Чекор 3 — тимска работа
„Подобро им е на двајца отколку на еден... Ако падне едниот, другиот ќе го подигне другарот свој“ (Проповедник 4:9, 10)
Што значи тоа. Успешните двојки го почитуваат начелото за поглаварство што го поставил Бог и кое е јасно изнесено во Библијата (Ефешаните 5:22-24). Сепак, и за мажот и за жената бракот е „наше“ и „ние“, а не „мое“ и „јас“. Кога работат тимски, не се чувствуваат како самци. Тие се „едно тело“ — библиски израз што не ја опишува само трајноста на бракот туку и блискоста меѓу партнерите (1. Мојсеева 2:24).
Зошто е важно. Ако не соработувате како тим, обичните ситници брзо можат да прераснат во големи проблеми. Тогаш ќе почнете да се концентрирате на мааните на другиот, наместо на проблемот што го имате. Но, кога работите како тим, вие сте како пилот и копилот со ист план на летање, а не како двајца пилоти во два различни авиона што летаат еден кон друг. Кога за нешто не се согласувате, трудете се да најдете практични решенија, наместо да губите време и сила обвинувајќи се еден со друг.
Предлог: Со помош на следниве прашања, провери каков тимски играч си ти.
◼ Дали на парите што ги заработувам гледам како на „мои пари“?
◼ Дали ги избегнувам роднините на мојот брачен другар, иако тој е близок со нив?
◼ За вистински да се релаксирам, дали морам да бидам подалеку од брачниот другар?
Донеси цврста одлука. Размисли за еден-два начина на кои би можел подобро да соработуваш со својот сопружник.
Би можел да го прашаш за предлози.
[Слика на страница 5]
Тимската работа подразбира дека соработувате како пилот и копилот со ист план на летање