ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 24-25
  • Катакомбите во Одеса — подземен лавиринт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Катакомбите во Одеса — подземен лавиринт
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прошетка низ подземјето
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Битката за тунелот
    Разбудете се! 1994
  • Најдолгиот патнички тунел на светот
    Разбудете се! 2002
  • Подземниот свет на Париз
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 24-25

Катакомбите во Одеса — подземен лавиринт

НА СВЕЖО малтерисаниот ѕид во еден тукушто реновиран стан се појави долга пукнатина. „О не! Катакомбите ни ја накривиле зградата“, почна да се жали домаќинот.

Сеедно каков проблем настанал — дали пукнала цевка или се отворила дупка на некоја улица — дежурен виновник се тунелите под Одеса, прекрасниот украински град покрај Црното Море. Се проценува дека овие тунели имаат вкупна должина од околу 2.500 километри и најверојатно се најголемите катакомби во светот.

‚Како ли настанале овие тунели?‘ — се чудевме. ‚Каква улога имаат во животот на луѓето кои живеат над нив?‘ Одговорот го добивме кога отидовме да ги разгледаме.

Прошетка низ подземјето

Заедно со една група возбудени годишноодморци и студенти тргнавме со автобус од железничката станица во Одеса. Додека одевме накај катакомбите, туристичкиот водич ни даде општ преглед на нивната историја.

Дознавме дека копањето на катакомбите најверојатно започнало во 1830-тите години, кога на градот му бил потребен евтин и лесно достапен градежен материјал. Било многу погодно што под самиот град имало богати наслаги на лесен и траен жолт варовник. Сечењето камен станало профитабилен бизнис за градот кој постојано се ширел. Како што се вадел каменот, така се формирале катакомбите.

Под градот почнал да се создава еден лавиринт кој се ширел без никаков ред и план. Тунелите биле копани повеќе од 35 метри под земјата. Понекогаш се вкрстувале на различни нивоа. Јамите биле напуштани откако ќе се исцрпел варовникот од нив и почнувале да се копаат нови. Со текот на времето, оваа мрежа од тунели се проширила и кон селските подрачја.

За кратко време, нашиот автобус пристигна во Нерубајске, мало село близу до Одеса, на север од градот. Наскоро се најдовме пред еден ѕид од варовник со тешка метална порта поставена на влезот од катакомбите. Нашиот водич нѐ информира: „Ќе влеземе во делот во кој живееле советски партизани за време на Втората светска војна. Ќе добиете претстава каков им бил животот во катакомбите во тоа време“. Според Андриј Красножон, стручњак за катакомби, една група партизани живееле 13 месеци овде, под земја.

„Имајте на ум“, додаде нашиот водич, „дека, низ годините, и други луѓе живееле во различни делови од катакомбите. Меѓу нив имало и бандити, пирати и политички бегалци. Сите живееле во прилично слични услови.“

Влеговме во еден мрачен ходник кој исчезнуваше во темнината. „За партизаните, овие тунели не биле обични скривници. Во нив тие внеле и најразлични удобности“, рече нашиот водич. „Во заедничката просторија, под светлината на свеќите, мажите играле дама, шах или домино. Собите за мажи и за жени биле издлабени во карпата, понастрана од главниот тунел. Во ѕидот од секоја соба бил издлабен долап врз кој ставале пласт сено и служел за спиење. Болничкото крило било опремено со вистински кревети и со операциона сала. Жените готвеле на шпорет на дрва направен од жолтиот варовник, а чадот излегувал низ еден отвор што водел кон горниот тунел.“

Таванот на тунелот низ кој минувавме личеше на огромен природен сунѓер, само што не беше мек на допир. На ѕидовите, кои личеа на груба шмиргла, можеа да се видат траги од пила со која се сечеле камените блокови. „Кога излегувале надвор, партизаните се преоблекувале за да не можат Германците да ги намирисаат“, ни објасни нашиот водич. „Поради влагата во катакомбите, облеката добивала карактеристичен мирис.“

„Животот под земја имал и други одлики, како на пример, да се живее во црна темница“ рече водичот и го изгаси светлото. Не се гледаше прст пред око. „Не можеле нон-стоп да ги држат запалени своите газиени ламби.“ Додека го напипувавме ѕидот, додаде: „Карпата го апсорбира звукот. Тоа значи дека, ако се изгубите, никој нема да го чуе вашето викање“. За среќа, водичот повторно го вклучи светлото!

„Стражарите кои биле на должност работеле во смени кои траеле само два часа“, продолжи нашиот водич, „затоа што, при долготрајна изложеност на темнина и на апсолутна тишина, на човек може да почне да му се причинува дека слуша звуци.“ Низ една дупка на таванот од тунелот се гледаше еден друг тунел што минуваше над нашиот. Се прашував од каде доаѓа и каде води. Почувствував голема возбуда. „На карта се внесени само околу 1.700 километри од катакомбите“, забележа нашиот водич, „што значи дека има уште многу работа.“

Неодамна, истражувачите открија нови тунели. Во нив најдоа весници од пред еден век, газиени ламби од пред Руската револуција и пари од времето на царските династии. Недопрени со децении, овие предмети некогаш им припаѓале на станарите на темните и долги катакомби длабоко под Одеса. (Приложено.)

[Рамка/слика на страница 25]

АРХИТЕКТОНСКИ БОГАТСТВА

Во центарот на Одеса сѐ уште стојат прекрасни зданија подигнати од ископаниот жолт варовник. Во некои од нивните подруми има врати кои водат директно во катакомбите. Новите згради и понатаму се градат од жолт варовник.

[Слика на страници 24 и 25]

Болнички кревети што ги користеле советските сили во II светска војна

[Слика на страници 24 и 25]

Се смета дека катакомбите во Одеса имаат вкупна должина од околу 2.500 километри

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели