ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/06 стр. 12-13
  • Дали Исус навистина бил Божји син?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус навистина бил Божји син?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божји првороден
  • Исус станува човечки син на Бог
  • Како ти помага Божјиот Син
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • „Патот и вистината и животот“
    „Појди по мене!“
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 3/06 стр. 12-13

Гледиште на Библијата

Дали Исус навистина бил Божји син?

СО ДЛАБОКО уверување, апостол Петар му рекол на Исус: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог“ (Матеј 16:16). Ова е само едно од многуте места во Библијата каде што за Исус се вели дека е Божји Син — израз што предизвикува најразлични реакции кај побожните луѓе.

На мнозина кои веруваат дека Исус Христос е Бог им е тешко да објаснат зошто е наречен Божји Син. Логиката вели дека не може истовремено да биде и Бог и Божји Син. Други, пак, мислат дека Исус бил важна историска личност, мудар човек па можеби дури и вистински Божји пророк, но ништо повеќе од тоа. Што навистина учи Библијата? И дали е важно што веруваш ти?

Божји првороден

Од Библијата може да се види дека едно време Бог бил сам. Од љубов, тој одлучил да даде живот станувајќи татко — но не во човечка смисла. Јехова ја употребил својата неизмерна творечка моќ за да создаде едно живо, интелигентно духовно суштество — „почетокот на Божјето создавање“, кое ние го знаеме како Исус Христос (Откровение 3:14; Пословици 8:22). Исус со право е наречен „единороден син“ и „првороден од сето создание“, затоа што бил директно создаден од Бог додека Бог сѐ уште бил сам (Јован 1:14; Колошаните 1:15).

Одовде јасно се гледа дека, штом Исус е прво Божје создание, не е можно да е Творецот, „единствениот Бог“ (1. Тимотеј 1:17). Од друга страна, пак, Бог го почестил својот Син со многу посебни одговорности. На пример, преку Исус Бог создал „сѐ друго“, вклучувајќи ги и ангелите. Овие ангели се наречени ‚Божји синови‘ бидејќи и ним Јехова им дал живот (Колошаните 1:16; Јов 1:6; 38:7).

Откако ја подготвил Земјата за да можат луѓето да живеат на неа, Бог, очигледно обраќајќи му се на својот првороден Син, рекол: „Да направиме човек според Нашиот лик“ (Битие 1:26; Пословици 8:22-31). Потоа, заедно со духовното суштество кое подоцна станало Исус, Јехова го создал и својот прв човечки син, Адам (Лука 3:38).

Исус станува човечки син на Бог

Апостол Јован открива дека, во одреденото време, Божјиот духовен Син „стана тело и престојуваше меѓу нас“ (Јован 1:14). За да го промени Исус од духовно во материјално суштество, Бог со едно чудо го пренел животот на Исус од небото во матката на една еврејска девица, Марија. Така Исус си останал Божји Син иако бил човек. Освен тоа, бидејќи Бог, а не некој човек, му го дал животот, Исус се родил совршен, без никаков грев. „Она што ќе се роди, ќе се нарече свето, Божји Син“, ѝ рекол ангелот Гавриел на Марија (Лука 1:35; Евреите 7:26).

Самиот Татко дал потврда дека Исус, како човек, е негов син. Кога Исус се крстил, Јован Крстител видел како небесата се отвораат и чул глас од небото кој рекол: „Ова е мојот Син, љубениот, кого го одобрив“ (Матеј 3:16, 17). Не е ни чудо што на своите ученици Јован им рекол: „Го видов тоа, и посведочив дека тој е Божјиот Син“ (Јован 1:34).

Во текот на својата служба на Земјата, Исус не разгласувал на сите страни дека тој е Месијата, Божјиот Син (Марко 8:29, 30). Честопати оставал луѓето сами да дојдат до овој заклучок од тоа што ги слушале неговите учења, гледале како живее и виделе многу негови чуда, од кои повеќето ги направил јавно. На пример, ги излечил ‚оние на кои им било лошо, кои биле мачени од разни болести и маки‘ (Матеј 4:24, 25; 7:28, 29; 12:15). Слепи, глуви, сакати и болни доаѓале кај Исус и тој ги лекувал. Дури воскреснувал и мртви! (Матеј 11:4-6). За време на една силна бура, Исус со чудо одел по водата пред очите на своите ученици, и ги смирил ветровите и брановите. Кога виделе каква моќ има, апостолите биле поттикнати да речат: „Навистина, ти си Божји Син“ (Матеј 14:24-33).

Како ти помага Божјиот Син

Зошто Бог го испратил својот единороден Син од небото на Земјата, каде што на крајот умрел со сурова смрт? „За секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Да, само со својата смрт Исус можел „да ја даде својата душа како откупнина во замена за мнозина“ (Матеј 20:28). Навистина, во целата историја, никој не покажал поголема љубов кон човештвото од Јехова и од неговиот првороден Син (Римјаните 8:32).

По смртта, Исус бил „прогласен за Божји Син“ на еден многу посебен и моќен начин. „Преку воскресението од мртвите“ повторно бил вратен во живот како духовен Божји Син (Римјаните 1:4; 1. Петрово 3:18). Потоа, откако речиси 19 века стрпливо чекал од десната страна на својот Татко, Исус бил устоличен како Цар на Божјето Царство — небесна влада која наскоро ќе владее над целата Земја (Псалм 2:7, 8; Даниел 7:13, 14).

Сакаш ли да ја стекнеш милоста на овој моќен Божји Син? Ако сакаш, те поттикнуваме да ги испиташ неговите учења и да ги применуваш во животот. Самиот Исус рекол: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Да, навистина е важно што веруваме во врска со Божјиот Син! (Јован 3:18; 14:6; 1. Тимотеј 6:19).

СИ СЕ ПРАШАЛ ЛИ НЕКОГАШ?

◼ Во која смисла Исус е единороден Божји Син? (Јован 1:3, 14; Откровение 3:14).

◼ Зошто можеш да бидеш сигурен дека Исус е Божји Син? (Матеј 3:16, 17).

◼ Како ти користи тоа што веруваш дека Исус е Божји Син? (Јован 3:16; 14:6; 17:3).

[Слики на страници 12 и 13]

Мудрите учења и моќните чуда на Исус потврдиле дека не е само обичен човек

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели