ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/08 стр. 13
  • Млечен рефлекс

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Млечен рефлекс
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Мајчиното млеко
    Случајно или создадено?
  • ‚Исправно да се управува со речта на вистината‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Случајот со мајчиното млеко
    Разбудете се! 1994
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Разбудете се! 2008
g 10/08 стр. 13

Случајно или создадено?

Млечен рефлекс

◼ Ако некогаш си имал можност да гледаш како се породува овца, коза или крава, веројатно си се чудел колку брзо нивното младенче застанува на нозе и го наоѓа вимето. Сите цицачи ги хранат своите младенчиња со млеко. Но, кога станува збор за младите преживари, како што се јагнињата, јарињата и телињата, постои уште едно невидено чудо.

Размисли: Кравите имаат четириделен желудник во кој се одвиваат повеќекратните процеси што се неопходни при варењето на тревата и сточната храна. Меѓутоа, младенчињата се хранат само со млеко, за што не се потребни сите процеси на варење на храната. Затоа, кога младото животно цица, рефлексно се формира еден посебен канал низ кој млекото оди директно до четвртиот дел од желудникот.

Ако млекото отиде во првиот дел, познат како бураг, телето би се мачело многу бидејќи во бурагот се обработува само тешко сварливата храна со помош на бактериска ферментација. При ферментација на млекото, би настанале гасови кои младенчето не би можело да ги елиминира од телото. Меѓутоа, кога младите преживари пијат млеко, сеедно дали од вимето на мајката или од кофа, млечниот рефлекс го затвора бурагот.

Но, за чудо, кога младенчето пие вода, доаѓа до сосема поинаква реакција. Неговиот бураг има потреба од многу вода, која помага во него да се намножат бактерии што ќе бидат потребни кога животното ќе премине на сточна храна. Млекото оди директно до последниот дел од желудникот, но водата влегува и во бурагот. Тоа значи дека единствената функција на овој неверојатен канал кај телињата е да служи како директен пат за млекото!

Што мислиш? Дали млечниот рефлекс настанал случајно или, пак, е дело на интелигентен Творец?

[Графикон/слика на страница 13]

(Види во публикацијата)

Млечниот рефлекс ги затвора првите три дела од желудникот на телето

[Графикон]

Канал низ кој минува млекото

1 бураг

2 мрежавец

3 листавец

4 сириште (последниот дел од желудникот)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели