ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/08 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Повеќе зијан отколку ќар
  • „Часовникот на судниот ден“ оди напред
  • Стрес во текот на бременоста
  • Возат без да мислат
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
  • Дали светот навистина оди во пропаст?
    Разбудете се! 2017
  • Крај на нуклеарната закана?
    Разбудете се! 1999
  • Нуклеарната закана — воопшто не е завршена
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 1/08 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Општо земено, додека едно дете во Британија наполни шест години, веќе има поминато цела година пред телевизорот, а над 50 отсто од децата на возраст од три години имаат телевизор во својата соба“ (THE INDEPENDENT, БРИТАНИЈА).

◼ Во една анкета спроведена во Кина, 31,4 отсто од испитаниците постари од 16 години се изјасниле како побожни. Ако ова се земе како показател за целата земја, излегува дека „некаде околу 300 милиони лица се побожни... што многу се разликува од официјалните извештаи според кои бројката е 100 милиони“ (CHINA DAILY, КИНА).

Повеќе зијан отколку ќар

Пред неколку години, холандските политичари и еколозите беа уверени дека пронашле еден неисцрпен извор на енергија — биогориво, претежно палмово масло, со кое може да се напојуваат генератори. Нивните надежи се претворија во „еколошка катастрофа“, стои во весникот The New York Times. „Сѐ поголемата побарувачка на палмово масло во Европа доведе до соголување на големи парцели од џунглите во Југоисточна Азија и до прекумерна употреба на вештачко ѓубриво во овој дел од светот.“ За да се насадат плантажи со палми, тресетот беше исушен и запален, при што во атмосферата се ослободуваа „големи количества“ на јаглеродни гасови. Според истиот весник, Индонезија за кратко време се најде „на третото место во светот по количеството на испуштен јаглерод во атмосферата кој, според научниците, е причина за глобалното затоплување“.

„Часовникот на судниот ден“ оди напред

Научниците кои го издаваат списанието Bulletin of Atomic Scientists (BAS) го поставија „Часовникот на судниот ден“ за да укажат колку близу е човештвото до нуклеарна катастрофа. Тој беше поместен за две минути напред и сега покажува пет минути до полноќ, кој е симбол за „крајот на цивилизацијата“. Во текот на овие 60 години од неговото постоење, стрелките на часовникот беа поместени само 18 пати. Последната промена беше направена во февруари 2002 год., по нападите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Нуклеарното оружје и понатаму постои и се усовршува и не се води сметка за нуклеарните материјали. Ова „покажува дека не можеа да се решат проблемите што ги предизвикува најразорната технологија на Земјата“, стои во списанието BAS, кое понатаму додава дека „климатските промени претставуваат закана од која поголема е само нуклеарната“.

Стрес во текот на бременоста

Според едно поново истражување, стресот што една бремена жена го доживува поради брачни кавги или домашно насилство може негативно да се одрази на психичкиот развој на нероденото дете. Вивет Гловер, професорка на Кралскиот колеџ во Лондон, вели: „Откривме дека кога мажот емоционално ја малтретира својата партнерка, тоа има големо влијание врз идниот развој на бебето“. Односот меѓу родителите „влијае врз хормоналната и хемиската рамнотежа во организмот на мајката, а тоа влијае врз развојот на мозокот на детето“, објаснува таа.

Возат без да мислат

Луѓето што секој ден возат до работното место по истиот пат, обично го прават тоа без да го користат центарот во мозокот што е одговорен за свесно размислување, вели сообраќајниот инженер Михаел Шрекенберг, професор на Универзитетот Дуисбург-Есен во Германија. Кога патот им е познат, наместо да се концентрираат на сообраќајот, возачите прават други работи. Поради тоа побавно ја препознаваат опасноста. Шрекенберг ги поттикнува сите возачи да бидат постојано на штрек и да не дозволат ништо да им го одвлече вниманието од патот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели