ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 3
  • Чекор 1 — исправно гледиште

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекор 1 — исправно гледиште
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Кога имате различно мислење
    Совети за семејствата
  • Кога едно пријателство ќе отиде предалеку
    Разбудете се! 2013
  • Како да не дојде до „сив развод“?
    Совети за семејствата
  • Чекор 6 — простување
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 3

Чекор 1 — исправно гледиште

‚Проценете што е најважно‘ (Филипјаните 1:10)

Што значи тоа. Среќен е оној брак во кој секој го става другиот пред себеси, пред материјалните работи, пред работата, пријателите, па дури и пред роднините. Мажот и жената поминуваат многу време еден со друг и со своите деца. И двајцата се спремни да жртвуваат нешто за доброто на семејството (Филипјаните 2:4).

Зошто е важно. Библијата му придава големо значење на семејството. Всушност, апостол Павле напишал дека оној што не се грижи за своето семејство „полош е од неверник“ (1. Тимотеј 5:8). Сепак, со текот на времето, на човек можат други работи да му станат поважни. На пример, еден брачен советник забележал дека мнозина што посетувале еден негов семинар повеќе мислеле на својата кариера отколку на семејството. Имал чувство дека учесниците очекувале да дознаат некои „инстант решенија“ што ќе им помогнат „да го пречкртаат ‚семејството‘ од ‚списокот со задачи‘ и да си се посветат на работата“. Која е поуката од ова? Полесно е да се рече дека семејството ни е на прво место отколку да се стави на прво место.

Предлог: Со помош на следниве прашања, провери колку ти е важно семејството.

◼ Кога мојот брачен другар или детето сака да разговара со мене, дали одвојувам време да го сослушам?

◼ Кога зборувам со другите за моите активности, дали често зборувам за она што го правам со моето семејство?

◼ Дали би одбил дополнителни обврски (на работа или на друго место) ако моето семејство сака да поминувам повеќе време со нив?

Ако на прашањата одговори потврдно, можеби си мислиш дека на семејството си му го дал исправното место. Но, што би рекле за тебе твојот брачен другар и децата? Мислењето што го имаме за себеси не е единственото мерило кое покажува на кои работи вистински им даваме предност. Истото ова начело важи и за другите чекори што треба да се направат за да се изгради успешно семејство. Нив ќе ги разгледаме во ова списание.

Донеси цврста одлука. Размисли за еден-два начина на кои би можел да покажеш дека семејството ти е најважно. (На пример: Можеби би можел да скратиш од работите што ти го одземаат времето кое би го поминал со семејството.)

Кажи им ја својата одлука на другите во семејството. Кога еден во семејството ќе покаже спремност да се менува, и другите ќе бидат поспремни да го сторат истото.

[Слика на страница 3]

Победник е оној родител кому брачниот другар и децата му се најважни

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели