ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/06 стр. 22-24
  • Сунѓери — едноставни, но прекрасни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сунѓери — едноставни, но прекрасни
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Без срце, без мозок и без проблеми
  • Морски правосмукалки
  • Разнообразност на кристалите
  • Производ на случајност или на создавање?
  • Шарениот свет на коралните гребени
    Разбудете се! 1997
  • Зачудувачкиот дизајн на живите суштества
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Содржина
    Разбудете се! 2006
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 5/06 стр. 22-24

Сунѓери — едноставни, но прекрасни

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРАЛИЈА

МОЖЕШ ЛИ да си замислиш да се капеш со скелет од некое животно? Веројатно ова не ти звучи баш привлечно. Меѓутоа, природниот сунѓер што го користиме за капење е, всушност, кончестиот скелет на ова суштество.

„Сунѓерите се сместени на најстарата и најдолна гранка од семејното дрво на животните“, стои во National Geographic News. Ова навело некои на претпоставката дека од некој древен сунѓер, по пат на еволуција, настанале и животните и луѓето. Во една документарна емисија сунѓерот бил наречен дури и „Ева во светот на животните“ — со други зборови, „предокот од кого потекнува животот“.

Што знаат научниците за сунѓерите? Дали станува збор само за најобични суштества или, пак, тие сведочат дека се прекрасно создадени?

Без срце, без мозок и без проблеми

Сунѓерите можеби личат на растенија, но Аристотел и Плиниј Постариот точно ги опишале како животни. Стручњаците проценуваат дека во езерата и океаните во светот живеат најмалку 15.000 видови сунѓери кај кои постои зашеметувачка разновидност од облици и бои. Сунѓерите можат да личат на долги и тенки прсти, на широки и мали буренца, на послани ќилими, на елегантни лепези, па дури и на нежни кристални вазни. Некои се помали од зрно ориз, а други растат повисоко од човек. Научниците сметаат дека некои сунѓери се стари стотици години.

„Според градбата, функцијата и развојот, сунѓерите се разликуваат од другите животни“, стои во Encyclopædia Britannica. Во кој поглед? За разлика од другите животни, сунѓерите немаат внатрешни органи. Тогаш, како живеат без срце, без мозок и без нервен систем? Ситните клетки од кои се состои сунѓерот ги извршуваат сите функции што се потребни за живот. Постојат специјализирани клетки што фаќаат храна, ги транспортираат хранливите материи или ги отстрануваат отпадните продукти. Други клетки ги произведуваат состојките од кои ќе се оформи скелетот или кожата. Ако се појави потреба, некои клетки можат дури и да се преобразат од еден во друг вид.

Сунѓерите се необични во многу аспекти. Ако провреш еден жив сунѓер низ решето, неговите клетки повторно ќе се групираат и ќе го формираат првобитното животно. Ако сомелеш два сунѓера и ги измешаш, клетките постепено ќе се раздвојат и од секоја група одново ќе се создаде првобитниот сунѓер. „Ниедно друго растение или животно не може само од себе да воскресне на таков начин“, стои во National Geographic News.

Сунѓерите се извонредно флексибилни кога станува збор за размножување. Некои сунѓери опремуваат и лансираат клеточни „вселенски бродови“ за да колонизираат други подрачја. Патувајќи во состојба на привремена умртвеност, „доселениците“ на крајот се спуштаат на дното, се будат и излегуваат од својот „брод“ за да создадат нов сунѓер. Други сунѓери се размножуваат полово, при што поединечни сунѓери ја менуваат улогата на машка и женска единка, во зависност од потребата. Некои сунѓери полагаат јајца. „Колку повнимателно ги разгледуваме дури и наједноставните организми, толку поголема сложеност гледаме кај нив“, воодушевено вели писателот Пол Морис.

Морски правосмукалки

Сунѓерите имаат „систем на исхрана што го нема ниедно друго животно“, пишува зоологот Ален Колинс. Ситните пори во надворешниот слој на кожата водат во еден лавиринт од тунели и прегради што ги има низ целиот сунѓер. Ѕидовите на овој лавиринт се обложени со милиони ситни клетки, наречени коаноцити. Од секоја клетка излегува едно конче во вид на камшиче, кое постојано мавта напред-назад. „Како веслачи на некоја римска галија, [овие клетки] постојано туркаат млаз вода низ другите клетки на сунѓерот, чија градба им овозможува да ги фаќаат и да ги голтаат честичките храна што ги содржи водата“, објаснува писателот Бен Хардер. Пумпајќи секој час десетпати поголемо количество вода од својот волумен, сунѓерот ги вади од водата хранливите материи, токсичните хемикалии и околу 90 проценти од сите бактерии што се присутни во неа. Еден сунѓер може дури и да го регулира своето пумпање или да пумпа во обратен правец за да се снајде низ променливите морски струи или за да се прочисти од материите што се наталожиле во него. „Сунѓерите се... најефикасните морски правосмукалки“, вели д-р Џон Хупер.

Поради постојаниот проток на храна и вода низ сунѓерот, тој претставува идеален дом за шкампите, раковите и други ситни суштества. Во еден сунѓер биле најдени 17.128 вакви жители. Голем број бактерии, алги и габи живеат во симбиоза со сунѓерите. Околу 50 отсто од тежината на еден сунѓер што е полн со вода може да се должи на бактериите.

Научниците сметаат дека сунѓерите и нивните соработници со кои живеат во симбиоза се надежен извор на нови и уникатни фармацевтски производи. Некои мислат дека овие лекови ќе бидат корисни во борбата против СИДА-та, ракот, маларијата и други болести. Осврнувајќи се на едно такво соединение што го содржи сунѓерот, истражувачот Ширли Помпони вели: „Во природата има многу повеќе интересни молекули отколку што можеме да создадеме синтетички, со помош на компјутер“.

Разнообразност на кристалите

За разлика од мекиот и кончест сунѓер што го користиме за капење, многу сунѓери се рапави или тврди. Овие сунѓери содржат милиони ситни кристалчиња кои се како иглички. Ако ги погледнеме под микроскоп, ќе видиме дека имаат зашеметувачка убавина и разновидност. Игличките, кои се поврзани меѓу себе на најразлични начини, можат да исткаат многу сложени скелети, заштитни оклопи, па дури и јажиња долги и до 3 метри, а дебели 1 сантиметар. Еден месојаден сунѓер користи рибарски мрежи слични на лепливи ленти за да го улови својот плен.

Сунѓерот што е познат како Венерина цветна кошничка, кој живее во морските длабочини, со помош на своите иглички плете една неверојатно убава и раскошна стаклеста мрежа. Извонредно чистите силициумови влакненца многу личат на фабрички изработените фибер-оптички кабли. „Овие био-оптички влакна се многу јаки“, објаснува еден научник. „Би можеле цврсто да ги врзете во јазли и, за разлика од фабричките влакна, тие нема да се скинат“. Научниците сѐ уште се прашуваат како настануваат овие неверојатно сложени влакна и тоа во морска вода и на ниски температури. „Изгледа дека овој релативно едноставен организам го знае решението на еден многу сложен проблем со кој се соочуваме на полето на интегрираната оптика и во науката за изработка на материјали“, вели Шери Мореј од лабораториите Бел.

Производ на случајност или на создавање?

Откако ги анализирал многуте извонредни биолошки карактеристики на сунѓерите, д-р Хупер вели: „Еден ‚едноставен сунѓер‘ е, всушност, едно многу сложено [животно], кое и ден-денес не можеме добро да го разбереме“. Сосема е логично да прашаме: Како и зошто постои ваквата сложеност? Дали таа се должи на чиста случајност или, пак, е силно сведоштво за постоењето на интелигентен Творец?

Иако некои можеби не сакаат да признаат дека постои Творец, мнозина ќе се согласат со она што многу одамна го рекол псалмистот: „Колку се бројни Твоите деца, о Господи! Со мудрост направи сѐ: земјата е полна со Твои созданија... мали и големи животни“ (Псалм 104:24, 25).

[Графикон/слики на страница 23]

Вообичаена градба на еден сунѓер. Зголемена слика на клетките што пумпаат вода

[Слика на страница 24]

Иглички на сунѓерот

[Слика на страница 24]

Венерина цветна кошничка

[Извори на слики на страница 23]

Морско коњче: Rudie H Kuiter; 3 вметнати фотографии десно: Dr. John Hooper, Queensland Museum

[Извори на слики на страница 24]

Горе: Eye of Science/Photo Researchers, Inc.; долу: Kim Taylor / Warren Photographic

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели