ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/13 стр. 8-11
  • Среќата со пари не се купува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Среќата со пари не се купува
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Пари
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 10/13 стр. 8-11

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Среќата со пари не се купува

ИМА многу луѓе што се во опасност да ја изгубат работата, домот, па дури и да останат без пензија, а сепак се опседнати со купување зашто мислат дека со парите ќе можат да си купат и среќа. Каков апсурд!

Таквите луѓе се лесен плен за рекламната идустрија, која со своите привлечни реклами сака да ни каже дека мораме да имаме поголема куќа, подобра кола и брендирана облека. Немаш пари? Нема проблем, купувај на кредит! На мнозина им е најважно да остават впечаток дека добро стојат финансиски, а всушност се во долгови до гуша.

Но, кога-тогаш реалноста ќе те гризне. Во книгата Епидемија на нарцизам (The Narcissism Epidemic) се вели: „Купувањето раскошни работи на кредит за да изгледаш и да се чувствуваш како победник е исто како да земаш дрога за да се чувствуваш подобро. Во почетокот и двете се евтини и функционираат супер, но не за долго. На крајот, остануваш без скршена пара и паѓаш во депресија“.

Библијата кажува колку е бесмислено да го ‚истакнуваме својот имот‘ (1. Јованово 2:16). Факт е дека опседнатоста со материјални работи ни го одвлекува вниманието од најважните работи во животот — работи кои не можат да се купат со пари. Да разгледаме три такви работи.

1. СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО

Бриен,a тинејџерка од САД, смета дека татко ѝ им придава преголема важност на работата и на парите што ги заработува. Таа вели: „Имаме сѐ што ни треба, па дури и повеќе, ама татко ми никогаш не е дома. Постојано е некаде на пат. Знам дека тоа му е дел од работата, ама мислам дека треба да поминува време и со своето семејство“.

Размисли: За што може да жали подоцна татко ѝ на Бриен? Како се одразува на неговиот однос со ќерка му тоа што става преголем акцент на материјалните работи? Што му треба на неговото семејство повеќе од пари?

Библиски начела:

  • „Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури... си нанесоа многубројни болки“ (1. Тимотеј 6:10, Радосна Вест).

  • „Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов отколку згоен јунец таму каде што има омраза“ (Изреки 15:17).

Заклучок: Среќата со пари не се купува. Семејството ќе биде среќно само ако поминувате време заедно и си покажувате љубов и внимание (Колошаните 3:18-21).

2. ВИСТИНСКА СИГУРНОСТ

„Мајка ми цело време ми кажува дека треба да се омажам за некој богат и да се школувам за да можам да најдам добра работа и да бидам обезбедена за цел живот“, вели Сара (17). „Изгледа дека единствено нешто што ѝ се врти низ глава се парите.“

Размисли: Кога помислуваш на иднината, кои работи те загрижуваат? Како би можеле тие грижи да станат претерани? Како би можела мајка ѝ на Сара да има поурамнотежено гледиште за финансиската сигурност?

Библиски начела:

  • „Престанете да собирате богатство на земјата, каде што молецот и ’рѓата нагризуваат и каде што крадци провалуваат и крадат“ (Матеј 6:19).

  • „Не знаете каков ќе ви биде животот утре“ (Јаков 4:14).

Заклучок: Трупањето пари не носи вистинска сигурност. На крајот на краиштата, парите може да бидат украдени — а и не можат да излечат болест или да спречат смрт (Проповедник 7:12). Библијата истакнува дека можеме да чувствуваме вистинска сигурност само ако го запознаеме Бог и неговата намера (Јован 17:3).

3. ВНАТРЕШНО ЗАДОВОЛСТВО

„Родителите ме научија да живеам скромно“ вели Тања (24). „Јас и мојата сестра близначка бевме среќни додека растевме иако честопати ги имавме само основните работи.“

Размисли: Зошто не е секогаш лесно да се биде задоволен со основните работи? Како твојот став кон парите влијае врз твоето семејство?

Библиски начела:

  • „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8).

  • „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3).

Заклучок: Парите и она што може да се купи со нив не се најважните работи во животот. Библијата вели: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15). Најголемо задоволство во животот наоѓаме кога го знаеме одговорот на важни животни прашања, како што се:

  • Зошто сме тука?

  • Што ни носи иднината?

  • Како можам да ги задоволам моите духовни потреби?

a Имињата во оваа статија се сменети.

Патот до среќата?

Во книгата Епидемија на нарцизам пишува: „Во глобала, луѓето што се насочени кон материјални работи се понесреќни и подепресивни. Дури и луѓето кои едноставно сакаат да имаат малку повеќе пари имаат послабо ментално здравје. Кај нив се забележува и послабо физичко здравје, на пример, имаат главоболки, болки во грлото и во грбот и се посклони да пијат и да се дрогираат. Очигледно, стремежот за повеќе пари ги прави луѓето несреќни“.

„Промена на вредностите“

„Кога, во 1960-тите и во почетокот на 1970-тите беа запрашани зошто одат на факултет, на повеќето студенти најмногу им значеше ‚да бидат образовани личности‘ или ‚да развијат своја животна филозофија‘. Помал број од нив рекоа дека главна причина зошто одат на факултет е ‚да заработат многу пари‘. Веќе во почетокот на 1990-тите, поголем број од студентите рекоа дека најважна причина да се оди на факултет е ‚да се заработат многу пари‘... Со ваквата промена на вредностите, меѓу студентите доаѓа до драстичен пораст на стапката на депресија, самоубиства и други психолошки проблеми“ (The Price of Privilege — Цената на повластицата, од д-р Медлин Левајн).

„Шопинг терапија“

Според д-р Медлин Левајн, купувањето понекогаш има улога на „терапија“ која во извесна мера им го подобрува расположението на луѓето кога се чувствуваат разочарани од семејството, општеството и од црквата. Во книгата Цената на повластицата, д-р Левајн пишува: „Купувањето е еден начин на кој можеме да влијаеме врз нашето опкружување. Купувачот смета дека тој има контрола над своите пари, а тоа му дава чувство на моќ. Но ваквата моќ е само залажување... Вистинската моќ, всушност, ја имаат големите корпорации и нивните рекламни агенти, кои се платени да ги наведат потрошувачите да мислат дека со купување на нивните производи ќе се здобијат со голема моќ“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели