ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/08 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библии отпечатени во Кина
  • Им фрлиле око на иконите
  • Војните ги одлеваат паричните средствана Африка
  • Дремката е корисна
  • Обожавај го Бог „во дух“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Религиозни икони — нивните древни корени
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Треба ли да се користат икони во обожавањето?
    Разбудете се! 2005
  • Употребата и злоупотребата на религиозни слики
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 9/08 стр. 29

Поглед во светот

◼ Во последниве 20 години, бројот на елементарни непогоди низ целиот свет се зголеми четирикратно. Од таа причина, секоја година страдаат по 250 милиони лица (EL UNIVERSAL, МЕКСИКО).

◼ „Пасатите, најсилните ветрови што дуваат на Пацификот, со текот на времето насобраа во океанот голема количина ѓубре што плови.“ Моментално, тоа зафаќа површина еднаква на територијата на Австралија (LA DÉPÊCHE DE TAHITI, ТАХИТИ).

◼ За производство на 50 литри биогориво што го користат патничките автомобили потребни се 200 килограми пченка, „што е доволно за едногодишна прехрана на едно лице!“ (GAZETA WYBORCZA, ПОЛСКА).

Библии отпечатени во Кина

„Кина стана една од земјите во светот што имаат отпечатено најголем број Библии“, изјави Је Шаувен, претседател на Државната управа за верски прашања. Една кинеска печатница со седиште во Нанџинг, главен град на провинцијата Јиангсу, ја објави 50 милионитата комплетна Библија во оваа држава. Според People’s Daily Online, „во последниве неколку години, од печатарските машини [на оваа печатница] излегуваа околу 3 милиони примероци годишно“. Се известува дека бројот на Кинези што се изјаснуваат како христијани расте.

Им фрлиле око на иконите

„Во последниве пет години беа ограбени повеќе од 1.000 цркви во Русија“, стои во списанието Russky Newsweek. Во Министерството за внатрешни работи на Русија пријавено е исчезнувањето на 40.000 икони. Според еден договор меѓу Министерството и Руската православна црква, сите црковни икони ќе добијат посебна ознака видлива само под ултравиолетова светлина. Ова ќе им помогне на истражните органи да утврдат кои се вистинските сопственици на пронајдените икони. Московската патријаршија го прифати овој договор со раширени раце, стои во Russky Newsweek, „бидејќи ‚земната‘ ознака нема да влијае врз чудотворната моќ на иконата“.

Војните ги одлеваат паричните средствана Африка

„Во периодот меѓу 1990 и 2005 год., 23 африкански земји беа вмешани во воени судири, при што потрошија околу 214 милијарди евра“, стои во весникот International Herald Tribune. „Со тие пари Африка би можела да ги покрие трошоците за надминување на својата криза со ХИВ-вирусот и СИДА-та или да обезбеди школување, вода за пиење, како и здравствена заштита и лекување за жртвите на туберкулозата и маларијата“, вели претседателката на Либерија, Елен Џонсон-Серлиф. „Можеа да се изградат дословно илјадници болници, училишта и патишта.“ Да не се водеа војни, заклучува весникот, Африка „ќе беше напреден, а не најсиромашен континент“.

Дремката е корисна

Едно истражување во кое учествувале 23.000 Грци од двата пола покажало дека оние што си прилегнуваат напладне најмалку трипати седмично можат да ги намалат шансите да умрат од срцев удар, и тоа за цели 37 отсто. „Има многубројни докази дека и моменталниот и долготрајниот стрес предизвикуваат срцеви заболувања“, објаснува Димитриос Трихопулос, истражувач и епидемиолог на Факултетот за јавно здравство при универзитетот Харвард во САД. „Пладневната дремка го ублажува стресот [и] ги намалува шансите да дојде до смрт поради срцево заболување“, додава тој.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели