ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/6 стр. 27-28
  • Бескрвно лекување — што велат експертите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бескрвно лекување — што велат експертите
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бескрвни алтернативи
  • Претставени се Јеховините сведоци
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали трансфузијата има сигурна иднина?
    Разбудете се! 2006
  • Значајна конференција за бескрвна хирургија во Москва
    Разбудете се! 1999
  • Квалитетни алтернативи за трансфузијата
    Како може крвта да ти го спаси животот?
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/6 стр. 27-28

Бескрвно лекување — што велат експертите

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО НОРВЕШКА

„ДУРИ и ако заборавам сѐ друго од овој конгрес, нема да го заборавам вашиот штанд.“ Тоа го изјавил еден лекар кој присуствуваше на 25-тиот конгрес на Меѓународното здружение за трансфузија на крв одржан во Осло (Норвешка) минатото лето (од 27 јуни до 2 јули 1998). Тој штотуку го посетил штандот за информации кој Јеховините сведоци како изложувачи имаа дозвола да го постават.a

На овој конгрес присуствуваа повеќе од 1.700 лекари од 83 земји. Многу делегати претставија банки за крв, но имаше и хематолози, хирурзи и анестезиолози. Какви информации изнесоа професионалците на овој многу важен состанок? Што прикажаа Јеховините сведоци на нивниот штанд, и како се одѕваа делегатите?

Бескрвни алтернативи

Меѓу темите што се разгледуваа беа трансфузија на крв, испитување на крвта и медицински алтернативи за човечка крв. Д-р К. В. Прауз, од Шкотската национална служба за трансфузија на крв, зборуваше за „Алтернативи за човечката крв и извори на крв“. Тој спомна различни рекомбинантни (синтетички) фактори за пораст кои можат да го зголемат нивото на крвни клетки стимулирајќи го организмот да создава вакви клетки. На пример, бубрезите го лачат еритропоетинот, а тој го стимулира создавањето на црвени крвни клетки. Но, сега може да се произведе во лабораторија. Д-р Проуз рече дека синтетичкиот „еритропоетин е признат во лекувањето на различни облици на анемија“.

Откриена е една слична супстанција која го стимулира организмот да создава крвни плочки. Д-р Проуз рече: „Најновите откритија на ова поле се тромбопоетинските фактори за пораст. Интерлеукинот 11 веќе доби дозвола поради неговата делотворност во зголемувањето на бројот на крвните плочки . . . и изгледа веројатно дека наскоро ќе добијат дозвола тромбопоетинот и на него сличниот rh-PEG-MGDF“.

Д-р Проуз спомна и синтетички фактори за засирување (протеини на плазма) кои се покажале корисни кај хемофиличарите: „Издадена е дозвола за рекомбинантните еквиваленти на неколку плазма протеини, а во некои случаи тие се утврдени како претпочитана терапија, што се должи на загриженоста поради вирусната инфективност на производите добиени од плазма“. Д-р Проуз додал дека „сега се во развој неколку други фактори за коагулација, кои се подготвуваат за производство“.

Н. С. Феитфул, кој е во соработка со една фармацевтска корпорација, изнесе една презентација на состојките на перфлуоројаглеродот (ПФЈ). Извесни перфлуоројаглероди можат да пренесуваат кислород во циркулаторниот систем. Првата генерација на овие хемикалии не задоволила како „вештачка“ крв. Дали е постигнат напредок? Феитфул рече: Во текот на изминатите неколку години, понатамошниот развој на ПФЈ технологијата напредуваше и извршени се клинички проби со користење на [две] ПФЈ емулзии [од втората генерација]“. Тој извести за испитувањата на една од нив, во кои биле вклучени 256 пациенти кои се подложиле на ортопедска, гинеколошка или уролошка операција — постапки кои честопати доведуваат до голем губиток на крв. Со каков резултат? „Податоците од обете студии покажаа дека препаратот Оксигент беше значително подобар од крвта во менувањето на насоката на овие „шкрапала“ [„шкрапало“ укажува на потребата од трансфузија на крв] и дека „шкрапалата“ беа свртени во обратен правец значително подолго време отколку при промената предизвикана со автологна крв.“

На конгресот беше изнесено и тоа дека големината на ПФЈ честичките во таквите емулзии „е многу мала . . . околу 40 пати помала од дијаметарот на ЦКК [црвени крвни клетки]. Оваа мала големина може да им овозможи на ПФЈ честичките да поминат низ капиларите низ кои не течат ЦКК“. Постои надеж дека ова ќе биде корисно во случај на некои оштетени ткива кои не се доволно исхранети со крв.

Еден британски лекар ја нагласи потребата од штедење крв во хируршките зафати. Тој даде таков поттик поради недостигот на крв и поради ризиците поврзани со трансфузијата. За да илустрира што може да се направи за да се намали употребата на крв, тој кажа за еден хирург кој користел крв само во 10 отсто од операциите на колк што ги извршувал. Другите хирурзи во истата болница користеле крв во 70 отсто од операциите на колк.

Претставени се Јеховините сведоци

На штандот на Јеховините сведоци беа ставени на располагање информации за многу такви алтернативи и методи. Една плаката покажа дека ширум светот, во моментов 120 медицински центри нудат бескрвно лекување, а отпечатените летоци содржеа извадоци од околу 1.000 медицински статии. Беа изнесени информации кои покажаа различни методи за избегнување трансфузии на крв — техники кои би можеле да се применат пред, за време на и после операцијата.

Реакциите беа многу поволни. За време на конгресот Сведоците на штандот разговараа со околу 480 лекари — од кои многумина се вратија за повеќе информации, па дури и ги донесоа своите колеги. Еден професор по анестезиологија и хирургија од Калифорнија забележа: „Ова е импресивно“. Еден професор од Германија рече: „Можам да ги користам овие информации во образованието на моите студенти“. Еден лекар кој беше претставник на најголемата банка за крв во Кина, забележал: „Страшно ни се потребни вакви информации поради недостигот на резерви од крв“.

Дента откако го добил отпечатениот леток, шефот на банката за крв во една норвешка болница се врати и рече: „Може ли да добијам уште два-три? Ќе им ги дадам на хирурзите и анестезиолозите и ќе им кажам да ги користат овие методи за да ја намалат или да ја избегнат употребата на трансфузија на крв при операциите“. Еден друг лекар рече: „Ова е најинтересниот штанд на конгресов“.

Јеховините сведоци ширум светот активно им помагаат на луѓето да пронајдат лекари кои можат да ги лекуваат пациентите без трансфузија на крв и кои ќе го прават тоа. Сведоците ставиле на располагање и текушти информации за медицински алтернативи на трансфузијата на крв. На конгресот, стотици лекари, вклучувајќи и хирурзи, како и друг медицински персонал од многу земји, покажаа интерес за тие информации. Ова треба да има позитивно влијание додека овие луѓе настојуваат да ги користат многуте постапки и продукти благодарение на кои не е потребна трансфузија на крв.

[Фуснота]

a Од религиозни причини, Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв и наместо тоа бараат алтернативно бескрвно медицинско лекување (Дела 15:28, 29). За информации околу причините и разумноста на овој став, видете ја брошурата Како може крвта да ви го спаси животот?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели