ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/12 стр. 24-25
  • Слушајте со очите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Слушајте со очите
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Обединувачката врска на јазикот
  • Цени ги своите глуви браќа и сестри!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јазик кој може да се види!
    Разбудете се! 1998
  • ‚Јехова ги осветлил со своето лице‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Будно барај ги глувите луѓе на твоето подрачје
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/12 стр. 24-25

Слушајте со очите

КОЈ е клучот за успешна делотворна комуникација со некое Глуво лице? Јасен и соодветен контакт со очите. Тоа е неопходно кога зборуваат Глуви луѓе. Всушност, доколку двајца луѓе разговараат на знаковен јазик, се смета за непристојно ако едниот од нив го сврти погледот и го прекине контактот со очите. А како да го привлечете вниманието на некој што е Глув? Наместо да го користите неговото име, подобро е нежно да го потчукнете по рамото или по раката, да мавнете отстрана или, ако е далеку, да му мавнете на некој друг да го привлече неговото внимание. Во зависност од ситуацијата, би можеле да потчукнете на подот или да ги вклучите и исклучите светлата. Овие и други згодни методи за привлекување на вниманието го дополнуваат искуството на Глувите луѓе и тие се дел од нивната култура.

Обединувачката врска на јазикот

Кога ќе сретнеле некој што е Глув, некои луѓе погрешно заклучувале дека читањето од устата е едноставна задача. Меѓутоа, за многу Глуви луѓе тоа е многу ограничено средство на комуникација. Се разбира, има исклучоци бидејќи некои се многу вешти во читањето на говорот. Но, општо земено, би било љубезно да не се претпоставува дека тој може лесно да Ви чита од усните. Можеби ако користите толкувач или ако го напишете на хартија она што сакате да го кажете, ќе овозможи да се одвива смисловна комуникација.

Меѓутоа, ако постојано се сретнувате со Глуви луѓе, зарем не би било обѕирно да научите нешто од знаковниот јазик? Каква само прекрасна поврзаност ќе создаде тоа, особено меѓу оние кои имаат иста вера! Тоа е слично како да се научат основните работи на некој друг јазик во некоја двојазична култура. Јеховините сведоци долго време се заинтересирани да им ги направат достапни на сите луѓе информациите за Јехова Бог. Кога ќе сфатиме дека Глувите не можат да слушаат нормално, колку подобро е ако им се прилагодиме употребувајќи знаковен јазик! (1. Коринтјаните 9:20—22).

Антонино вели дека, кога почнал да ги посетува христијанските состаноци во Италија, во почетокот „немаше вистинска и активна размена на охрабрување во разговорите со браќата кои можеа да слушаат. Затоа што не можевме да се разбереме, се чувствував изоставен“. Многумина од собранието реагирале така што научиле италијански знаковен јазик (ИЗЈ). Глувите кои биле заинтересирани почнале да ја проучуваат Библијата, а состаноците се воделе на ИЗЈ. Антонино бил охрабрен и сега сака ‚да им зборува на сите свои Глуви пријатели за нашите состаноци и за срдечната љубов што постои меѓу Јеховиниот народ‘.

Ширум светот Јеховините сведоци формираат собранија на знаковен јазик, каде што Глувите можат да се радуваат на меѓусебно срдечно дружење полно со љубов. Во Шпанија повеќе од 20 години постојат групи на знаковен јазик за оние кои се Глуви. Во Соединетите Држави во моментов има 19 активни собранија за Глуви и 47 помали групи.

Глувите можат да служат како полновремени министри (пионери), слуги помошници и старешини, како и да одржуваат говори на конгресите, да поучуваат во Школите за пионерска служба и да предводат на најразлични начини. Во оваа средина не постојат ограничувања, туку само прилики да се фали Јехова со своите способности.

Нашата наследна потреба за друштво и комуникација е изразена во многуте култури и јазици во светот. Наместо да сметаме дека на Глувите им фали нешто или дека се заостанати, колку само е подобро да ги гледаме достигнувањата, способностите и особините кои нѐ прават луѓе! Со нашето почитување кон другите и со нашата спремност да се прилагодиме, сите ние придонесуваме за различната но обединета човечка фамилија.

[Слика на страница 24]

Кога разговарате на знаковен јазик, задржете контакт со очите

[Слика на страница 24]

Глувите луѓе со радост служат како полновремени министри

[Слика на страница 25]

Знаковно интерпретирање на песните на Царството на шпански

[Слика на страница 25]

Изнесување јавно предавање на корејски знаковен јазик

[Слика на страница 25]

Библиски публикации презентирани на АЗЈ на видео

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели