ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/09 стр. 29
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Да се живее со албинизам
    Разбудете се! 2008
  • Чудесната пченка
    Разбудете се! 2008
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2009
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 9/09 стр. 29

Писма од читателите

Младите прашуваат... Самоубиство на брат или сестра — како да се справам со загубата? (јуни 2008) Пред да умре, мојата постара сестра пет години се бореше со депресија. Бидејќи гледав како се мачи со својата болест, мислев дека животот ѝ беше неподнослив. Но, во оваа статија од Разбудете се! беше даден предлог да размислуваме за убавите моменти. Додека се присетував на тие моменти, сфатив дека животот не ѝ беше тежок, туку среќен бидејќи имаше повеќе среќни отколку несреќни мигови.

С. Ј., Јапонија

Младите прашуваат... Зошто родителите немаат доверба во мене? (април 2008) Читајќи ги и применувајќи ги библиските начела за кои се зборува во Разбудете се!, научив дека градењето доверба и созревањето се како постепено искачување по скали, а не како врата низ која можеш веднаш да влезеш. За да добијам поголема слобода, морав најпрво да ја стекнам довербата на моите родители. Морав редовно да ја пишувам домашната и да ги исполнувам другите обврски. Ви благодарам што пишувате вакви статии.

Т. Л., САД

Да се живее со албинизам (јули 2008) Бидејќи страдам од албинизам, отпрвин се радував што излезе ваква статија. Но, не ми се допадна тоа што на неколку места се среќава зборот „албино“. Овој збор се користи погрдно за да се изрази омраза кон луѓето со вакво заболување.

А. Л., САД

„Разбудете се!“ одговара: Се извинуваме ако со тоа ги навредивме нашите читатели. Зборот „албино“ го презедовме од медицинската литература. Меѓутоа, признаваме дека некои луѓе го користат за да изразат потценување. Од друга страна, многу лица со албинизам го прифаќаат овој збор и не го сметаат за навреда. Бидете сигурни дека немавме намера никого да оцрниме.

Ви благодарам што ја објавивте оваа статија, бидејќи и јас како Џон имам албинизам. Многу ми се допадна тоа што статијата е веродостојна, внимателно подготвена, едукативна и информативна. Им помогна на моите пријатели подобро да ја разберат мојата здравствена состојба.

Т. М., САД

Љубов посилна од ураган! (август 2008) Ваквите статии ме потсетуваат да не се грижам премногу за иднината, туку да имам целосна доверба во Бог. Пред три години ја почувствував на своја кожа љубовта на браќата кога една поплава ја уништи куќата на моите родители кои не се наши соверници. Јеховините сведоци од локалното собрание веднаш им помогнаа. Му благодарам на Јехова што сум дел од неговата организација.

Д. В., Полска

Чудесната пченка (август 2008) Нашето семејство насади пченка во градината, но зрната што се родија не беа еднакви. Сега, благодарение на оваа статија, знаеме зошто. Обично можеме да засадиме само по 5-6 пченки, и затоа не се опрашиле толку добро како што би се опрашиле на поголема нива. Но, минатата година, бидејќи внимателно го опрашивме секое конче од „патот на свилата“, можевме да набереме вкусна шеќерна пченка со еднакви зрна. Многу ви благодарам.

Р. В., Јапонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели