ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/12 стр. 14-15
  • Речник завршен по 90 години

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Речник завршен по 90 години
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што содржи речникот
  • Дали навистина е завршен?
  • Древното клинесто писмо и Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали археологијата ѝ дава поткрепа на Библијата?
    Разбудете се! 2007
  • Кога била пишувана Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Треба ли да научиш хебрејски и грчки?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 12/12 стр. 14-15

Речник завршен по 90 години

ВО 1621 год., еден италијански истражувач пронашол дотогаш непознато писмо во урнатините на древниот персиски град Персеполис. Во текот на 19 век, археолозите кои истражувале во Ирак ископале голем број слични написи на глинени плочки и на ѕидовите на палатите. Со овие текстови биле зачувани месопотамските јазици што ги зборувале некои владетели меѓу кои и Саргон II, Хамураби и Навуходоносор II. Писмото кое било обликувано со зашилен клин станало познато како клинесто писмо.

Написите напишани со ова писмо одиграле клучна улога за да се дојде до повеќе сознанија за големите цивилизации во древна Месопотамија. Изучувачите кои работеа на дешифрирањето на овие документи ја увидоа потребата од обемен речник на акадски јазик со кој се сродни асирскиот и вавилонскиот дијалект.

Овој огромен проект го отпочна Ориенталниот институт при универзитетот во Чикаго (САД) во 1921 год. Проектот беше завршен во 2011 год., по цели 90 години. Резултат од таа напорна работа е монументалниот Асирски речник во 26 тома, со повеќе од 9.700 страници. Во него се опфатени јазици и дијалекти што се користеле во Иран, Ирак, Сирија и Турција, од третиот милениум пр.н.е. до 100 год. од н.е.

Асирскиот речник од 26 тома има повеќе од 9.700 страници!

Зошто овој речник е толку обемен? Зошто требаше толку време за да се состави? И кому би му користел?

Што содржи речникот

„Речникот не е само список со зборови“, објаснува Гил Штајн, директор на Ориенталниот институт во Чикаго. Напротив, „со тоа што дава информации за потеклото и употребата на секој збор, овој уникатен речник е, всушност, енциклопедија за месопотамската култура, историја, општество, литература, закон и религија. Тој е многу важна алатка за секој изучувач кој ги истражува пишаните записи на месопотамската цивилизација“.

Уште на самиот почеток, издавачите сфатиле дека „за да се одреди точното значење на еден збор, мора да се најдат сите места каде што се појавува тој, а потоа да се соберат и доволно големи извадоци за да се утврди значењето на зборот во одреден контекст“. Така речникот станал збирка на цитати и преводи од оригиналните делови од текстот на клинесто писмо во кои се појавуваат утврдените зборови.

Во последните два века биле откриени милиони текстови на клинесто писмо кои зборуваат за најразлични теми. Асиро-вавилонскиот, или акадскиот јазик, бил меѓународен дипломатски јазик на Блискиот Исток. Луѓето од таа област пишувале дела, тргувале, ги изучувале математиката, астрономијата и магијата, донесувале закони, имале различни професии и биле религиозни. Значи, нивните записи на сите овие, а и на други теми ни даваат изобилство информации.

Овие записи не опишуваат некоја сосема непозната цивилизација. „Повеќето работи за кои зборуваат се вообичаени и денес — изрази на страв и гнев, изрази на љубов, копнеж по љубов“, вели Метју Столпер, професор по асирологија на универзитетот во Чикаго, кој повремено работел на проектот во период од 30 години. „Постојат записи од цареви кои се фалат со својата моќ, но и записи од други лица кои покажуваат дека тие цареви всушност и не биле толку моќни“, продолжува тој. И во текстови пронајдени во Нузи, во денешен Ирак, се документирани законски спорови од пред 3.500 години околу наследство на вдовица, наводнување нива и позајмено магаре.

Дали навистина е завршен?

Во овој проект свој придонес дадоа многу изучувачи од целиот свет. Вработените во институтот во текот на неколку децении пополнија скоро 2.000.000 картички кои покажуваат како се употребувал одреден збор. Првиот том излезе од печат во 1956 год. Оттогаш, излегоа уште 25 тома. Целиот речник чини околу 1.600 евра, но е достапен бесплатно на Интернет.

За да се заврши речникот беа потребни цели 90 години. Сепак, оние што учествуваа во овој огромен проект признаваат дека тој си има и свои недостатоци. Една статија на оваа тема вели: „Тие сѐ уште не го знаат значењето на одредени зборови, а бидејќи постојано се откриваат нови записи... речникот никогаш нема целосно да биде завршен“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели