ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/8 стр. 15-17
  • Зошто мора да сум посвоено дете?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто мора да сум посвоено дете?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Причина за гнев
  • Исправи ги погрешните претпоставки
  • Колку вреди да бидеш сакан
  • Можеш да успееш
  • Како да се справам со предизвиците од тоа што сум посвоено дете?
    Разбудете се! 2003
  • Повторно раѓање — што се постигнува со него?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Успешни семејства — прв дел
    Разбудете се! 2009
  • Нешто поголемо од египетските блага
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/8 стр. 15-17

Младите прашуваат . . .

Зошто мора да сум посвоено дете?

„Чувството е како да живееш со некоја трајна инвалидност. Тоа е болест на срцето што не може да се излечи“ (Роберт).

НА ВАКОВ начин го опишува својот живот еден човек, кој бил даден на посвојување уште кога се родил. Тој продолжува: „Практично секој ден од животот во срцето копнееш по одговор на прашањата како што се: ‚Кое е моето вистинско семејство? Каде живеат? Зошто ме оставиле?‘ “

Шантиел, чиј татко бил посвоен, жали што не знае кои се нејзините биолошки баба и дедо. Таа вели: „Се чувствувам како да сум пропуштила нешто затоа што не бев заедно со моите чичковци, тетки и братучеди“. Сите посвоени деца немаат вакви чувства. Но, со некои тоа е случај. Зошто?

Причина за гнев

Кога ќе дознае дека било одвоено од своето биолошко семејство, едно дете може да се најде во емоционален хаос. Катрина, која била посвоена кога била многу мала, вели: „Имав проблеми со гневот затоа што не сфаќав зошто мојата родена мајка ме дала на посвојување. Мислев дека мајка ми ме напуштила затоа што сум била грда и не сум заслужувала да ме сака. Само да ми дала шанса, знам дека ќе сум направела сѐ за да се гордее со мене. Секогаш кога ќе помислев на мојата родена мајка, станував уште погневна“.

И односот помеѓу Катрина и родителите што ја посвоиле се нашол во голема криза. „Имав чувство дека моите втори родители ме одвоиле од мајка ми“, вели таа. „Затоа, својот гнев го истурав врз нив.“ Да, понекогаш гневот е реакција на тоа што те дале на посвојување.

Таквиот гнев може да биде опасен. Понекогаш, како што покажува случајот на Катрина, можеби ќе бидеш склон да го истуриш својот гнев на погрешни начини или да го насочиш на погрешни луѓе. Библијата советува: „Стивни го својот гнев и остави ја лутината“ (Псалм 37:8). Како е можно тоа? Па, Божјата реч исто така вели: „Разбирањето го прави човекот бавен на гнев“ (Пословици 19:11, NW). Ако ја разбираш твојата ситуација, тоа може да ти помогне да го смириш гневот. Како?

Исправи ги погрешните претпоставки

Разбирањето може да ти помогне да ги преиспиташ претпоставките што го разгоруваат твојот гнев. На пример, ако си посвоен, дали претпоставуваш дека твоите биолошки родители те дале на посвојување затоа што нешто не било во ред со тебе? Такви чувства имала и Катрина. Но, дали секогаш е така? Можеби ќе биде невозможно да се утврди што ги мотивирало твоите родители да го направат тоа, но има добри причини да ја отфрлиш таквата негативна претпоставка. На крајот на краиштата, зошто родителите обично ги даваат своите деца на посвојување? Честопати, затоа што сметаат дека немаат друг избор.

Да го разгледаме примерот со Мојсеј. Библискиот извештај во Излез 2. поглавје ни кажува дека, кога египетскиот фараон издал наредба да се убијат сите машки израелски бебиња, Јохаведа го криела три месеца своето синче, Мојсеј, кое тогаш било доенче. На крајот веќе било невозможно да го крие, но не можела да поднесе да гледа како ѝ го убиваат детето. Затоа, ‚кога не можела веќе да го крие, набавила кошница од папирусова трска, ја намачкала со смола и катран, го ставила детето во неа и го положила во трските на брегот на Реката‘ (Излез 2:3).

Сигурно ѝ било многу тешко да го остави своето дете на ваков начин. Но, каков друг избор имала? Љубовта кон синот ја навела да го прави она што мислела дека е најдобро за него. Интересно е што нејзината ќерка стоела во близина и останала таму сѐ додека не видела дека некој го зел на безбедно нејзиното братче. Веројатно тоа го направила на барање на својата загрижена мајка.

Се разбира, за сите случаи на посвојување не биле причина такви очигледни вонредни состојби, но честопати мотивите се слични. Роберт вели: „Роден сум како вонбрачно дете. За семејството на мајка ми ќе било многу тежок товар да ме подига, бидејќи во фамилијата веќе имало и други деца. Можеби мајка ми си мислела дека за мене ќе биде најдобро да ме даде на посвојување“.

Точно, има многу причини зошто децата се даваат на други фамилии за да ги одгледуваат тие. Но, како што покажуваат овие примери, не мора да значи дека причината била тоа што мајката го мразела своето бебе или тоа што нашла некаква маана кај него. Во многу случаи, мајката искрено верува дека на детето ќе му биде подобро ако го одгледа некоја друга фамилија.

Колку вреди да бидеш сакан

Тоа што ќе ги разбереш работите може уште повеќе да ти помогне кога размислуваш зошто си бил посвоен. Да обрнеме повторно внимание на примерот на Мојсеј. Со текот на времето, ‚фараоновата ќерка го зела и го подигнала како свој син‘ (Дела 7:21). Што ја мотивирало ќерката на фараонот да го земе под своја заштита детето за кое знаела дека е еден од осудените Евреи? Детето „плачеше“, вели Библијата. „Таа му се сожали“ (Излез 2:6). Да, Мојсеј не бил посвоен затоа што некој го мразел или го отфрлил туку затоа што некој го сакал.

Многу посвоени деца сфаќаат дека нивните биолошки родители не ги напуштиле туку-така — иако и ова се случува многу често во денешно време — туку ги дале на некоја агенција што требало да поведе сметка тие да бидат соодветно згрижени. А подоцна некој ги посвоил затоа што толку ги сакал што се обврзал да се грижи за нив. Може ли да се рече нешто слично и за тебе? Ако се сосредоточиш на љубовта што си ја добил и ако ја цениш, тоа ќе ти помогне да ти олесни болката што можеби ја чувствуваш.

Освен тоа, можеби ќе добиеш љубов и од други, а не само од семејството што те посвоило. Ако си дел од христијанското собрание, можеш да уживаш во користите од тоа што имаш многу духовни мајки, татковци, сестри и браќа што те сакаат (Марко 10:29, 30). Христијанските старешини можат да бидат „како заветрина, прибежиште од невреме, како потоци во сува земја, како сенка во жедна пустина“ (Исаија 32:2). Не се колебај да побараш зрели сохристијани и да им се довериш. Кажи им за што размислуваш и што ти лежи на срце.

Роберт смета дека е важно да изградиш цврсти врски во христијанското собрание. „Сѐ уште чувствувам празнина“, признава тој. „Меѓутоа, љубовта на моето духовно семејство ја турка таа празнина во еден мал агол на моето срце.“

Можеш да успееш

Затоа, не му попуштај на неисправното и негативно размислување. Во тоа спаѓа и ставот дека не можеш да успееш во животот затоа што си посвоено дете. Таквите негативни мисли можат да бидат многу обесхрабрувачки! (Пословици 24:10). Освен тоа, тие немаат реална основа.

Сети се, Мојсеј ги искористил на најдобар можен начин приликите што му се укажале. Библијата вели: „Така Мојсеј беше поучен за сета мудрост на Египќаните. Навистина, беше силен во своите зборови и дела“ (Дела 7:22). Што е уште поважно, Мојсеј добил и духовна поука — до таа мера што неговиот небесен Татко, Јехова, му бил сосема реален (Евреите 11:27). Дали тој успеал во животот?

Па, подоцна Мојсеј станал водач на една моќна нација која можеби броела околу три или повеќе милиони луѓе. Станал пророк, судија, заповедник, историчар, посредник на сојузот на Законот и писател на првите пет книги од Библијата. Освен тоа, обично му се припишува дека ја напишал и книгата Јов и 90. псалм. Да, Мојсеј водел многу успешен живот. И многу посвоени деца исто така успеваат, па можеш да успееш и ти.

Роберт успешно подигнал две деца и моментално служи како старешина во христијанското собрание. Кога ќе размисли за годините како посвоено дете, тој вели: „Научив да не размислувам постојано за она што не можам да го поправам туку да бидам благодарен за благословите што ги имам“.

Ако во моментов живееш со старател или, пак, со некое семејство што те посвоило, понекогаш може да те измачуваат негативни мисли. Но, обиди се да ги замениш со позитивни. Во Филипјаните 4:8, 9 стои ветувањето дека ‚Богот на мирот ќе биде со тебе‘ ако ‚размислуваш и понатаму‘ за она што му е угодно на Бог. Но, кои се некои други практични чекори што можеш да ги направиш за да успееш додека живееш со семејството што те посвоило? Идната статија од оваа рубрика ќе го разгледа тоа прашање.

[Слики на страница 16]

Тоа што те посвоиле е доказ дека некој те сакал толку многу што се обврзал да се грижи за тебе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели