Правото на пациентот да избере лекување
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА
◼ Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв. Својот став го темелат на неколку библиски заповеди, од кои првата гласи: „Само не смеете да јадете месо со неговата душа, односно со неговата крв!“ И на христијаните во првиот век им било кажано: „Да се воздржувате од... крв“ (1. Мојсеева 9:4; Дела 15:29; 3. Мојсеева 17:14).
Учениците од Монтеренцио (Италија) од VI до VIII одделение беа замолени да напишат состав за тоа колку е важно да се дарува крв. Меѓу нив беше и Бенедета, која е Јеховин сведок. Таа меѓу другото напишала:
„Добро е познато дека Јеховините сведоци не примаат крв од почит кон библиските начела, но ова не значи дека не прифаќаат други начини на лекување. Напротив, тие многу го ценат своето здравје. Јеховините сведоци се трудат да ја добијат најквалитетната медицинска нега за себе и за своите деца и спремно соработуваат со лекарите, под услов тие да ги почитуваат нивните убедувања“.
Бенедета уште додала: „Секој пациент има право да избере лекување што најмногу му одговара и има право да биде почитуван и информиран за ризиците и опасностите поврзани со лекувањето што му се нуди“.
Подружницата на Здружението на крводарители на Италија (AVIS) во Монтеренцио им додели награди на учениците кои најдобро ги изразиле своите ставови на оваа тема. Во списанието Monterenzio Vivace стоеше следново: „Посебно беше пофален составот на Бенедета Барби, која во него застапува став што се коси со општоприфатените гледишта и е многу поинаков од оној на AVIS, но тоа го прави на многу урамнотежен и учтив начин“.
Многу лекари имале корист од ставот на Јеховините сведоци, иако тој „се коси со општоприфатените гледишта“. Нивниот став бил повод за воведување на многу иновативни медицински постапки со кои се намалува загубата на крв при операција, што им користи и на пациентите кои не се Сведоци. Меѓутоа, главната причина зошто Јеховините сведоци не примаат крв цврсто се темели на Библијата, како што беше спомнато на почетокот.
Следниот пат кога Јеховините сведоци ќе дојдат кај тебе, зошто не ги прашаш какво гледиште за крвта има Творецот? Ќе им биде мило да ти го објаснат тоа „со длабока почит“ (1. Петрово 3:15).
[Рамка/слика на страница 30]
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Во DVD-то Лекување без трансфузија, признати експерти дискутираат за медицинските, правните и етичките начела поврзани со трансфузијата на крв. Ова DVD може да се набави преку Јеховините сведоци.