ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/11 стр. 18-20
  • Како да се вклопам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се вклопам?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕПРЕКА 1: Изолација
  • ПРЕПРЕКА 2: Очај
  • Не седи со скрстени раце
  • Што ако не се вклопувам во ниедно друштво?
    Младите прашуваат
  • Зошто никогаш не ме викаат?
    Разбудете се! 2007
  • Треба ли да најдам подобри пријатели?
    Разбудете се! 2009
  • Зошто немам пријатели?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 4/11 стр. 18-20

Младите прашуваат

Како да се вклопам?

„Имам 21 година. Бидејќи овде нема млади на моја возраст, морам да се дружам или со средношколци или со брачни двојки. Првите се потресуваат околу писмени и испрашувања, а вторите се секираат за кредитите. Мене не ме интересира ни едното ни другото. Колку убаво би било да имам пријатели со кои имам заеднички работи!“ (Кармен)a

РЕЧИСИ секој, без оглед на возраста, сака да биде прифатен од другите. Сигурно и ти го сакаш тоа. Ова објаснува зошто толку боли кога другите те третираат како да си невидлив, „како да не постоиш за нив“, се жали Михаела (15).

Се разбира, ако си христијанин, имаш цело братство од кое можеш да избереш пријатели со кои ќе имаш нешто заедничко (1. Петрово 2:17). Сепак, понекогаш можеби се чувствуваш како да не припаѓаш никаде. „Кога се враќавме од христијанските состаноци, ќе седнев на задното седиште во колата и ќе плачев“, вели Хелена (20). „Колку повеќе се трудев да се вклопам, толку поразочарана бев.“

Што можеш да направиш ако и ти имаш чувство дека не припаѓаш никаде? За да дојдеме до одговор, најпрво да видиме 1) со какви луѓе ти е најтешко да се вклопиш и 2) како обично се однесуваш кога си со нив.

Стави ✔ до онаа група луѓе со кои мислиш дека не ти оди.

1. Возраст

□ помлади □ врсници □ постари

2. Способности

Луѓе кои се

□ спортски типови □ талентирани □ интелектуалци

3. Карактер

Луѓе кои се

□ самоуверени □ популарни □ крем-друштво

Сега стави ✔ до изјавата што најдобро опишува како обично се однесуваш кога си со оние што ги штиклираше погоре.

□ се преправам дека ме интересираат истите работи или дека имам исти способности.

□ не земам предвид што ги интересира нив и зборувам за она што ме интересира мене.

□ си ќутам и само чекам шанса да си заминам.

Сега, откако утврди со какви луѓе ти е тешко да се вклопиш и како си се справувал со ситуацијата, можеме да разгледаме што ќе ти помогне да си најдеш друштво. Но, пред тоа треба да бидеш свесен дека има некои работи што можат да ти бидат препрека во тоа и кои треба да ги избегнуваш.

ПРЕПРЕКА 1: Изолација

Причина. Кога си со луѓе со поинакви способности од тебе и кои ги интересираат други работи, лесно е да се чувствуваш како тринаесетто прасе, посебно ако си срамежлив. „Ми се стемнува кога морам да смислам како да започнам разговор“, вели Анита (18). „Се плашам дека ќе кажам нешто што не треба.“

Што вели Библијата. „Оној што се изолира, оди по своите себични желби, се спротивставува на секоја мудрост“ (Изреки 18:1). Значи, ако се повлечеш, тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Всушност, кога се изолираш од другите, влегуваш во еден магичен круг: тоа што си осамен те тера да мислиш дека никаде не се вклопуваш, тоа, пак, те тера да се повлечеш во себе па се чувствуваш осамен, а тоа те тера да мислиш дека никаде не се вклопуваш. И така остануваш заглавен, вртејќи се во круг, сѐ додека не решиш да смениш нешто!

„Другите не можат да ти ги читаат мислите. Ако не кажеш што сакаш, нема ни да го добиеш. Ако си повлечен, нема да имаш пријатели. Мора да го дадеш својот дел. Не е фер да си мислиш дека тоа се очекува само од другите. Пријателството е двонасочна улица“ (Мелинда, 19).

ПРЕПРЕКА 2: Очај

Причина. Некои толку очајно сакаат да се вклопат некаде што на крај запаѓаат во лошо друштво, мислејќи дека е подобро да имаш некакви отколку никакви пријатели. „Толку ми беше тешко што не бев меѓу популарните деца на училиште што речиси бев спремна да направам глупости само за да ме прифатат“, вели Рене (15).

Што вели Библијата. „Кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“, или, како што стои во преводот Радосна Вест, „кој оди со безумници — ќе се упропасти“ (Изреки 13:20). Немој погрешно да сфатиш — не мора да значи дека ‚безумните‘ за кои се зборува во овој стих не се интелигентни. Напротив, може да бидат и одлични ученици. Но, ако не ги почитуваат библиските мерила, за Бог тие се безумни. Нема ништо да постигнеш ако си како камелеон и ги менуваш боите за да се претопиш со другите — така само ќе се упропастиш (1. Коринќаните 15:33).

„Не е секој добро друштво. Не ти требаат пријатели со кои имаш чувство дека мораш да бидеш нешто што не си. Ти требаат пријатели кои вистински те сакаат и кои ќе ти помогнат кога ќе ти треба“ (Пола, 21).

Не седи со скрстени раце

Не чекај другите да дојдат кај тебе и да те викнат во нивно друштво. „Не можеме секогаш да очекуваме другите да ни пристапат нам“, вели Џин. „Мораме и ние да им пристапуваме ним.“ Еве два предлога што ќе ти помогнат во тоа:

Барај пријатели на различна возраст. По сѐ изгледа, меѓу Јонатан и Давид, ликови од Библијата, имало околу 30 години разлика, но сепак станале „најдобри пријатели“b (1. Самоилова 18:1, Contemporary English Version). Што учиме од ова? Дека може добро да ни оди и со возрасни! Кога ќе размислиш малку подобро, зошто да бараш пријатели само на твои години, а потоа да кукаш дека немаш друштво? Тоа би било како да умираш од глад на пуст остров, а насекаде околу тебе врие од риби! Факт е дека има добри луѓе во чие друштво би можел да се вклопиш. А еден начин да ги најдеш е ако ги бараш и меѓу оние што не се на твоја возраст.

„Мајка ми ме поттикна да пробам да разговарам со повозрасните во собранието. Ми рече дека ќе се изненадам колку заеднички работи имам со нив. Беше во право, и сега имам многу пријатели!“ (Хелена, 20).

Научи како да разговараш. За разговор потребен е труд, особено ако си срамежлив. Но, можеш да успееш. Клучот е во тоа 1) да слушаш, 2) да поставуваш прашања и 3) да покажеш искрен интерес.

„Гледам повеќе да слушам отколку да зборувам. А кога зборувам, гледам да не зборувам за себе и да не зборувам лошо за другите“ (Сара, 18).

„Ако некој сака да разговара за тема за која не знам многу, ќе го замолам да ми објасни малку повеќе, а тоа, пак, се надевам, ќе биде причина да разговара подолго со мене“ (Џеред, 21).

Можеби по природа си повлечен, и нема ништо лошо во тоа. Не мора да станеш најдруштвената личност! Но, ако мислиш дека не можеш да се вклопиш со никого, испробај ги предлозите од оваа статија. Можеби и ти ќе дојдеш до истиот заклучок како Лија. Таа вели: „Бидејќи сум срамежлива, морам да се присилам да зборувам со некого. Но, за да имаш пријатели, мораш и самиот да бидеш пријател. Затоа, почнав повеќе да зборувам“.

[Фусноти]

a Имињата во оваа статија се сменети.

b Најверојатно Давид бил тинејџер кога се спријателил со Јонатан.

[Рамка/слики на страница 19]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„На состанок се трудам да поразговарам барем со една личност со која никогаш порано не ми ни текнало да направам муабет. Сфатив дека почеток на едно пријателство може да биде и само еден поздрав!“

„Лесно беше да си седам назад и потоа да велам дека другите не ме сакаат и не ме дружат. Не беше толку лесно да сменам нешто во врска со тоа. Но, трудот се исплаќа, а ти помага и да се изградиш како личност“

„Полека научив да разговарам со возрасни. На почетокот ми беше многу чудно! Но, излезе дека тоа е за мое добро, затоа што уште како млада си стекнав доживотни пријатели што секогаш се тука за мене“

[Слики]

Лорен

Рејон

Кариса

[Рамка на страница 20]

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Кога бевте на мои години, дали и вам ви беше тешко да се вклопите со другите? Со какви луѓе ви одеше најтешко? Што направивте?

․․․․․

[Графикон на страница 20]

(Види во публикацијата)

„МАГИЧНИОТ КРУГ“ НА ОСАМЕНОСТА

ОСАМЕН сум, па затоа...

...мислам дека сум ОТФРЛЕН, па затоа...

...сум ПОВЛЕЧЕН, па затоа...

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели