ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/11 стр. 21-23
  • Што велат родителите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што велат родителите
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Воспитување тинејџери — улогата на мудроста
    Разбудете се! 2008
  • Родителите прашуваат
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Комуникација со тинејџери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 10/11 стр. 21-23

Што велат родителите

Кога нивните деца ќе влезат во тинејџерски години, многу родители се соочуваат со сосема нови предизвици. Како да му помогнеш на детето успешно да ја помине оваа фаза од животот која, колку што те збунува тебе толку го збунува и него? Еве што велат некои родители од разни делови на светот.

ПРОМЕНИ

„Кога беше помал, син ми ќе ме послушаше за сѐ без приговор. Но, за време на тинејџерски години, како да изгуби доверба во мојот авторитет. Приговараше и на она што му го кажував и на начинот на кој му го кажував“ (Франк, Канада).

„Син ми зборува многу помалку од порано. Ако сакам да знам за што размислува, морам да го распрашувам, инаку тешко дека ќе ми каже нешто. Успех е да го натераш да ти одговори макар на едно прашање. Ќе ти одговори, ама мораш да се помачиш“ (Франсис, Австралија).

„Многу е важно да си стрплив. Понекогаш ти доаѓа да им се развикаш на децата, но резултатот ќе биде подобар ако прво се смириш и разговараш со нив!“ (Фелиша, САД).

КОМУНИКАЦИЈА

„Понекогаш ќерка ми како да подига заштитен ѕид околу себе, а понекогаш мисли дека ѝ наоѓам маани за сѐ и сешто. Морам често да ѝ покажувам дека ја сакам, дека сум на нејзина страна и дека ѝ го мислам најдоброто“ (Лиса, САД).

„Кога беа помали, децата сѐ ми кажуваа. Беше многу лесно да дознаеш што им е на ум. Сега е многу важно да им покажам дека имам разбирање за нив и дека ги почитувам како личности. Само така ќе бидат спремни да ми кажат што мислат и како се чувствуваат“ (Нан-хи, Кореја).

„Не е доволно само да им забраниш нешто на тинејџерите. Мораме да разговараме со нив, мораме да им изнесеме причини ако сакаме да допреме до нив. За да дознаеме што мислат, мораме да ги сослушаме, дури и кога кажуваат нешто што не ни е баш пријатно“ (Далила, Бразил).

„Ако морам да ја искарам ќерка ми, гледам да не го правам тоа пред други луѓе, туку насамо“ (Една, Нигерија).

„Понекогаш, додека разговарам со син ми, паметот ќе ми отиде на нешто што треба да го сработам и тогаш не го слушам сконцентрирано. Тој го забележува тоа, и мислам дека тоа е една од причините зошто не зборува многу со мене. Морам да се трудам повнимателно да го слушам ако сакам да биде отворен со мене“ (Мирјам, Мексико).

ОСАМОСТОЈУВАЊЕ

„Отсекогаш ме плашеше помислата дека треба да им дадам поголема слобода на моите тинејџери и затоа често доаѓаше до расправии. Еднаш решив отворено да зборувам со нив. Им објаснив зошто имам такви чувства, а потоа тие ми објаснија зошто сакаат поголема слобода. Успеавме да дојдеме до заеднички договор според кој тие добија поголема слобода, но јас им поставив разумни граници“ (Едвин, Гана).

„Син ми сакаше да му купам мотор. Јас толку бев против што почнав да го карам и да му ги кажувам сите негативни страни на тоа да се има мотор, без да му дадам можност тој да се изјасни. Тоа го налути и уште повеќе запна да купи мотор! Решив да пробам со поинаков пристап. Му предложив да најде колку што може повеќе информации за моторите, на пример кои се опасностите, колкави се трошоците и што е потребно за да се добие дозвола. Му реков и да побара совет од некои зрели христијани во собранието. Сфатив дека, наместо да го притискам, подобро е да го поттикнам слободно да зборува за сѐ со мене. Така се зближивме“ (Хај-јонг, Кореја).

„Им имавме поставено граници на децата, но постепено им дававме поголема слобода за некои работи. Колку поодговорни беа, толку поголема слобода добиваа. Им дававме можност да си ја заслужат слободата и им покажувавме дека и ние им го посакуваме тоа. Но, ако ни ја изневереа довербата, неизбежно им следуваше казна“ (Дороте, Франција).

„Никогаш не си ги спуштав мерилата. Но, кога децата беа послушни, бев спремна да правам отстапки. На пример, понекогаш им дозволував да се вратат подоцна од договореното време. Но, ако задоцнеа повеќе од еднаш, знаеја дека ќе има последици“ (Ил-хјун, Кореја).

„Колку посовесен и поодговорен е еден работник, толку пообѕирен ќе биде неговиот шеф со него. Така и мојот син гледа дека, колку посовесно и поодговорно се држи за границите што му ги имам поставено, толку поголема слобода добива постепено. Знае дека, исто како што еден работник ќе биде казнет ако не си ги исполни задолженијата, така и тој може да си ги изгуби повластиците што ги заслужил ако не се однесува одговорно“ (Рамон, Мексико).

[Истакната мисла на страница 22]

„Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари“ (Изреки 22:6)

[Рамка/слики на страница 23]

СЕМЕЕН ПРОФИЛ

„Тинејџерските години на децата се убаво искуство за родителите“

Џозеф: Моите две постари ќерки се на тинејџерска возраст и гледам дека е многу важно да ги сослушам и да ги земам предвид нивните гледишта. Тоа што сум спремен искрено да си ги признаам своите пропусти и што покажувам почит кон моите ќерки кога разговараме помага да имаме отворена комуникација. Сѐ на сѐ, мислам дека тинејџерските години на децата се убаво искуство за родителите ако го следат водството од Божјата Реч, Библијата.

Лиса: Забележав дека, кога нашата најстара ќерка влезе во пубертет, ѝ требаше моето внимание повеќе од кога и да било порано. Се сеќавам дека со часови седев со неа за да ја сослушам, да разговараме и да ја бодрам. Јас и маж ми им ставаме до знаење на нашите ќерки дека слободно можат да зборуваат со нас за сѐ и дека ќе ги почитуваме нивните чувства. Се трудам да го применувам мудриот совет од Јаков 1:19, каде што се вели дека човек треба „да биде брз на слушање, а бавен на зборување“.

Викторија: Мајка ми ми е најдобра другарка. Не познавам никој друг што е толку мил и грижлив како неа — и тоа не само со нас туку со сите. Збор со кој би можела најдобро да ја опишам е „искрена“. За мене таа е незаменлива.

Оливија: Татко ми е грижлив и великодушен човек. Секогаш е спремен да им помогне на другите, дури и кога ние немаме многу. Знае да биде сериозен, ама знае и стварно да направи супер атмосфера. Тој е најдобриот татко, и мило ми е што е мој татко!

„Нема кога да ни биде досадно!“

Сони: Кога девојчињата имаат некаков проблем, седнуваме како семејство и разговараме за тоа. Секогаш сме отворени меѓу себе и донесуваме одлуки на темел на библиските начела. Освен тоа, јас и Инес гледаме да имаат добри и духовно зрели пријатели. Нашите пријатели се и нивни пријатели, и обратно, нивните пријатели се и наши пријатели.

Инес: Имаме исполнет живот и правиме многу работи заедно како семејство. Како Јеховини сведоци проповедаме, ја проучуваме Библијата, и лично и како семејство, а вклучени сме и во доброволни акции — на пример, кога ќе се случи некоја несреќа и кога се градат Сали на Царството. Но, сето ова го зачинуваме со добра рекреација. Нема кога да ни биде досадно!

Келси: Татко ми знае да сослуша и секогаш се советува со целото семејство пред да донесе некоја голема одлука. Секогаш кога ми треба помош — макар и само разговор — мајка ми е тука за мене.

Саманта: Мајка ми ми дава чувство дека сум сакана, дека многу ѝ значам — понекогаш дури и несвесно. Знае да сослуша. Важно ѝ е како ми е. Со ништо на светот не би го менувала нашето пријателство.

[Слики]

Семејството Камера: Џозеф, Лиса, Викторија, Оливија и Изабела

Семејството Запата: Келси, Инес, Сони и Саманта

[Слика на страница 22]

Родителите може да им дадат извесна слобода на своите деца, но треба да им постават и разумни граници

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели