ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/11 стр. 24-25
  • Која е целта на еден родител?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која е целта на еден родител?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто целосната контрола не дава резултати
  • Научи го на практични работи
  • Тинејџерските години — врата кон зрелост
    Разбудете се! 2011
  • Кога детето се сомнева во твоите верувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Комуникација со тинејџери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Родителите прашуваат
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 10/11 стр. 24-25

Што вели Библијата

Која е целта на еден родител?

ШТО од следново би сакал да стане твоето дете?

А. Твоја копија.

Б. Бунтовник чија мисија во животот е да стане сушта спротивност на тебе.

В. Одговорна личност што донесува мудри одлуки.

Некои родители ќе облежат под В но, всушност, се однесуваат како најмногу да им лежи опцијата под А. Тие се обидуваат да му ги наметнат своите вредности на својот тинејџер, на пример, со тоа што му кажуваат каква кариера да избере. Каков е резултатот од тоа? Штом ќе се осамостои малку, нивното дете со трчање тргнува во спротивниот правец. Иронично, но многу родители што се трудат да го добијат резултатот од опцијата под А, на крај имаат деца како оние што се опишани во опцијата под Б.

Зошто целосната контрола не дава резултати

Сигурно сакаш твојот тинејџер да израсне во одговорна личност што донесува мудри одлуки. Но, како можеш да го постигнеш тоа? Едно е сигурно: Одговорот не е во тоа да го контролираш детето во сѐ. Да разгледаме две причини.

1. Не е библиски да го контролираш детето во сѐ. Јехова Бог ги создал луѓето со слободна волја. Тој им дозволува да изберат по кој пат ќе тргнат во животот, било добар било лош. На пример, кога во Каин се насобрал гнев и му дошла мисла да го убие брат му Авел, Јехова му рекол: „Ако почнеш да правиш добро, зарем нема да ми бидеш мил? Но ако не правиш добро, гревот демне на вратата и копнее по тебе. А ти, ќе го надвладееш ли?“ (1. Мојсеева 4:7).

Забележи дека Јехова му дал јасен совет на Каин, но не го присилил да го прифати. Каин морал да избере дали ќе го надвладее гневот или не. Што учиме од ова? Ако Јехова не сака да ги присили своите творби да го слушаат, не треба ни ти да го правиш тоа со твојот тинејџер.a

2. Кога сакаш да имаш целосна контрола, обично добиваш спротивен ефект. Замисли си дека си во продавница и пред тебе стои наметлив продавач. Колку повеќе навалува да ти продаде нешто толку повеќе се противиш. Дури и ако ти треба она што ти го нуди, веројатно ќе те одбие неговиот пристап. Одвај чекаш да побегнеш.

Нешто слично може да се случи и ако се обидуваш на твоето дете да му ги наметнеш своите вредности, верувања и цели. Ќе ги прифати ли? Тешко! Всушност, твојот пристап може да го постигне токму спротивното — да создаде кај твоето дете одбивност кон твоите мерила. Многу често се случува да пропаднат обидите на родителите што сакаат да имаат целосна контрола над своите деца. Тогаш, што можеш да направиш?

Наместо да се обидуваш да му го контролираш животот на својот тинејџер, наметнувајќи му ги своите вредности како кога беше помал, помогни му да сфати зошто е мудро да го прави она што е исправно. На пример, ако си Јеховин сведок, укажи му дека, на долги патеки, ќе има многу поисполнет живот ако се држи за Божјите начела (Исаија 48:17, 18).

Поучи го со својот пример. Биди личност каква што сакаш да биде и тој (1. Коринќаните 11:1). Јасно покажи според кои мерила избираш да живееш (Изреки 4:11). Ако твојот тинејџер го засака Бог и неговите мерила, ќе донесува мудри одлуки, дури и кога ти не си крај него (Псалм 119:97; Филипјаните 2:12).

Научи го на практични работи

Како што беше кажано на 2. страница од ова списание, ќе дојде ден — можеби тебе ќе ти се види и пребрзо — кога твоето дете ќе стане возрасен човек и „ќе ги остави татка си и мајка си“ (1. Мојсеева 2:24). Како родител, треба да се погрижиш да ги научи работите што му се потребни за да може да живее самостојно. Да разгледаме неколку такви работи на кои можеш да го поучиш сега, додека живее со тебе.

Домашни работи. Знае ли твојот тинејџер да зготви нешто? Знае ли да си ги пегла алиштата? Да си ја чисти собата и да ја одржува уредна? Да врши некои основни поправки низ дома и на автомобилот? Ако ги научат овие работи, твојот син или ќерка еден ден полесно ќе можат да си водат свое домаќинство. Апостол Павле рекол: „Сум научил да бидам задоволен во секакви околности“ (Филипјаните 4:11).

Меѓучовечки односи (Јаков 3:17). Колку добро се сложува твоето дете со другите? Знае ли пријателски да ги решава несогласувањата? Си го научил ли да се однесува со почит кон луѓето и мирно да ги расчистува споровите? (Ефешаните 4:29, 31, 32). Библијата вели: „Почитувајте го секого“ (1. Петрово 2:17).

Пари (Лука 14:28). Можеш ли да му помогнеш на твојот тинејџер да научи некој занает, да се држи за одреден буџет и да не запаѓа во долгови? Си го научил ли да штеди за да го купи она што му е потребно, да не го купува првото нешто што ќе го види и да биде задоволен со основните работи? (Изреки 22:7). Павле напишал: „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8).

Тинејџерите што ќе научат да живеат според исправни вредности и кои научиле практични работи, спремни се да зачекорат кон зрелоста. Нивните родители ја постигнале целта! (Изреки 23:24).

[Фуснота]

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во Стражарска кула од 1 февруари 2011, страници 18 и 19.

ШТО МИСЛИШ?

● Која е твојата цел како родител? (Евреите 5:14)

● Каква одговорност ќе има твоето дете како возрасен човек? (Исус Навин 24:15)

[Слики на страница 25]

Што би сакал да стане твоето дете?

Твоја копија

Бунтовник

Одговорна личност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели