ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/7 стр. 19-20
  • Дали соништата се пораки од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали соништата се пораки од Бог?
  • Разбудете се! 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Соништа од Бог
  • А денес?
  • Соништа од Бог
    Разбудете се! 2014
  • Можат ли соништата да ја претскажат иднината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Мораме да сонуваме
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Соништата на фараонот
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/7 стр. 19-20

Гледиште на Библијата

Дали соништата се пораки од Бог?

СЕ ВЕЛИ дека пронаоѓачот Елијас Хау на сон добил идеја како да ја конструира машината за шиење. Композиторот Моцарт рекол дека многу теми за неговата музика му дошле на сон. И хемичарот Фридрих Аугуст Кекуле фон Штрадониц тврдел дека во сон ја открил структурата на молекулот на бензенот. Ваквите случаи не се единствени. Низ историјата, многу култури ги припишувале соништата на натприродното. Некои веруваат дека светот на соништата и светот на јавето се подеднакво реални.

Библијата содржи неколку извештаи во кои соништата се опишани како важен извор на информации — облик на божествена комуникација (Судии 7:13, 14; 1. Цареви 3:5). На пример, Бог комуницирал со Авраам, Јаков и Јосиф преку сон (Битие 28:10—19; 31:10—13; 37:5—11). Вавилонскиот цар Навуходоносор добил пророчки соништа од Бог (Даниел 2:1, 28—45). Според тоа, постои ли добра причина да се верува дека дури и денес некои соништа се пораки од Бог?

Соништа од Бог

Во Библијата, соништата инспирирани од Бог секогаш биле предизвикани од некоја специфична причина. Точно, понекогаш оној што сонувал не можел веднаш да го сфати значењето на сонот. Меѓутоа, во многу случаи „Откривателот на тајните“ лично обезбедувал објаснување за да нема никакво сомневање во поглед на значењето на сонот (Даниел 2:28, 29; Амос 3:7). Соништата од Бог ја немале нејасната нелогичност што често е обележје на нормалните соништа.

Понекогаш, Бог користел соништа за да заштити личности што играле клучна улога во исполнувањето на неговата намера. Оние што ги добивале таквите соништа не биле секогаш Божји слуги. На пример, астролозите што дошле кај малиот Исус не се вратиле кај крволочниот Ирод како што барал тој. Зошто? Тие добиле предупредување во еден сон (Матеј 2:7—12). Ова му дало доволно време на Исусовиот очув, Јосиф, да избега во Египет со своето семејство, како одговор на упатството што и тој го добил во еден сон. Со тоа бил спасен животот на малиот Исус (Матеј 2:13—15).

Многу векови пред тоа, еден египетски фараон сонувал седум здрави класови жито и седум згоени, дебели крави наспроти седум слаби класови жито и седум слаби крави. Со божествена помош, Јосиф точно ги протолкувал овие соништа: во Египет ќе има седум години изобилство, а по нив ќе настапат седум години глад. Тоа што однапред го знаеле ова им овозможило на Египќаните да подготват и да складираат резерви на храна. Ова помогнало да се одржат во живот потомците на Авраам и тие да се доведат во Египет (Битие, 41. поглавје; 45:5—8).

И вавилонскиот цар Навуходоносор сонил еден сон. Во него бил претскажан подемот и падот на идните светски сили што ќе имаат директно влијание врз Божјиот народ (Даниел 2:31—43). Подоцна имал уште еден сон со кој било претскажано дека ќе го фати лудило и потоа ќе оздрави. Овој пророчки сон имал и едно поголемо исполнување, кое точно укажувало на воспоставувањето на Месијанското Царство, преку кое Бог ќе ја исполни својата волја (Даниел 4:10—37).

А денес?

Да, Бог навистина комуницирал со некои луѓе преку соништа. Но, Библијата покажува дека ова било прилично ретко. Соништата никогаш не биле главен облик на божествена комуникација. Имало многу верни слуги на Бог што никогаш не примиле пораки од Бог на сон. Тоа што Бог користел соништа за да комуницира со човекот може да се спореди со тоа што го разделил Црвеното Море. Знаеме дека еднаш го направил тоа, но тоа сигурно не е вообичаен начин на кој постапувал со својот народ (Излез 14:21).

Апостол Павле признал дека во негово време Божјиот дух дејствувал врз неговите слуги на многу несекојдневни начини. Павле рекол: „На еден преку духот му е даден збор на мудрост, на друг збор на спознание според истиот тој дух, на друг, пак, вера според истиот дух, на друг дарови на лекување според тој еден дух, а на друг дејствувања на моќни дела, на друг пророкување, на друг проникнување на инспирирани изрази, на друг различни јазици, а на друг толкување на јазици“ (1. Коринќаните 12:8—10). Иако не се конкретно спомнати божествено инспирирани соништа, извесен број христијани очигледно добиле божествено инспирирани соништа како еден од даровите на духот, во исполнување на Јоил 3:1 (Дела 16:9, 10).

Меѓутоа, во врска со овие посебни дарови, апостолот го рекол следново: „Било да се дарови на пророкување, ќе бидат отстранети; било да се јазици, ќе престанат; било да е спознание, ќе биде отстрането“ (1. Коринќаните 13:8). Изгледа дека во даровите што ‚ќе бидат отстранети‘ спаѓале и различни облици на божествена комуникација. По смртта на апостолите, Бог престанал да им ги дава овие посебни дарови на своите слуги.

Денес, експертите сѐ уште се обидуваат да го разберат процесот на сонување и дали тој има некаква практична функција. Библијата не фрла светло врз таквите прашања. Меѓутоа, за оние што се решени да остварат божествена комуникација во своите соништа, Библијата дава едно предупредување. Во Захарија 10:2 стои: „Гатачите гледаат измама, соништата зборуваат измама“. Исто така, Бог опоменува да не гледаме ниту на лоши предзнаци (Второзаконие 18:10—12). Во светло на овие опомени, денешните христијани не очекуваат да добијат божествено водство во своите соништа. Наместо тоа, тие сметаат дека соништата едноставно се нешто што го доживуваме во текот на спиењето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели