ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/11 стр. 16
  • Самоостречкиот заб на морскиот еж

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самоостречкиот заб на морскиот еж
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Зошто да одиме на заболекар?
    Разбудете се! 2007
  • Како да имате убава насмевка
    Разбудете се! 2005
  • Долгата и болна историја на забоболката
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 11/11 стр. 16

Случајно или создадено?

Самоостречкиот заб на морскиот еж

● Со помош на своите пет заба, морскиот еж може да издупчи вдлабнатина во карпа за да се скрие. И покрај сето дупчење и стругање, забите на морскиот еж остануваат остри. „Тоа не може да се каже за ниеден од алатите за сечење или дупчење што ги знаеме и ги користиме“, вели Пупа Гилберт, професорка по физика на Универзитетот Висконсин-Медисон во САД. Во што е тајната на морскиот еж?

Размисли: Забот на морскиот еж се состои од кристали кои се цврсто споени заедно. Меѓутоа, „на секој од забите, на конкретни места има слаби точки“, вели проф. Гилберт. Послабиот органски материјал на овие места — како дупчињата на перфорирана хартија — овозможува да падне излижаниот слој на забот под кој веќе има нов остар раб. Бидејќи забот постојано расте на едниот крај и самиот се остри на другиот крај, тој никогаш не отапува. За забот на морскиот еж, проф. Гилберт вели дека е „една од малкуте структури во природата што сами се острат“.

Сознанијата за начинот на кој забот на морскиот еж сам се остри им се добредојдени на алатничарите. Теоретски, овие сознанија би можеле да се применат за изработка на алати што сами се острат при употреба. „Клучот лежи во механизмот што го користи морскиот еж“, вели проф. Гилберт.

Што мислиш? Дали самоостречкиот заб на морскиот еж настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон на страница 16]

(Види во публикацијата)

Морски еж

Петте заба

Заб што расте

[Слика на страница 16]

Варовнички плочки

[Слика на страница 16]

Изострен заб

[Извор на слика на страница 16]

И двете фотографии: Со љубезна дозвола на Pupa Gilbert/University of Wisconsin-Madison

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели