ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/08 стр. 10-12
  • На час по оперско пеење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На час по оперско пеење
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Природен музички инструмент
  • Техника и телесна градба
  • Промени во оперското пеење
  • Одење во крајности
  • Една вечер во операта
    Разбудете се! 1994
  • Местото на музиката во современото обожавање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Пишува дека ќе го видам
    Разбудете се! 2005
  • Кукли на оперската сцена
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 4/08 стр. 10-12

На час по оперско пеење

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА

ПЕЈАЧОТ стои исправено и слободно. Главата и градите му се подигнати, челото му е опуштено, а усните и вилицата му се во нормална положба. Оркестарот има еден краток увод, а потоа тенорот почнува да ја пее аријата што публиката со нетрпение чека да ја слушне. Се чини дека пејачот притоа не вложува никаков напор и дека гласот воопшто не доаѓа од него. На крајот од настапот, публиката го наградува со громогласен аплауз.

Операта е драмско дело што го изведуваат пејачи во придружба на оркестар. Сакаш ли опери? Си имал ли можност да отидеш на некоја опера? Што мислиш, зошто оперските пејачи имаат толку убав глас?

Природен музички инструмент

Гласот е прекрасен дар од Бог и со право може да се нарече музички инструмент. Иако сите не можеме да пееме како оперски пејачи, за многу луѓе пеењето е составен дел од животот — речиси исто колку и јадењето и спиењето. Сеедно дали имаш убав глас или не, најверојатно те интересира како функционира овој „инструмент“.

Звукот настанува во гркланот, кој се наоѓа во средниот дел од грлото и претставува ’рскавична шуплина со два мали мускулни набора — твоите гласни жици. Но, како се создава звук? При нормално дишење, гласните жици се опуштаат и во душникот се создава отвор во форма на триаголник, наречен глотис. Кога пееш, протокот на воздух низ гркланот се зголемува, глотисот се стеснува и гласните жици почнуваат да вибрираат, при што се создава звук. Колку пооптегнати се гласните жици толку повеќе вибрираат и повисок ќе биде тонот. Но, ако воздушниот притисок се намали и гласните жици се опуштат, глотисот ќе се рашири, при што вибрациите ќе се намалат, а тонот ќе стане понизок.

Техника и телесна градба

Како помлад, Енрико Карузо имал прекрасен, но слаб глас. За да го зајакне, морал да вежба. Убавиот глас е природна дарба, но еден оперски пејач мора да има и техника. Тој мора да научи исправно да дише за да има доволно воздух и рационално да го користи. Се вели дека, благодарение на ваквата техника, славниот оперски пејач од 18 век, Карло Броски, попознат како Фаринели, можел да испее 150 тонови во еден здив.

Оперските пејачи треба да научат и да го засилат гласот користејќи го своето тело како резонатор. Некои стручњаци велат дека, при пеење на пониските тонови, ваква улога има градниот кош, и дека повисоките тонови можат да се засилат со помош на вилицата и коскените шуплини на лицето.

Многу луѓе мислат дека пеењето се контролира исклучиво со грлото. Меѓутоа, со право се вели дека во пеењето е вклучено целото тело, бидејќи пејачот мора да се внесе во изведбата со сето свое битие. Потребна е совршена координација на сите мускули на телото. Тоа налага голем физички напор и енергија, што објаснува зошто некои оперски пејачи се „елегантно пополнети“. Марија Калас е една од најпознатите певици на 20 век, но многумина сметаат дека го изгубила квалитетот на гласот затоа што нагло ослабела држејќи строга диета.

Промени во оперското пеење

Со текот на времето, стилот и техниката на оперското пеење се менувале. Да разгледаме само два примера. Бидејќи оперите почнале да се изведуваат во оперски куќи наместо во капели и во други мали простории, нежното и лесно пеење му отстапило место на пеењето засилено со природната конституција на телото. Дополнителна причина за ваквата промена било тоа што малите оркестри што ги користел Моцарт многу се прошириле до времето на Верди и на Вагнер. Во текот на 17, 18 и првата половина од 19 век, виртуозноста, односно техничките можности на пејачот го засенувале оркестарот. Но, во втората половина од 19 век бил усвоен еден сосема поинаков стил, кој се задржал до средината на 20 век. Во овој период, гласот сѐ уште играл важна улога во операта, но повеќе не доминирал над останатите елементи.

Можностите што ги нудела операта дале повод да се напишат многу оперски дела. Паизело, Чимароза, Глук, Моцарт, Доницети, Росини, Белини, Вагнер, Верди, Пучини, Бизе, Маербер и Маскањи се само неколку познати композитори кои напишале незаборавни музички дела што побудуваат длабоки емоции.

Одење во крајности

Меѓутоа, историјата на оперското пеење има и мрачни моменти. Пример за тоа се кастратите, кои повеќе од еден век играле важна улога во италијанската опера.a Станува збор за машки деца кои биле кастрирани пред да навлезат во пубертет за гласот да им остане висок, моќен и со неверојатен опсег. Ваквиот обичај бил воведен ‚откако Црквата забранила во капелите да пеат жени‘, вели Гвидо Тартони.

Познатите оперски пејачи станаа вистински ѕвезди со голем број верни обожаватели, како што можеше да се види и на погребот на Лучијано Павароти. Марија Калас беше наречена La Divina (Божествената), а Џоан Сатерленд La Stupenda (Неверојатната), што покажува дека популарноста на операта се должи на тоа што успева да допре до чувствата на публиката.

Следниот пат кога ќе чуеш како некој сопран изведува позната арија, помисли на тоа колку вежбање и дисциплина биле потребни за да го чуеш тој прекрасен глас. Можеби тогаш ќе го делиш мислењето на еден писател кој рекол дека оперското пеење е начин „да се спојат зборовите со музиката и да се вивне поезијата... на крилјата на мелодијата“.

[Фуснота]

a Додатни информации во врска со кастратите можеш да најдеш во српското издание на Разбудете се! од 8 февруари 1996, страници 11-14.

[Рамка/слика на страница 12]

ПОДЕЛБА НА ГЛАСОВИТЕ

Колоратурен сопран: женски глас кој лесно може да изведе разиграна мелодиска линија со високи тонови. Сопраните честопати се во улога на некој жив и духовит лик.

Лирски сопран: помеланхоличен женски глас кој игра улога на сентиментален или романтичен лик.

Драмски сопран: уште подлабок женски глас кој добива улога на некој драмски лик.

Мецосопран: женски глас кој е помеланхоличен и подлабок од драмскиот сопран. Мецосопранот честопати е во улога на постара жена или на противничка на ликот што го игра сопранот.

Контра-алт: редок женски глас кој ги добива истите улоги како и мецосопранот.

Тенор: машки глас со слични карактеристики како сопранот — има лесен, лирски и драмски (херојски) тенор. Пејачот честопати е во улога на љубовник на главната хероина.

Баритон: глас помеѓу тенор и бас. Пејачот игра улога на брат, татко или соперник.

Бас: најдлабок машки глас. Разликуваме три типа: brilliant, cantante и profundo. Првиот е погоден за живи и духовити ликови, вториот за сентиментални, а третиот за ликови што изразуваат силни чувства.

[Слика на страница 10]

Оперска сцена

[Слика на страница 10]

Оперска куќа

[Извори на слики на страница 10]

Сцена: Philip Groshong for The Cincinnati Opera; опера: со љубезна дозвола на Tourism Office of Budapest

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели