ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/4 стр. 10-13
  • Заштита на слободите — како?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Заштита на слободите — како?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Доаѓање до корените на нетолеранцијата
  • Најдобар начин за борба против нетолеранцијата
  • Толеранција — и повеќе од тоа
  • Религиозна нетолеранција денес
    Разбудете се! 1999
  • Толеранција
    Разбудете се! 2015
  • Толеранција — како може да помогне Библијата
    Разно
  • Кое е решението за меѓуетничката нетрпеливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/4 стр. 10-13

Заштита на слободите — како?

ВО ГРАТЧЕТО Ренгасденгклок (Индонезија), етничките групи со години живееле заедно во мир. Меѓутоа, на привидната толеранција ѝ дошол крајот на 30 јануари 1997. Дошло до насилство кога кратко пред три часот наутро, на денот на еден религиозен празник, еден верник почнал да удира во својот тапан. Како реакција на вревата, некој човек од друга религија го опсипал со навреди својот сосед. Продолжиле да си префрлуваат еден на друг и почнале да летаат камења. Се разденило и метежот се зголемил кога и други се придружиле во тепачката. До крајот на денот биле разурнати два будистички храма и четири христијански цркви. Весникот International Herald Tribune известил за овој инцидент под насловот „Искра на нетолеранција запалува огнови на етнички метеж“.

Во многу земји, етничките малцинства чии права се заштитени со закон честопати стануваат предмет на нетолеранција. Јасно е дека гарантирањето слобода со закон не навлегува до корените на нетолеранцијата. Фактот што нетолеранцијата е скриена под површината не значи дека таа не постои. Ако некогаш во иднина се сменат околностите и можеби завладее атмосфера на предрасуда, пасивната нетолеранција може лесно да излезе на површината. Дури и ако луѓето не се директно прогонувани, тие може да бидат предмет на непријателство или, пак, нивните идеи да бидат задушени. Како може да се спречи тоа?

Доаѓање до корените на нетолеранцијата

Обично сме склони да го отфрлиме или да се сомневаме во она што е поинакво или необично, особено кога станува збор за гледишта кои се разликуваат од нашите. Дали тоа значи дека толеранцијата е невозможна? Публикацијата Elimination of All Forms of Intolerance and Discrimination Based on Religion or Belief (Отстранување на сите облици на нетолеранција и дискриминација темелени на религијата или верувањето) при ОН ги наведува неукоста и недостигот на разбирање „како едни од најважните коренски причини за нетолеранција и дискриминација во поглед на религијата и верувањето“. Меѓутоа, можеме да се бориме против неукоста, коренот на нетолеранцијата. Како? Со урамнотежена едукација. „Едукацијата може да биде првенственото средство за борба против дискриминацијата и нетолеранцијата“, наведува еден извештај на Комисијата за човекови права при ОН.

Која треба да биде целта на оваа едукација? Списанието UNESCO Courier сугерира дека „едукацијата за толеранција треба да има за цел сузбивање на влијанијата кои водат до страв и исклучување на другите, и треба да им помогне на младите да развијат способности за независно просудување, критичко размислување и етичко резонирање, а не да унапредува отфрлање на религиозните движења“.

Очигледно, медиумите можат да играат важна улога во унапредувањето на ‚критичкото размислување и етичкото резонирање‘. Многу меѓународни организации ја признаваат моќта на медиумите во обликувањето на умот и во охрабрувањето на взаемно разбирање. Но, ако медиумите унапредуваат толеранција наместо нетолеранција како што прават некои, потребно е одговорно, објективно новинарство. Понекогаш новинарите мораат да одат против општо прифатеното мислење. Тие мораат да употребат објективна анализа и непристрасни набљудувања. Но, дали тоа е доволно?

Најдобар начин за борба против нетолеранцијата

Толеранцијата не значи дека секој треба да ги има истите идеи. Можно е луѓето да не се сложуваат еден со друг. Некои можеби се цврсто убедени дека верувањата на другиот се сосема погрешни. Тие можеби дури и јавно зборуваат за нивните несогласувања. Меѓутоа, сѐ додека не шират лаги во обидот да предизвикаат предрасуда, не станува збор за нетолеранција. Нетолеранцијата се гледа кога некоја група е прогонувана, мета на посебни закони, кога е потценувана, забранувана или на некој друг начин спречувана да ги следи своите верувања. Во најекстремниот облик на нетолеранција, некои убиваат, а други мораат да умрат за своите верувања.

Како може да се води борба против нетолеранцијата? Може да се разобличи јавно, како што апостол Павле ја разобличил нетолеранцијата на религиозните водачи во неговото време (Дела 24:10—13). Но, кога е можно, најдобар начин за борба против нетолеранцијата е активно да се дејствува за промени — да се унапредува толеранција, односно да се едуцираат луѓето подобро да ги сфатат другите. Извештајот на ОН за елиминација на нетолеранцијата, во врска со претходно спомнатото вели: „Бидејќи сите облици на нетолеранција и дискриминација засновани на религијата или на верувањето потекнуваат од човековиот ум, акцијата првенствено треба да се насочи кон човековиот ум“. Таквата едукација може дури и да ги наведе поединците да ги испитаат своите сопствени верувања.

Федерико Мајор, генерален директор на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации, напишал: „Толеранцијата е доблест на оној кој има свое убедување“. Пишувајќи во списанието Réforme, доминиканскиот свештеник Клод Жефри рекол: „Вистинската толеранција се заснова врз цврсто убедување“. Оној што е задоволен со своите верувања, сосема веројатно нема да се чувствува загрозен од верувањата на другите.

Јеховините сведоци откриле дека одличен начин да се унапредува толеранција е да се зборува со другите за различни верувања. Сведоците сериозно го сфаќаат Исусовото пророштво дека „ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ и тие се добро познати по нивната јавна евангелизаторска служба (Матеј 24:14). Во ова дело, тие имаат прилика да слушнат како луѓе од најразлични религии — а исто така и атеисти — ги објаснуваат своите верувања. Од друга страна, пак, Сведоците се подготвени да им ги објаснат своите верувања на оние кои сакаат да слушаат. Со тоа го унапредуваат зголемувањето на спознанието и разбирањето. Таквото спознание и разбирање го олеснуваат процветот на толеранцијата.

Толеранција — и повеќе од тоа

И покрај најдобрите намери на многумина и здружените напори на некои, сепак религиозната нетолеранција денес и понатаму е проблем. За да настане вистинска промена, потребно е нешто повеќе. Францускиот весник Le Monde des débats го истакнал проблемот: „Современото општество премногу често страда од емоционална и од духовна празнина. Законот може да гарантира слобода од оние кои ја загрозуваат. Таа може и треба да гарантира еднаквост пред законот, без своеволна дискриминација“. Книгата Democracy and Tolerance (Демократија и толеранција) признава: „Треба да изминеме долг пат за да ја постигнеме целта да ги направиме взаемното разбирање и почитување едно универзално мерило на однесување“.

Библијата ветува дека наскоро човештвото ќе биде обединето во чистото обожавање на единствениот вистински Бог. Од ова единство ќе произлезе вистинско светско братство во кое ќе преовладува почитување кон другите. Луѓето повеќе нема да бидат измачувани од незнаење, бидејќи Божјето Царство ќе ги поучи луѓето за Јеховините патишта, со што ќе ги задоволи нивните интелектуални, емоционални и духовни потреби (Исаија 11:9; 30:21; 54:13). Земјата ќе биде исполнета со вистинска еднаквост и слобода (2. Коринтјаните 3:17). Стекнувајќи точно разбирање за Божјите намери со човештвото, Вие можете да се спротивставите на неукоста и нетолеранцијата.

[Рамка/слика на страница 11]

Загрозена религија

Во последниве години властите се обидоа да ги задушат Јеховините сведоци во Франција со тоа што не им ги даваат истите предности како на другите религии. Неодамна, донациите кои се добиваат за поддршка на религиозните активности на Сведоците беа високо оданочени. Француските власти неправедно наметнаа даночен товар од 50 милиони долари (даноци и казни), со очигледна цел да ја осакатат оваа група од 200.000 христијани и симпатизери во Франција. Ова е една очигледна постапка на религиозна предрасуда која е против сите начела на слобода, братство и еднаквост.

[Слика на страница 10]

Нетолеранцијата честопати води до насилство

[Слики на страница 12]

И покрај религиозните активности на Јеховините сведоци, некои француски службеници тврдат дека тие не се религија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели