ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/12 стр. 22-23
  • Батик — прекрасна индонезиска ткаенина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Батик — прекрасна индонезиска ткаенина
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Спој на боја и восок
  • Од генерација во генерација
  • Облека од батик
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Имав многу исполнет живот
    Разбудете се! 2011
  • Бојадисување — некогаш и денес
    Разбудете се! 2007
  • Боите и ткаенините во библиски времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 6/12 стр. 22-23

Батик — прекрасна индонезиска ткаенина

БАТИКОТ се користи со векови и никогаш не излегува од мода. Го носат благородници на важни свечености, но и трговци на пазарите. Батикот е прекрасен, разнобоен и неверојатно сестран. Но што е батик? Како се изработува? Од каде потекнува? И како се користи денес?

Батикот ги влече своите корени уште од памтивек. Различните дезени се добиваат со една посебна техника на бојадисување и се составен дел од животот и културата во Индонезија. Слични ткаенини се популарни низ целиот свет.

Спој на боја и восок

Изработувачот користи мала бакарна алатка полна со течен восок. Со неа рачно црта сложени дезени на парче ткаенина. Откако восокот ќе се исуши, ткаенината се бојадисува. Деловите поминати со восок не ја попримаат бојата. Овој процес се повторува повеќе пати со разни бои за да се добијат живи дезени.

Кон средината на 19 век, изработувачите на батик нанесувале восок со бакарни печати. Оваа метода била побрза отколку цртањето со рачна алатка и овозможувала да се произведуваат идентични парчиња ткаенина. Во 20 век, фабриките почнале да прават машински дезени. Сепак, сѐ уште може да се најде рачно изработен батик. Но, на пазарот позастапен е машински печатениот.

Батикот обично се прави од памук или од свила. Боите се добиваат од лисје, дрва, кори и зачини што се застапени на тоа подрачје, но се користат и синтетички бои. Пред восокот да влезе во употреба, за да се добијат шарите се користела животинска маст, посебна смеса од зеленчук, па дури и кал. Денес најчесто се употребува синтетички восок. Но, се користи и мешавина од парафин и пчелин восок.

Од генерација во генерација

Никој не знае точно кога и каде настанал батикот. Во Кина се најдени парчиња што датираат од шестиот век од н.е. Сѐ уште не се знае кога почнала да се изработува оваа ткаенина во Индонезија, но има докази дека во 17 век оваа земја веќе тргувала со батик.

Во последниве децении, батикот е сѐ побаран и стана симбол на индонезискиот национален идентитет. Во 2009 год., по повод долгата историја на батикот во Индонезија и неговото влијание врз локалната култура, УНЕСКО ја прогласи оваа ткаенина за индонезиско „Нематеријално културно наследство на човештвото“.

Облека од батик

Постојат традиционални начини на кои се носи, се преклопува и се изработува батикот, а врз нив влијаат локалните верувања и суеверија. Многу индонезиски провинции имаат батик со свои карактеристични бои и мотиви. На пример, батикот од северното крајбрежје на Јава е со светли бои и обично со мотиви на цвеќе, птици и други животни. Меѓутоа, батикот од централниот дел на Јава најчесто е со помалку бои, а мотивите обично се геометриски дезени. Евидентирани се околу 3.000 различни дезени на батик.

Традиционална облека од батик е селендангот — марама или парче ткаенина што жените ја носат преку рамото. Во неа жените обично ги ставаат бебињата или работите што ќе ги купат на пазар. Но, во жешките денови, марамата често се носи и на глава.

Мажите носат еден вид турбан наречен икет кепала. Парчето батик е четвртесто и се врзува на главата како турбан. Обично се носи на разни церемонии.

Друг вид популарна облека од батик е саронгот — четвртесто парче батик што се замотува околу телото. Понекогаш двата краја од парчето се зашиени во облик на цевка. Саронгот се прицврстува на половината и се пушта да паѓа врз нозете. Тоа е еден вид комотна сукња која ја носат и мажите и жените.

Батикот се користи за речиси сите стилови облека — од спортски панталони до свечени фустани. Но овој материјал се користи и за слики, како ѕиден украс, како чаршаф за маса, прекривач за кревет итн. На пазарите во Индонезија, туристите можат да најдат чанти, сандали, абажури, па дури и навлаки за лаптоп од батик. Оваа неверојатна ткаенина нуди безброј можности!

[Слика на страница 23]

Со мала бакарна алатка полна со течен восок рачно се цртаат сложени дезени

[Слика на страница 23]

Ткаенината со дезенот исцртан со восок повеќепати се потопува во боја

[Слики на страница 23]

Облека од батик

1. Селенданг

2. Икет кепала

3. Саронг

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели