Семеен квиз
Дали тоа било добра одлука?
Прочитај Марко 12:41-44, а потоа разгледај ја сликата и запиши ги одговорите на празните линии.
1. Каде биле поставени садовите за прилози?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Марко 12:35; 13:1.
․․․․․
2. Зошто прилогот на вдовицата оставил силен впечаток врз Исус, иако се работело за мала сума?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Марко 12:28-30.
․․․․․
3. Зошто можеме да бидеме сигурни дека вдовицата не страдала, иако дала ‚сѐ што имала за живот‘?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Матеј 6:25, 31-33.
․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Дали мислиш дека оваа вдовица донела добра одлука? Зошто мислиш така? Што ќе се случи ако стекнеш навика великодушно да даваш? МАЛА ПОМОШ: Прочитај Лука 6:38; Дела 20:35.
ШТО ЗНАЕШ ЗА АПОСТОЛ ЈОВАН?
4. Дали верските водачи го сметале Јован за учен човек и добар говорник?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Дела 4:13.
․․․․․
5. Каква извонредна чест му била дадена на Јован?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Откровение 1:1-3.
․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Колку библиски книги напишал Јован? Како можеш да се угледаш на него?
ДЕЦА НАЈДЕТЕ ГИ СЛИКИТЕ!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
ОД ОВОЈ БРОЈ
Одговори на прашањата и дополни ги библиските стихови.
СТРАНИЦА 9 Што усреќува повеќе? (Дела 20:․․․)
СТРАНИЦА 9 По што се препознаваат учениците на Исус? (Јован 13:․․․)
СТРАНИЦА 21 Како може да влијае Божјиот мир? (Филипјаните 4:․․․)
СТРАНИЦА 22 До кого е близу Јехова? (Псалм 34:․․․)
● Одговорите се на 21. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 31. СТРАНИЦА
1. Во храмот.
2. Вдовицата му дала на Бог сѐ што можела.
3. Бог ветува дека ќе се грижи за нас ако го ставиме на прво место.
4. Не. Мислеле дека Јован е неук и обичен човек.
5. Да напише под водство на светиот дух некои делови од Библијата, меѓу кои и книгата Откровение.