Недофатната ресоперка
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА
ВО април 2001, крај брегот на Кенија, беше фатена една женка ресоперка. Оваа риба беше долга 1,7 метри и тешка 77 килограми. Ресоперката е препознатлива по опашката со три реси и по сината боја со бели точки.
Некогаш се веруваше дека ресоперката изумрела во далечното минато. Потоа, во 1938, една ресоперка беше фатена крај брегот на Јужна Африка. Ова откритие беше едно од највозбудливите зоолошки откритија во 20 век. Дотогаш, за оваа риба се знаеше само од фосилните записи. Откако беше фатена првпат, во близината на Мозамбик и Мадагаскар беа видени и други ресоперки. Прилично големи популации се пронајдени и на Коморските Острови.
Женките ресоперки не положуваат јајца што се мрестат во вода. Наместо тоа, тие се овипарни — создаваат јајца во кои младенчето се развива и се изведува во телото на женката или веднаш откако јајцата ќе бидат исфрлени во надворешната средина. Од женката што беше фатена минатата година беа извадени 17 такви јајца — секое големо колку едно тениско топче.
Морските суштества како што е ресоперката ја величаат разновидноста во создавањето и мудроста на нашиот Творец, Јехова Бог (Псалм 148:7).
[Извор на слика на страница 23]
Фотографија и цртежи: Ichthyology Department/NATIONAL MUSEUMS OF KENYA