ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/13 стр. 14-15
  • Депресија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Депресија
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е депресија?
  • Дали тој што има депресија самиот е виновен за тоа?
  • Како да се бориш со депресијата?
  • Како можете да помогнете
    Разбудете се! 2001
  • Утеха за потиштените
    Утеха за потиштените
  • Да се откријат корените
    Разбудете се! 2001
  • Депресија — битка со чувствата
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 10/13 стр. 14-15
[Слика на страница 14]

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Депресија

Што е депресија?

„Ме обзеде немир, целиот се подгрбавив, по цел ден одам натажен“ (Псалм 38:6)

ШТО ВЕЛАТ СТРУЧЊАЦИТЕ

Одвреме-навреме сите се чувствуваме потиштено, но клиничката депресија е сериозно нарушување кое трае долго време и влијае врз секојдневниот живот. Добро е да се забележи дека сите стручњаци не се согласуваат со тоа што е „нормална“ тага, а што „депресија“. Сепак, може да се каже дека некои луѓе имаат силни негативни чувства, понекогаш придружени со чувства на безвредност и претерана вина.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата зборува за многу мажи и жени кои се бореле со негативни чувства. На пример, Ана била „огорчена во душата“ — израз што би можел да се преведе и како „со скршено срце“ и „длабоко вознемирена“ (1. Самоилова 1:10). Еднаш, пророкот Илија бил толку нажален што го молел Бог да му го земе животот (1. Царевите 19:4).

Христијаните од првиот век требало да ги ‚тешат потиштените души‘ (1. Солуњаните 5:14). Според една книга, изразот „потиштените души“ може да се однесува на оние што „привремено се скршени од стресот што го носи животот“. Очигледно, дури и верни мажи и жени од библиски времиња понекогаш се чувствувале депримирани.

Дали тој што има депресија самиот е виновен за тоа?

„Целото создание заедно воздивнува и... е во болка сѐ досега“ (Римјаните 8:22)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата кажува дека болестите се последица од побуната на првиот човечки пар. На пример, во Псалм 51:5 читаме: „Во престап сум роден, во грев ме зачна мајка ми“ (Псалм 51:5). А во Римјаните 5:12 е објаснето дека „преку еден човек [првиот човек, Адам] гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“. Поради тоа што сме наследиле несовршеност од Адам, сите ние се разболуваме, и физички и емоционално. Библијата вели дека, како резултат на тоа, „целото создание заедно воздивнува и... е во болка“ (Римјаните 8:22). Но, Библијата дава и надеж каква што не може да даде ниту еден лекар — Бог ветува нов мирољубив свет во кој ќе нема никаква болест или нарушување, вклучувајќи ја и депресијата (Откровение 21:4).

Како да се бориш со депресијата?

„Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18)

ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА

Не можеш секогаш да влијаеш врз твоите околности и неизбежно е одвреме-навреме да ти се случат лоши работи (Проповедник 9:11, 12). Но, постојат некои практични работи што можеш да ги направиш за негативните чувства да не ти го контролираат животот.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата отворено кажува дека на оние што се болни им треба лекар (Лука 5:31). Затоа, ако страдаш од некакво растројство на расположението кое те онеспособува нормално да функционираш, нема ништо погрешно во тоа да побараш лекарска помош. Исто така, Библијата кажува од колку голема помош може да биде молитвата. На пример, во Псалм 55:22 пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне“. Молитвата не е „апче за смирување“, туку вистинска комуникација со Јехова Бог, кој е „близу до оние што се скршени во срцето“ (Псалм 34:18).

Исто така, од голема помош може да ти биде ако му ги довериш своите чувства на некој близок пријател (Изреки 17:17). „Еден соверник љубезно ме поттикна да зборувам за мојата депресија“, вели Даниела, која е Јеховин сведок. „Иако со години избегнував да зборувам за мојата состојба, по кратко време сфатив дека токму тоа ми требаше. Бев изненадена колку ми олесна.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели