ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/11 стр. 12-13
  • Божиќното дрво во претхристијанската ера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божиќното дрво во претхристијанската ера
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за Божиќ?
    Одговор на библиски прашања
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Еден пагански празник станал христијански
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 12/11 стр. 12-13

Божиќното дрво во претхристијанската ера

ВО МНОГУ делови од светот, зимзеленото божиќно дрво е неизоставен дел од празниците и бизнисот поврзан со нив. Докази за врската меѓу ова дрво и верските обичаи има уште многу рано во човечката историја.

Такви докази може да се најдат во провинцијата Бохуслан на западното крајбрежје на Шведска и во соседната провинција Остфолд во Норвешка. Во тие краишта, на околу 5.000 локации откриени се над 75.000 цртежи на карпа. Археолозите велат дека многу од цртежите се направени помеѓу 1800 и 500 год. пр.н.е.a

Овие неверојатни цртежи откриваат нешто за верувањата на луѓето што живееле долго пред раѓањето на Исус од Назарет. На пример, некои истражувачи сметаат дека во дамнешни времиња во некои области од денешна Шведска и Норвешка, зимзелените дрвја, како што е смреката, се користеле како свети симболи.

Зошто луѓето што живееле во тие приморски места на крајниот север цртале смреково дрво? Според некои научници, тоа делумно се должи на претпоставката дека тие дрвја биле реткост во претхристијанската ера кога цртежите биле направени. Сосем е разбирливо што едно дрво кое секогаш е зелено, односно „живо“ кога другите се чини како да умираат на студено време, претставувало вистинска мистерија.

Во многу култури низ светот дрвјата биле симбол на животот, опстанокот и бесмртноста. Овој факт може да биде едно објаснување зошто на карпите во Бохуслан и Остфолд биле нацртани дрвја што многу личат на зимзелена смрека, со векови пред ова дрво да стане вообичаено за тој крај.

Во книгата Цртежи на карпи во пограничните подрачја (Rock Carvings in the Borderlands), издадена во соработка со Бирото за национално наследство на Шведска, се вели: „Цртежите на карпа на кои се претставени дрвја покажуваат дека, во поглед на религијата и културата, јужниот дел од Скандинавија бил тесно поврзан со останатиот дел од Европа и голем дел од Азија уште во бронзената ера. Религијата и изучувањето на редот во вселената биле приспособени за да одговараат на луѓето кои се занимавале со земјоделство и сточарство. Тие главно ги обожавале истите богови, иако во разни места имале различни имиња“.

Една брошура издадена од Музејот во Бохуслан понатаму објаснува: „Целта на оние што ги правеле цртежите не била да го прикажат секојдневниот живот. Според нашето мислење нивните цртежи претставувале еден вид молитва или повикување на боговите“. Во брошурата уште се вели: „Верувањата главно се вртеле околу вечниот животен циклус, плодноста, смртта и повторното раѓање“ (The Rock Carving Tour).

Опишувајќи една уникатна збирка на дела на симболичка уметност, која настанала долго пред народите во северна Европа да создадат свое писмо, шведската национална енциклопедија, Nationalencyklopedin, го вели следново: „Има значителен број на слики со сексуална конотација, што покажува колку важно место заземал култот на плодноста во религијата на народите од Северот во бронзената ера“.

По сѐ изгледа, обичаите поврзани со зимзелените дрвја се рашириле и биле прифатени на многу места. Во врска со божиќното дрво, Encyclopædia Britannica вели: „Обожавањето на дрвото било карактеристично за паганските народи во Европа. Оваа практика останала и откако го примиле христијанството“. Дрвото било вклучено во разни обреди и обичаи, вклучувајќи го и „обичајот... за време на зимските празници да се поставува божиќно дрво на влезот од куќата или внатре“.

Популарноста на зимзеленото дрво нагло пораснала во 1841 год. кога британското кралско семејство накитило една смрека за Божиќ. Денес божиќното дрво е препознатлив симбол во целиот свет, а се чини дека никогаш не престанува побарувачката на безброј милиони вакви природни или вештачки дрвја. Меѓутоа, цртежите на карпа пронајдени во Скандинавија се нем сведок дека божиќното дрво нема никаква врска со христијанството.

[Фуснота]

a Некои од локациите во Бохуслан на кои се пронајдени цртежи на карпа се ставени на Списокот на светското наследство на УНЕСКО.

[Истакната мисла на страница 12]

Цртежите на карпа потврдуваат дека паганското обожавање на зимзеленото дрво потекнува уште од времето пред Христос

[Слики на страница 13]

Цртежи на кои се прикажани дрвја во 1) Торсби, 2) Бацка и 3) Локеберг (Шведска)

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на Stiftelsen för dokumentation av Bohusläns hällristningar

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели