ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/7 стр. 12-14
  • Зошто да работам физичката работа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да работам физичката работа?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Обука за живот
  • Се изградува карактерот
  • Света служба
  • Како да се научи
  • Како да уживаш во својот труд
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Најди задоволство во работата
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Уживај во резултатите од својот труд
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Млади сестри — поставете си цел да станете зрели христијанки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/7 стр. 12-14

Младите прашуваат. . . 

Зошто да работам физичката работа?

„Никогаш не мислев дека ќе работам физичка работа. Поубаво ми беше да си играм на компјутерот“ (Натан).

„Некои млади со потсмев гледаа на нас што работевме физичка работа, како да не бевме доволно паметни да работиме нешто друго“ (Сара).

ФИЗИЧКАТА РАБОТА мнозина ја сметаат за нешто досадно, валкано и непожелно. Еден професор по економија, за физичката работа вели: „Таквите занимања не се ценети во овој свет во којшто голем нагласок се става на статусот“. Тогаш, не е ни чудо што голем број млади луѓе гледаат со презир на идејата да работат физичка работа.

Меѓутоа, Библијата зборува во сосем поинакво светло за напорната работа. Цар Соломон рекол: „Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа“ (Проповедник 2:24). Во библиски времиња, Израелците се занимавале со земјоделие. За орањето, за жнеењето и за вршењето бил потребен огромен физички напор. Па сепак, Соломон рекол дека напорната работа може да донесе големи награди.

Со векови подоцна, апостол Павле рекол: „Кој крадел повеќе да не краде, туку нека работи напорно, вршејќи со своите раце добра работа“ (Ефешаните 4:28). И тој самиот работел физичка работа. Иако бил високо образован човек, понекогаш се издржувал правејќи шатори (Дела 18:1-3).

Што мислиш ти за физичката работа? Иако можеби сега не го увидуваш тоа, сепак физичката работа може да ти користи на различни начини.

Обука за живот

Сеедно дали работиш со чекан или косиш трева, физичката работа може да ти го подобри здравјето. Добрата кондиција не е единствената корист. Знаеш ли да смениш дупната гума или да го смениш маслото во автомобилот? Можеш ли да поправиш скршен прозорец или да одзатнеш затната одводна цевка? Знаеш ли да готвиш? Можеш ли да ја исчистиш бањата така што ќе сјае од чистота? Ова се вештини што е добро да ги знаат и момчињата и девојките. Тие ќе ти помогнат да бидеш успешен кога еден ден ќе живееш самостојно.

Интересно, изгледа дека и Исус Христос се научил на физичка работа додека живеел на Земјата. Го научил дрводелскиот занает — сигурно од својот потатко Јосиф — па затоа и бил наречен дрводелец (Матеј 13:55; Марко 6:3). И ти можеш да научиш различни вештини што ќе ги работиш со свои раце.

Се изградува карактерот

Физичката работа може да влијае и врз твоето гледиште за самиот себе. Пишувајќи за Американскиот центар за ментално здравје и образование, д-р Фред Провензано вели дека тоа што ќе учиш да работиш физичка работа може да го зголеми твоето „чувство на самодоверба“ и дека „исто така, може да ти помогне да имаш поголема самодисциплина и да бидеш подобро организиран, што всушност е темелот за да бидеш успешен на работа“. Еден млад човек по име Јован вели: „Физичката работа те учи на стрпливост. Учиш како да ги решаваш проблемите“.

Сара, која беше цитирана погоре, објаснува: „Физичката работа ме научи да бидам вредна и трудољубива. Научив да бидам дисциплинирана и ментално и физички“. Дали напорната работа мора да биде и одбивна? Натан вели: „Научив да ја сакам физичката работа. Како што станував повешт, така и квалитетот на мојата работа стануваше подобар. Тоа ми ја изгради самопочитта“.

Исто така, физичката работа може да те научи да се радуваш на она што ќе го постигнеш. Едно младо момче по име Џејмс вака вели: „Го сакам дрводелството. Иако можеби понекогаш физички ме исцрпува, секогаш можам да се сетам што сѐ сум направил и тогаш чувствувам дека сум постигнал нешто. Тоа навистина ми носи задоволство“. Истото го мисли и Брајан. „Сакам да поправам автомобили. Мислата дека знам да поправам нешто расипано и да го направам како ново ми дава чувство на самодоверба и ми носи задоволство.“

Света служба

Напорната работа може многу да им помогне на младите христијани во нивната служба за Бог. Кога на цар Соломон му била дадена задача да му изгради величествен храм на Јехова, сфатил дека тоа е задача за која ќе треба огромен напор и вештина. Библијата вели: „Соломон испрати по Хирама од Тир. Тоа беше син на вдовица од Нефталимовото племе, ама татко му беше од Тир, ковач на бронза. Беше полн со вештини, умеење и знаење да изработува сѐ од бронза. Тој дојде кај царот Соломон и му ја сврши сета работа“ (1. Цареви 7:13, 14).

За Хирам било огромна чест да ги користи своите вештини за да го воздигне Јеховиното обожавање! Случајот на Хирам ја нагласува вистинитоста на зборовите од Пословици 22:29: „Дали си видел човек трудољубив во својата работа? Таквиот има пристап при царевите и не им служи на простаците“.

Денес дури и младите со малку или никакво искуство во градежнички работи имаат предност да учествуваат во изградбата на Сали на Царството. Затоа што се вклучени во такви проекти, некои научиле корисни занаети, како што се електричарскиот, водоинсталатерскиот, ѕидарскиот и дрводелскиот. Можеби и ти можеш да поразговараш со твоите старешини за можноста да учествуваш во изградбата на Сали на Царството.

Џејмс, кој има работено на неколку Сали на Царството, вели: „Мнозина во собранието можеби немаат време или, пак, не се во можност да помогнат. Затоа, кога помагаш ти, му помагаш на целото собрание“. Натан, кој научил да работи со бетон, увидел дека оваа вештина му помогнала да ја прошири службата за Бог. Тој си спомнува: „Имав прилика да одам во Зимбабве и да ги користам моите вештини во изградбата на подружницата на Јеховините сведоци. Таму работев три месеци. Тоа беше едно од најубавите искуства во мојот живот“. Спремноста да работат напорно поттикнала други млади да се пријават да служат како доброволци во подружницата на Јеховините сведоци во нивната земја.

Ако станеш вешт во некоја физичка работа, ќе можеш да се издржуваш самиот. Голем број млади Јеховини сведоци служат како пионери, или полновремени проповедници. Тоа што научиле некој занает им помогнало на некои да се издржуваат финансиски без да мораат да трошат многу време и пари на световно образование.

Како да се научи

Без разлика дали сакаш да заработуваш за живот како занаетчија или само сакаш да знаеш да си ги поправаш работите низ дома, во секој случај, тоа што ќе се научиш да работиш физичка работа многу ќе ти користи. Можеби во некое училиште во твоја близина има курс за некои занаети. Сигурно можеш да научиш нешто и дома. Како? Така што ќе се научиш да ги работиш работите низ дома. Д-р Провензано, кој беше претходно цитиран, вели: „Работите што се вршат низ дома се особено важни за тинејџерите, зашто преку нив ги учат основните ‚вештини за преживување‘ во домаќинството кои ќе им помогнат успешно и среќно да живеат без своите родители кога ќе дојде време за тоа“. Затоа, забележувај што треба да се направи низ дома. Дали треба да се искоси тревата или, пак, да се поправи полицата?

Физичката работа во никој случај не е понижувачка или срамна, туку, напротив, може да ти користи на многу начини. Не бегај од физичка работа! Наместо тоа, труди се да ‚уживаш‘ во својот труд, зашто Проповедник 3:13 вели дека „тоа е Божји дар“.

[Истакната мисла на страница 13]

Тоа што научиле некој занает им помогнало на голем број млади да ја прошират својата служба за Бог

[Слики на страница 14]

Честопати твоите родители можат да те научат на основните работи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели