ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 10-12
  • Запознај го планинскиот мрмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Запознај го планинскиот мрмот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Соработка и претпазливост
  • Свежина и добар сон
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Заветрина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
  • Дрвја што го издржуваат испитот на времето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 10-12

Запознај го планинскиот мрмот

Воздухот го распара гласно свиркање. Звучеше како некое дете да му свирка на своето другарче — само многу посилно. Свиркањето одекна низ планините и едвај можеше да се насети од каде доаѓа. Потоа забележав мал крзнен глодач кој јурна кон едно дувло во близината. Прирачникот што го носев со себе ја потврди мојата претпоставка — штотуку чув и видов еден планински мрмот.

СЛЕДНИТЕ неколку денови, научив многу работи за овие крзнени глодачи. Дознав на кои карпи сакаат да се сончаат, каде се наоѓаат нивните главни дувла и како преживуваат во тешките услови над шумскиот појас.

Соработка и претпазливост

Животот на алпските падини не е лесен за мрмотите. Зимите се студени, а нивното живеалиште може со месеци да биде покриено со снег. Освен тоа, ги демнат грабливци и од небо и на земја. Затоа, опстанокот им зависи од нивната соработка, планирање и претпазливост.

Мрмотите се организирани во семејства кои се состојат од еден родителски пар и нивните потомци. Секое семејство има по неколку дувла — едно служи како дом за семејството, а другите како засолништа кога се заканува опасност. Понекогаш мрмотите ги копаат своите дувла во пукнатините под големите карпи. Овие живеалишта слични на тврдини им служат како стражарски кули од кои имаат добра прегледност и како места за сончање и одмор.

Мрмотот има многу добри хигиенски навики. Нужда врши во посебна дупка за да не го валка дувлото во кое живее. На крајот од секое главно дувло, мрмотите копаат и една проширена дупка што ја обложуваат со трева. Оваа дупка е сигурно засолниште во кое се окотува женката, а служи и како прибежиште од студот. Во неа, сите од семејството спијат стуткани еден до друг за време на долгата зима.

Можеби најважната семејна одговорност е чувањето стража. Обично, еден возрасен мрмот стражари додека другите членови од семејството бараат храна во близината. За да провери дали им се заканува опасност и да добие поголема прегледност, мрмотот понекогаш се подига на задните нозе. Орлите, лисиците и луѓето се главна закана за планинскиот мрмот. Ако забележи една од овие опасности или некоја голема птица грабливка, стражарот веднаш огласува тревога. Интересно е што сигналот за орел — кој го напаѓа мрмотот најчесто од сите птици — е упадливо различен од другите. Штом ќе го чујат предупредувањето, мрмотите се упатуваат кон своите засолништа. Сите исчезнуваат под земјата додека да трепнеш!

Послушноста може да значи живот, посебно за младенчињата кои им се омилен деликатес на златните орли. Кога опасноста е најголема, стражарот се повлекува во најблиското дувло заедно со другите. По неколку минути, претпазливо ја вади главата надвор за да провери дали опасноста поминала.

Свежина и добар сон

На повисоките ливади, каде што живеат планинските мрмоти, расте изобилство трева што можат да ја пасат, а летните температури се умерени. Доколку времето е свежо, мрмотите се сончаат на некоја карпа. Високите температури им прават проблем бидејќи не можат да го соблечат својот крзнен капут. Од таа причина, тие се обично поактивни рано наутро и доцна попладне.

Несоницата дефинитивно не е проблем за планинските мрмоти — нивниот зимски сон трае шест месеци. Еден сроден вид, Marmota caligata, може да спие и до девет месеци. Додека планинскиот мрмот зимува, срцето му забавува дури и до 1 или 2 удари во минута, а телесната температура му се спушта на 5С°. Се разбира, за да се издржи толку долг пост, потребни се подготовки. Лете и во рана есен, мрмотите имаат незаситен апетит. Ова им помага да наталожат сало што ќе им трае во текот на долгиот зимски сон.

Младите мрмоти се палави и честопати се бркаат во круг. Гледав како три младенчиња се тркалаа удолу по зелената падина борејќи се меѓу себе. Мрмотите од секоја возраст се поздравуваат допирајќи си ги носевите. Членовите на семејството се поштат, а кога е ладно, се склопчуваат еден до друг за да се згреат.

Мрмотите се подготвуваат за иднината и секогаш се будни за опасностите (Јов 12:7). Можеби луѓето можат да научат нешто од овие глодачи за својот семеен живот.

[Истакната мисла на страница 11]

Мрмотите ги разубавуваат алпските ливади, а тоа што соработуваат како семејства сведочи за мудроста на нивниот Творец (Псалм 50:10)

[Истакната мисла на страница 12]

Обично, еден возрасен мрмот стражари додека другите членови од семејството бараат храна во близината

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели