Според еден извештај во весникот The Canberra Times, во 1995 во оваа земја 25 проценти од сите смртни случаи кај младинците и 17 проценти кај младинките биле самоубиства. Стапката на „успешни“ самоубиства кај австралијанските момчиња е околу пет пати повисока отколку кај девојките. Сличен е соодносот и во повеќето земји.

Дали тоа значи дека момчињата се посклони на обид за самоубиство отколку девојките? Не мора да значи. Расположливите податоци покажуваат мала разлика меѓу половите во случаите на обиди за самоубиство. Сепак, „според најновите цифри од СЗО [Светската здравствена организација], во индустријализираните земји самоубиство извршуваат околу четири пати повеќе млади мажи отколку жени“ (The Progress of Nations, издадено од УНИЦЕФ).

Но, дури и овие страшни статистики можеби не ја прикажуваат целосната слика на проблемот. Статистиките за самоубиствата кај младите, изразени преку клинички и аналитички термини, можат да се прочитаат изненадувачки лесно. Меѓутоа, честопати несфатени ниту, пак, видени зад секоја формална статистика се уништените семејства и длабоките рани, беда, болка и очај на оние што останале да ги бараат причините.

Според тоа, можат ли да се спречат таквите трагедии како што е самоубиството меѓу младите? Идентификувани се некои клучни фактори кои можат да бидат од помош во избегнувањето на оваа тажна ситуација.

[Рамка на страница 5]

Побуди за самоубиство

Постојат многу теории за побудите за самоубиство. „Самоубиството е резултат на реакцијата на лицето на некој навидум поразителен проблем, како што е изолација од друштвото, смрт на некој сакан (особено сопружник), несреќно детство, сериозна физичка болест, стареење, невработеност, финансиски проблеми и злоупотреба на дрога“ (The American Medical Association Encyclopedia of Medicine).

Според социологот Емил Даркхајм, постојат четири основни типови на самоубиство:

1. Егоистично самоубиство. „Се смета дека е резултат на тоа што поединецот не е дел од околината. Во голема мерка препуштени сами на себе, жртвите на егоистичното самоубиство ниту се поврзани ниту, пак, се зависни од нивната средина.“ Тие се склони да бидат осаменици.

2. Алтруистичко самоубиство. „Поединецот толку се чувствува дел од некоја група што смета дека ниедна жртва не е доволно голема.“ Како пример се дадени јапонските пилоти камикази во II светска војна и религиозните екстремисти кои се разнесуваат себеси во експлозија додека ги убиваат своите наводни непријатели. Други примери би биле оние кои умреле жртвувајќи се себеси за да го свртат вниманието кон некое движење.

3. Аномично самоубиство. „Жртвата на аномичното самоубиство не е способна да се справи со некоја криза на разумен начин и го одбира самоубиството како решение за проблемот. [Тоа] се случува тогаш кога вообичаениот однос на поединецот со околината доживеал нагла и драстична промена.“

4. Фаталистичко самоубиство. „Се смета дека тоа е предизвикано од премногуте правила во општеството што во основа ја ограничуваат слободата на поединецот.“ Таквите жртви „мислат дека немаат светла иднина“ (Adolescent Suicide: Assessment and Intervention од Алан Л. Берман и Дејвид А. Џобз).

[Слика на страница 5]

Некои од штетните практики кои можат да водат до самоубиство кај младите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели