ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/11 стр. 27
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Срамни страници од историјата“
  • Вода на Месечината
  • Златни шипки од „златомат“
  • Дали богатството на цар Соломон е преувеличено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Нешто многу повредно од злато
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Дали Месечината влијае врз Вашиот живот?
    Разбудете се! 2000
  • Заштита од сексуална злоупотреба во домот
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 4/11 стр. 27

Поглед во светот

„Повеќе од половина Руси мислат дека најдобар начин ‚да се решат проблемите‘ е со поткупување“ (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „РОЈТЕРС“, РУСИЈА).

„Една анкета покажа дека 17,5 отсто возрасни Кинези страдаат од ментални нарушувања... Шансите да дојде до растројства на расположението и анксиозни пореметувања се поголеми кај жените отколку кај мажите“ (CHINA DAILY, КИНА).

„Според најновите проценки на Американскиот совет за општа безбедност на граѓаните, најмалку 28% од сите сообраќајни несреќи во САД — или 1,6 милиони сообраќајки секоја година — се предизвикани од возачи што зборуваат на мобилен или што испраќаат/читаат СМС-пораки“ (UC BERKELEY WELLNESS LETTER, САД).

„Срамни страници од историјата“

„Извештајот на комисијата за истражување на случаи поврзани со сексуална злоупотреба обелоденува срамни страници од историјата на Ирска“, пишува во весникот The Irish Times. Според весникот, овој извештај открива минато извалкано со систематска злоупотреба на деца во католичките верски институции, и тоа во различни облици — од „тепање на деца чие единствено злосторство било тоа што имале вошки“ па сѐ до континуирана сексуална злоупотреба. Сето ова било игнорирано поради искривено чувство на лојалност кон „апсолутниот авторитет на Католичката црква“, стои во весникот. „Срам да им е на владата и на црквата“, гласеше еден наслов во Times, кој ги цитираше зборовите на една жена што сочувствува со жртвите.

Вода на Месечината

Научниците кои намерно срушија ракета на површината на Месечината велат дека забележале вода во облакот од прав што се кренал. Облакот бил испитан со спектрометри — инструменти што го анализираат составот на материјалите така што ја изолираат брановата должина на светлината која тие ја апсорбираат или ја емитуваат. „Ги разоткриваме мистериите на нашиот прв сосед, а со тоа и на целиот Сончев систем“, рече Мајкл Варго, научник од седиштето на НАСА во градот Вашингтон. Неодамна, една лунарна сонда откри дека на северниот пол на Месечината има милиони тони вода.

Златни шипки од „златомат“

Во неколку места низ светот, на долгиот список со производи што може да се добијат од автомат сега има и златни шипки. На пример, еден хотел во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, постави автомат со 320 различни производи, меѓу кои и златни шипки со тежина до 10 грама и златни монети. Цената на златото се ажурира на секои десет минути преку компјутерска врска со меѓународните пазари. Во почетокот, автоматот примаше само локална валута, но планирано е да работи и со кредитна картичка. Локацијата за оваа идеја беше избрана „поради големата побарувачка на злато во тој дел од светот“, пишува во еден извештај на „Ројтерс“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели