ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/3 стр. 13-15
  • Зошто да им читате наглас на своите деца?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да им читате наглас на своите деца?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се создаде љубов кон читањето
  • Да им се помогне да го разберат светот околу нив
  • Да се изгради близок однос
  • Да се всадат важни вештини потребни во животот
  • Читањето нека биде уживање
  • Бидете селективни во изборот на книги
  • Всадувај во своите деца љубов кон читањето и проучувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто е важно да им се чита на децата
    Разбудете се! 2005
  • Чувајте се од аписменост
    Разбудете се! 1996
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/3 стр. 13-15

Зошто да им читате наглас на своите деца?

„Таа дојде кај мене, се искачи на мојот скут влечејќи зад себе една книга со извиткани листови на која страниците ѝ беа замачкани со . . . путер од кикиритки и побара . . . ‚Помогни ми да ја прочитам, тато; помогни ми да ја прочитам‘“ (д-р Клифорд Шимелс, професор по педагогија).

ДЕЦАТА учат толку брзо. Истражувањата покажуваат дека кај децата под три години мозокот брзо се развива. Секојдневните активности на родителот, како што се читањето, пеењето и покажувањето наклоност, можат да играат главна улога во здравиот развој на детето. Меѓутоа, според едно истражување, само половина од родителите што имаат деца на возраст од две до осум години секојдневно им читаат на своите деца. Можеби ќе се прашате: ‚Дали навистина ќе постигнам нешто ако му читам на детето?‘

Да се создаде љубов кон читањето

Стручњаците велат дека одговорот е „да“. „Најважната активност што е потребна за да се стекне знаењето што е потребно за натамошен успех во читањето е да им се чита наглас на децата. Ова важи особено кога детето е на предучилишна возраст“, вели извештајот Becoming a Nation of Readers (Да се стане нација на читачи).

Додека ги слушаат приказните што им се читаат од некоја книга, децата уште на рана возраст учат дека буквите на страницата се совпаѓаат со зборовите во нашиот говорен речник. Исто така, се запознаваат со стилот на изразување во книгите. „Секогаш кога му читаме на детето, до неговиот мозок испраќаме порака на ‚задоволство‘. Тоа би можело да се нарече дури и реклама, која го наведува детето да биде асоцирано на задоволство кога станува збор за книги и печатен материјал“, забележува еден прирачник за читање наглас. Родителите што ја потхрануваат ваквата љубов кон книгите ќе негуваат кај своите деца доживотна желба да бидат читачи.

Да им се помогне да го разберат светот околу нив

Родителите што им читаат наглас на своите деца можат да им дадат скапоцен подарок — знаење за луѓето, местата и работите. По релативно мал трошок, тие можат да „патуваат“ во светот преку страниците на книгите. Размислете за примерот на двегодишниот Антони, чија мајка му читала уште откако се родил. Таа вели: „Неговата прва посета на зоолошка градина беше патување на повторно откритие“. Повторно откритие? Да, иако Антони за првпат гледал во живо зебри, лавови, жирафи и други животни, тој веќе бил запознаен со овие суштества.

Мајка му понатаму објаснува: „Во првите две години од својот живот, Антони радосно се запозна со безброј луѓе, животни, предмети и идеи, и сето тоа на страниците на книгите“. Да, ако им се чита на децата наглас додека се мали, ќе им биде полесно да го разберат светот во кој живеат.

Да се изгради близок однос

Во текот на годините кога се формира личноста на децата, тие стекнуваат ставови што ќе влијаат врз нивните постапки во иднина. Затоа родителите треба да положат темел за близок однос што се карактеризира со доверба, меѓусебна почит и разбирање. Читањето може да биде од помош во овој процес.

Кога родителите одвојуваат време да ги држат в раце своите деца и да им читаат, тие пренесуваат јасна порака: „Те сакам“. Фиби, една мајка од Канада, го рекла следново во врска со читањето на својот син, кој сега има осум години: „Мојот сопруг и јас сметаме дека тоа многу придонесе за Натан да биде близок со нас. Тој е отворен со нас и честопати ни кажува како се чувствува. Ова создаде една посебна врска“.

Синди стекнала навика да ѝ чита наглас на својата ќерка уште кога таа имала само една година и можела да седи и да слуша минута или две. Дали тоа време и напор се исплателе? Синди забележува: „Пријателската, спокојна атмосфера што владее кога читаме заедно честопати е сѐ што е потребно за да ја поттикне Абигејл да ни каже за некоја случка на училиште или за некој проблем со некоја пријателка. Кој родител не би сакал таква реакција?“ Несомнено, читањето наглас може да придонесе за блиска врска помеѓу родителот и детето.

Да се всадат важни вештини потребни во животот

„Нашите деца денес примаат толку многу ментално ѓубре преку телевизијата и преку други извори што повеќе од кога и да е порано им е потребна некаква ментална храна, некакво јасно размислување, некаква мудрост, некакви ментални котви што ќе им помогнат да живеат во склад со своите мерила и да го видат својот живот во исправно светло“, вели книгата 3 Steps to a Strong Family (Три чекори до јако семејство). Родителите се во најдобра положба да обезбедат позитивно и здраво влијание.

Изложеноста на сложени и добро структуирани реченици што се наоѓаат во книгите може да биде од корист во поучувањето на детето да се изразува и усно и писмено. Дороти Батлер, автор на Babies Need Books (На бебињата им требаат книги), вели: „Квалитетот на нечие размислување ќе зависи од квалитетот на неговиот јазик. Јазикот, всушност, е во центарот на сцената кога станува збор за учењето и интелигенцијата“. Способноста за добра комуникација е од животна важност за да владеат добри односи.

Читањето од соодветни книги исто така може да го зајакне добриот морал и мерила. Родителите што им читаат на своите деца и резонираат со нив можат да им помогнат да развијат вештини да решаваат проблеми. Кога Синди читала со својата ќерка Абигејл, таа внимателно набљудувала како реагира Абигејл на ситуациите што биле опишани во приказните. „Како родители, можеме да научиме повеќе за скриените карактерни особини на нејзината личност и се надеваме дека ќе ѝ помогнеме рано да го спречи неисправното размислување“. Навистина, читањето наглас заедно со децата може да го поучи и умот и срцето.

Читањето нека биде уживање

Читајте опуштено, одржувајќи лежерна, неформална и пријатна атмосфера. Проникливите родители знаат кога да престанат со читањето. Лејна вели: „Ендрју, кој има две години, понекогаш е многу уморен и не може долго време да седи мирен. Читаме пократко отколку што сме планирале за да се прилагодиме на неговото расположение. Не сакаме Ендрју да стекне негативен став кон читањето, па затоа не го присилуваме да слуша подолго отколку што може да издржи“.

Читањето наглас вклучува многу повеќе отколку само да се изговори она што е отпечатено. Треба да знаете кога да ја свртите страницата на сликовницата за да создадете исчекување. Држете чекор со текот на текстот. Модулацијата на гласот и смисловниот акцент можат исто така многу да ја оживеат приказната. Топлината на Вашиот глас може да влее чувство на сигурност кај детето.

Најголема е користа кога детето е активен учесник. Повремено направете пауза и поставете отворени прашања. Надоврзете се на одговорите на детето нудејќи му и други можности.

Бидете селективни во изборот на книги

Но, можеби најважниот фактор е да се изберат добри книги. За тоа е потребно истражување однапред. Внимателно прегледајте ги книгите и задржете се само на оние што имаат позитивна или поучна порака и убаво наравоучение. Внимателно разгледајте ја корицата, уметничката обработка и стилот. Одберете книги што се интересни и за родителот и за детето. Честопати децата бараат да им се прочита истата приказна повеќе пати.

Родителите низ целиот свет особено ја ценат Моја книга со библиски приказни.a Наменета е за родителите да им ја читаат на своите мали деца и не само што може да им помогне на децата да станат добри читачи туку може и да го стимулира нивниот интерес за Библијата.

Родителите што им читаат наглас на своите деца можат да им всадат добри навики на читање, со кои можат да се постигнат значителни резултати во животот. Џоан го забележува следново во врска со својата ќерка: „Не само што Џенифер научи да чита и пишува пред да тргне на училиште и стекна љубов кон читањето туку, што е уште поважно, стекна љубов и кон нашиот Величествен Творец, Јехова. Џенифер научи да се потпира на неговата пишана Реч, Библијата, за да ја води во сите нејзини одлуки“. Навистина, може да биде многу поважно да му помогнете да своето дете да сака нешто отколку да му помогнете да научи нешто.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка/слика на страница 15]

Кога му читате на своето дете

• Почнете додека сѐ уште е доенче.

• Дозволете му на детето удобно да се смести пред да читате.

• Читајте приказни што ги сакате и Вие и детето.

• Читајте колку што можете почесто и со чувства.

• Вклучете го детето поставувајќи му прашања.

[Извор на слика на страница 14]

Фотографирано во Wildlife Conservation Society’s Bronx Zoo

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели