ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/4 стр. 28-30
  • Треба ли да имам кредитна картичка?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да имам кредитна картичка?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пресметување на трошокот
  • Одговорно користење на кредитната картичка
  • Уживање во користите
  • Нова подготовка која ќе ни помогне да се воздржуваме од крв
    Нашата служба за Царството 2004
  • Ги користиш ли визит-картичките?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2000
  • Како да раководиш со парите
    Разбудете се! 2019
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/4 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Треба ли да имам кредитна картичка?

„Првата понуда за кредитна картичка ја добив по пошта кога имав 16 години . . . Кога наполнив 18, должев околу 60.000 долари“ (Кристин).

НА ПОЧЕТОКОТ Кристин планирала да ја користи својата кредитна картичка само за итни потреби — и повремено можеби за нешто што сакала да го купи, но не можела да плати во готово. Потоа работите излегле од контрола. „Почнав да купувам неконтролирано и полудев нарачувајќи од каталози“, признава Кристин. „Купував работи кои не ми се ни допаѓаа.“ Сега Кристин има поинакво гледиште за кредитните картички. „Немав поим колкава збрка ќе ми направи од животот таа мала пластична картичка“, вели таа (списанието Teen).

Искуството на Кристин не е единствено. Сѐ поголем број млади одат кон финансиска пропаст користејќи го ова мало парче пластика — кредитната картичка. Во некои случаи, компаниите агресивно ги држат на нишан младите. Веројатно знаеш дека за многу страсни потрошувачи, кредитните картички би можеле да станат, како што ги нарекува финансискиот советник Џејн Брајант Квин, „финансиска дрога“. „Колку повеќе ги користиш“, вели таа, „толку потешко е да престанеш.“

Точно, поседувањето кредитна картичка може да има и предности — на пример, кога ќе се појави некоја итна потреба или кога не е мудро да се носи готовина. Тоа е една причина зошто кредитните картички станаа толку популарни во Соединетите Држави и во други земји. Меѓутоа, ако не се користи на одговорен начин, кредитната картичка може да го турне својот корисник во финансиска јама без дно. Така, еден извештај што беше објавен во Globe and Mail од Торонто забележа трократен пораст „на бројот на 20 до 23-годишни млади кои се заглавени во долг и се обратиле за помош до Службата за кредитни консултации во Торонто“. Извештајот забележал дека многумина должеле по 25.000 долари, а сметките на кредитните картички биле една од главните причини за долгот.

Треба ли да имаш кредитна картичка? За тоа треба да одлучат твоите родители. Ако мислат дека треба да почекаш, биди стрплив. Ако покажеш дека си мудар во навиките на трошење, можеби нема да помине долго време пред твоите родители да ти доделат поголеми финансиски одговорности. (Спореди Лука 16:10.) Во меѓувреме, треба да знаеш дека користењето кредитна картичка — исто како и возењето автомобил — има и свои користи и свои ризици.

Пресметување на трошокот

Да се купува со кредитна картичка во суштина е исто како да се земаат пари на заем. Како и секогаш кога земаш заем, мора да го вратиш она што ти е дадено на заем (Изреки 22:7). Но, како плаќаш за она што го купуваш со кредитна картичка?

Обично ти се испраќа извештај кон крајот на секој месец, кој ги покажува трошоците што биле направени со картичката, како и вкупниот износ што го должиш. На тој извештај е означено и колку се очекува од тебе да платиш веднаш. Обично, таа сума е многу ниска. Затоа можеби размислуваш: ‚Ова не е толку лошо. Ако ја платам само минималната сума што се бара секој месец, со текот на времето ќе го исплатам долгот‘. Меѓутоа, проблемот е во тоа што после еден период на почек, ќе бидеш подложен на финансиска такса — камата — на износот што сѐ уште го должиш. А каматните стапки на кредитните картички можат да бидат прилично високи.a

Размисли за Џозеф, чие салдо на месечниот извештај било околу 1.000 долари. Се разбира, Џозеф морал да го плати само минималниот задолжителен износ, кој бил 20 долари. Но, откако повнимателно го разгледал својот извештај, Џозеф открил дека во салдото за тој месец била вклучена и финансиска такса од речиси 17 долари! Тоа значело дека, дури и ако Џозеф го плати минимумот од 20 долари, би покрил само 3 долари од долгот од 1.000 долари!

Колку време е потребно за да се поништи сметка на кредитна картичка доколку го плаќаш само минималниот задолжителен износ? Наведувајќи еден хипотетичен пример, една брошура издадена од Федералната трговска комисија и Американ експрес забележува: „Ако имате неплатено салдо од 2.000 долари, со камата од 18,5 проценти и ниска минимална месечна исплата, би биле потребни 11 години за да го исплатите долгот и уште 1.934 долари ќе Ве чини само каматата, која речиси го удвојува вкупниот трошок на првобитно купената стока“.

Како што можеш да видиш, ако не внимаваш, со кредитната картичка можеш да си ископаш многу длабока финансиска дупка. „Плаќав речиси двојно за сѐ“, вели Кристин. „Кога почнаа проблемите со плаќањето, кредиторите додадоа давачки заради доцнење. Не знаев што да правам.“

Одговорно користење на кредитната картичка

Кристин добила тешка лекција дека пристапот „купи сега, плати после“ може да биде опасен. Можат да ти се натрупаат долгови, и уште пред да сфатиш, твојата минимална месечна уплата може да стане само плаќање на финансиските такси. На кој начин одговорните корисници на картичка избегнуваат да западнат во таква финансиска замка?

● Ги бележат своите трошоци и внимателно ги проверуваат месечните извештаи за да се уверат дека им се ставени на сметка само трошоците што ги направиле.

● Веднаш ги плаќаат сметките, сфаќајќи дека добриот кредитен извештај веројатно ќе им користи подоцна — можеби кога ќе поднесат молба за вработување или кога ќе уплатуваат за автомобил или стан.

● Ако е можно, ја плаќаат целата сума што ја должат за да можат да избегнат да бидат оданочени со висока камата на салдото.

● Не го кажуваат по телефон бројот на нивната кредитна картичка и датумот на важење освен ако го познаваат лицето или компанијата со која соработуваат.

● Никогаш не ја даваат на заем својата кредитна картичка, дури ни на пријател. Всушност, злоупотребата на картичката ќе се одрази врз нејзиниот сопственик.

● Избегнуваат да ја користат кредитната картичка како средство за брзо да дојдат до готовина, како да е банкарска картичка. Запомни, подигањето готовина обично носи повисока каматна стапка отколку купувањето.

● Не ја пополнуваат и испраќаат секоја молба за кредитна картичка што ја добиваат. На повеќето млади им е доволна една картичка.

● Внимателно ја користат кредитната картичка и сосема се свесни дека, кога купуваат со неа, тие сепак трошат вистински пари, иако не користат банкноти или монети.

Уживање во користите

Без разлика дали во моментов имаш кредитна картичка или, пак, размислуваш да набавиш наскоро, добро запознај се и со користите и со ризиците. Постави си ги следниве прашања: ‚Зошто мислам дека ми е потребна кредитна картичка? Дали само за да стекнам материјални работи, да бидам по последна мода, да ги импресионирам моите пријатели? Треба ли да научам да бидам позадоволен со основните работи, со она што христијанскиот апостол Павле го нарекол „храна и облекло“?‘ (1. Тимотеј 6:8). Дали долговите на кредитната картичка ќе водат до тежок финансиски товар кој ќе биде причина да ги изгубам од вид поважните работи во животот? (Матеј 6:33; Филипјаните 1:8—11).

Размислувај за овие прашања и дискутирај за нив со своите родители. Ако постапиш така, тогаш ќе ги избегнеш финансиските тешкотии што многумина си ги навлекле, без разлика дали имаат кредитна картичка или не (Изреки 22:3).

[Фуснота]

a Можеш да ја дознаеш каматата што ја зема извесна компанија за кредитни картички ако побараш во годишните процентуални стапки што се запишани на молбата или на месечниот извештај.

[Рамка на страница 30]

Вредноста на согласноста од родителите

На многу млади за прв пат им се дава прилика да набават сопствена кредитна картичка тогаш кога ќе добијат молба преку пошта. Всушност, во текот на извесен временски период, некои добиваат неколку молби. „Меѓу оние што издаваат кредитни картички постои голема конкуренција за да бидат први кои ќе ги стават картичките во рацете на младите луѓе“, објаснува Џејн Брајант Квин, „затоа што истражувањата покажуваат дека сме склони да ја задржиме картичката со која сме започнале.“

Обично родителот или некој друг возрасен со докажана кредитоспособност мора да ја потпише молбата за кредитна картичка за да може оној кој ја издава картичката да има некаква гаранција дека ќе бидат платени трошоците. За жал, многу млади се користат со измама за да го избегнат овој чекор. Една младинка го ставила името на својата баба како прв поднесител на молбата и своето име како втор поднесител, без знаење на баба ѝ. Замисли си колку била изненадена баба ѝ кога дознала дека должи десетици илјади долари!

Фалсификувањето на потписот на родителот или на некој друг возрасен на молбата за кредитна картичка е нечесно, а Бог ја осудува нечесноста (Изреки 11:1; Евреите 13:18). Затоа, ако сакаш кредитна картичка, прво разговарај со своите родители. Долгорочно гледано, многу е подобро да ја имаш нивната согласност. Запомни, твоите родители веројатно имаат искуство во плаќањето долгови и можат да ти дадат добар совет. Затоа, разговарај со нив и никогаш немој да се служиш со нечесни средства за да добиеш кредитна картичка.

[Слика на страница 29]

Лекомисленото користење на кредитната картичка може да води до финансиска катастрофа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели