ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/08 стр. 4-5
  • Каде да се обратиме за водство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде да се обратиме за водство?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Треба ли да се обратиме кај Бог?
  • Најди го патот до вистинскиот успех!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Шест чекори до вистинскиот успех
    Разбудете се! 2008
  • Како да бидеш успешен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Вистинската мудрост гласно вика“
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 11/08 стр. 4-5

Каде да се обратиме за водство?

КОЈ треба да каже како човек да стане вистински успешен — но не според општоприфатените мерила во светот, туку да биде успешен како личност? Како што беше спомнато во претходната статија, за да бидеме вистински успешни треба да живееме според мудри начела и да имаме вистинска смисла во животот, а не слава, богатство или моќ.

Каде да ги најдеме тие мудри начела и како да добиеме одговор на прашањата за смислата на животот? Ако се анализираме себеси? Факт е дека, како несовршени луѓе, ни се јавуваат погрешни желби што можат да нѐ наведат да донесеме погрешни одлуки (1. Мојсеева 8:21). Од таа причина, милиони луѓе трчаат по суетни работи кои Библијата ги нарекува ‚желби на телото и желби на очите и истакнување на својот имот‘ (1. Јованово 2:16). Овие работи даваат лажно чувство на вистински успех, но на крајот водат до разочарување и несреќа. Затоа, со добра причина, многумина бараат одговор на подлабоките прашања од нашиот Творец.a

Треба ли да се обратиме кај Бог?

Зошто е разумно да се обратиме кај Бог? Тој знае зошто нѐ создал и, според тоа, која е смислата на нашиот живот. Исто така, тој знае како нѐ создал — каква е нашата физичка, интелектуална и емоционална градба. Тоа значи дека Бог најдобро знае кои начела се за наше добро. Освен тоа, Бог е олицетворение на љубовта и, според тоа, сака да бидеме вистински среќни и успешни (1. Јованово 4:8). Како можеме да добиеме водство од него? Преку Светото писмо, кое тој ни го обезбедил преку 40 луѓе во улога на секретариb (2. Тимотеј 3:16, 17). Но, како можеме да имаме доверба во водството што ни го дава оваа книга?

Исус, најистакнатиот Божји претставник, рекол дека „мудроста ја оправдуваат нејзините дела“, односно резултатите (Матеј 11:19; Јован 7:29). Божјата мудрост нѐ води до успех и трајна среќа, односно до „сето она што е на патот на добротата“. За разлика од неа, човечката мудрост, која не го зема предвид Бог, води до неуспех и несреќа (Изреки 2:8, 9; Еремија 8:9).

Ќе ја земеме за пример ерата на хипиците, која започна во 1960-тие години. Многу хипици ги отфрлија мерилата и авторитетот на постарата генерација, па злоупотребуваа дрога, имаа став дека треба да се живее од денес за утре и се залагаа за сексуална слобода. Но, дали ваквиот начин на живот беше навистина мудар? Дали тоа им помогна на луѓето да најдат смисла во животот водејќи се според корисни начела што носат душевен мир и трајна среќа? Историјата сведочи дека ова движење не ги смени луѓето на подобро, туку само додатно ја влоши моралната состојба во општеството (2. Тимотеј 3:1-5).

За разлика од човечките филозофии, библиската мудрост го положила испитот на времето (Исаија 40:8). Следната статија веројатно ќе ти помогне да сфатиш зошто е тоа така. Во неа се разгледани шест библиски начела кои им помогнале на милиони лица од речиси сите народи да бидат вистински среќни и успешни — без оглед на нивната економска или општествена положба.

[Фусноти]

a Види ја рамката „Верувања кои ја осуетуваат нашата потрага по успех“.

b Види го специјалното издание на ова списание од ноември 2007, во кое е обработена темата: „Можеш ли да ѝ веруваш на Библијата?“ Во него се дадени археолошки, историски, научни и други докази дека Библијата е навистина книга од Бог.

[Рамка на страница 5]

ВЕРУВАЊА КОИ ЈА ОСУЕТУВААТ НАШАТА ПОТРАГА ПО УСПЕХ

Многу луѓе тврдат дека нема Бог и дека животот е резултат на непромислена еволуција. Ако е тоа точно, животот би бил производ на низа случајни хемиски и биолошки реакции, а нашите обиди да најдеме смисла во животот и начела кои би важеле за сите луѓе би биле апсолутно залудни.

Други веруваат дека Бог прво нѐ создал, а потоа нѐ напуштил. Ова би значело дека во извесна смисла сме сирачиња, без вистинска смисла во животот и без исправни мерила. Размисли: На секое животно Бог му дал инстинктивна мудрост за да ја исполни својата улога во природата. Од таа причина, насекаде околу нас наоѓаме примери на длабока мудрост. Дали истиот овој Творец би нѐ создал за потоа да нѐ остави да се снаоѓаме како знаеме и умееме? Нема логика! (Римјаните 1:19, 20).

Атеистичките филозофии ја осуетуваат нашата потрага по успехот бидејќи нѐ наведуваат на заклучокот дека напразно би се труделе да најдеме смисла во животот и начела кои би важеле за сите луѓе.

[Слика на страница 5]

Библиската мудрост се покажала корисна со своите добри резултати

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели