ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/15 стр. 3-5
  • Што стана со домашното воспитување?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што стана со домашното воспитување?
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Родителите го губат авторитетот над децата
  • Мислењата се менуваат
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Воспитување кое дава добри резултати
    Разбудете се! 2015
  • Обѕирни деца во себичен свет
    Разбудете се! 2013
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 4/15 стр. 3-5
1. Четиригодишно дете држи играчка; 2. Петгодишно девојче со скрстени раце; 3. Дванаесетгодишно момче со раката на колкот

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Што стана со домашното воспитување?

Во изминатите децении, семејниот живот во западните земји драстично се промени. Порано, родителите имаа авторитет, а децата им беа послушни. Но денес, во многу семејства работите се сменети. Размисли за следниве ситуации.

  • Додека е во продавница со својата мајка, едно 4-годишно дете посегнува по играчка. Бидејќи не сака да му ја купи, мајката вели: „Нели веќе имаш многу играчки?“ Во тој момент се покајува што му поставила прашање. Детето почнува да вика: „Ама ја сакам“. За детето да не добие напад на бес, нешто што често се случува, мајката му ја купува играчката.

  • Едно петгодишно девојче го прекинува својот татко кој разговара со друг човек. Тоа вели: „Досадно ми е. Сакам да си одиме дома!“ Таткото застанува на сред реченица, се наведнува кон ќеркичката и со мил глас ѝ вели: „Само уште неколку минути, тато, важи?“

  • Наставничката повторно се жали дека 12-годишниот Џејмс ѝ се развикал. Татко му на Џејмс е вознемирен, но не поради тоа што го направил неговиот син, туку поради наставничката. „Те зела на пик“, му вели на Џејмс. „Ќе ја кажам на училишниот одбор!“

Овие ситуации се измислени, но не се далеку од вистината. Тие покажуваат со колку сериозен проблем се соочуваат семејствата во кои родителите замижуваат пред дрскоста на своите деца, им ги исполнуваат сите желби и ги „спасуваат“ од последиците на нивното лошо однесување. Во една книга пишува: „Сѐ почесто може да се види како родителите им го препуштаат својот авторитет на децата. До пред некое време, на децата им беше јасно дека тие треба да ги слушаат родителите, а не родителите нив“ (The Narcissism Epidemic).

Се разбира, многу родители се трудат да им всадат на своите деца исправни вредности со својот добар пример, но кога е потребно и со своите строги совети дадени на љубезен начин. Во книгата што ја цитиравме погоре пишува дека родителите што го прават ова „пливаат спротивно на течението на реката“, односно постапуваат спротивно од она што е општоприфатено.

Како дошло до ова? Што стана со домашното воспитување?

Родителите го губат авторитетот над децата

Некои велат дека родителите почнаа да го губат својот авторитет во 1960-тите кога експертите ги поттикнуваа родителите да бидат попопустливи кон своите деца. Тие велеа: ‚Не се поставувај како авторитет, туку како пријател‘, ‚Подобро да го пофалиш детето отколку да го критикуваш‘, ‚Наместо да го искараш кога ќе направи нешто лошо, труди се да забележиш кога ќе направи нешто добро‘. Експертите не ги поттикнуваа родителите да одржуваат рамнотежа меѓу пофалбата и критиката. Напротив, укажуваа дека, ако родителите ги караат своите деца, тие ќе бидат ранливи во емоционален поглед и, кога ќе пораснат, ќе ги презираат своите родители.

До неодамна, експертите истакнуваа колку е важна самопочитта. Тие мислеа дека конечно ја открија тајната за тоа што значи да се биде добар родител. Експертите советуваа: Направи сѐ за твоите деца да имаат добро мислење за себе. Се разбира дека е важно да им помогнеш на децата да стекнат самодоверба. Но, поборниците на оваа идеја отидоа во крајност затоа што им велеа на родителите: ‚Немојте да користите зборови како не и лошо‘ и ‚Продолжете да им кажувате на своите деца дека се посебни и дека можат да станат сѐ што ќе посакаат‘. Со тоа како да велеа дека е поважно децата да мислат дека се добри отколку да бидат добри.

Родители претерано го воздигнуваат своето дете кое седи на престол

Идејата на експертите предизвика децата да мислат дека се господари

Некои луѓе сметаат дека оваа идеја направи децата да мислат дека се господари над целиот свет. Во една книга во врска со воспитувањето на децата пишува дека многу млади „не се подготвени да прифатат критика или неуспех, нешто што е составен дел од животот“ (Generation Me). Еден татко цитиран во оваа книга, вели: „Во светот на бизнисот никој не се грижи за твојата самопочит... Ако отидеш кај шефот со лош извештај, тој нема да ти рече: ‚Ми се допаѓа бојата на хартијата што си ја одбрал‘“. Понатаму во книгата стои: „Ако ги воспитуваш децата според оваа идеја, ќе им нанесеш огромна штета“.

Мислењата се менуваат

Низ годините, начинот на воспитување се менувал како што се менувале мислењата на стручњаците. Педагогот Роналд Мориш напишал: „Начинот на воспитување постојано се менува. Тоа е одраз на промените во општеството“.a Како што стои во Библијата, многу е лесно родителите да бидат ‚фрлани од бранови и носени ваму-таму од секој ветар на учењето‘ (Ефешаните 4:14).

Очигледно, идејата дека родителите треба да бидат попустливи со децата има негативни последици. Поради оваа идеја родителите почнаа да го губат авторитетот, а децата останаа без водството што им е потребно за да носат мудри одлуки и да стекнат исправна самопочит.

Тогаш, на кој начин треба да се воспитуваат децата?

a Нагласено од нас; од книгата Secrets of Discipline: 12 Keys for Raising Responsible Children.

На што ги учиш своите деца?

Замисли дека си во следниве ситуации.

  • По училиште и за време на викендите трчаш да ги однесеш децата на часови по англиски, на часови по пијано, на фудбалски тренинг и на други разни активности. ‚Исцрпена сум‘, си велиш, ‚ама моите деца знаат дека ми се најважни во животот и дека сѐ би направила за нив. Зар тоа не значи да се биде добра мајка?‘

    Размисли: До каков заклучок ќе дојдат децата ако гледаат дека мајка им ги троши последните сили само за тие да бидат активни? Со текот на времето, можеби ќе помислат дека возрасните, особено родителите, постојат само за да ги задоволуваат нивните желби.

    Подобар пристап: Дај им до знаење на децата дека и ти имаш свои потреби. Ова ќе им помогне да научат да бидат обѕирни кон другите, вклучувајќи те и тебе.

  • Си пораснал со татко кој бил груб и постојано те критикувал. Затоа одлучуваш да постапуваш со своите деца на сосема спротивен начин. Ја користиш секоја прилика за да ги пофалиш твоите две синчиња, дури и кога не направиле нешто што заслужува пофалба. Можеби си велиш: ‚Важно е децата да имаат убаво мислење за себе. Ако се уверени дека се многу добри, ќе ја стекнат самодовербата што ќе им биде потребна за да успеат во животот‘.

    Размисли: На што ги учиш своите деца ако постојано ги опсипуваш со „празни пофалби“, односно ги пофалуваш само за да се чувствуваат убаво? Како тоа што ставаш преголем акцент на самопочитта на твоите деца може да им наштети сега и подоцна во животот?

    Подобар пристап: Биди урамнотежен. Немој постојано да ги критикуваш децата, но немој ни постојано да ги пофалуваш. Кажувај им пофалби само тогаш кога ќе има вистинска причина за тоа.

  • Имаш две девојчиња на пет и шест години. Поголемата ќеркичка лесно се лути и постапува непромислено. Вчера, во лутина ја удрила својата сестричка по раката. Можеби се прашуваш како да се справиш со оваа ситуација. Си велиш: ‚Наместо да ја искарам, ќе се обидам да разговарам со неа. За да не ѝ оставам емоционални лузни, нема да ѝ кажам дека тоа што го направи е лошо‘.

    Размисли: Дали е доволно само да разговараш со едно шестгодишно девојче? Дали навистина е погрешно да ѝ кажеш дека постапила „лошо“ со тоа што ја удрила својата сестра?

    Подобар пристап: Јасно и на љубезен начин кажи му на твоето дете какви последици ќе има ако се однесува лошо и стој си на зборот. Тоа ќе му помогне на детето да го смени своето однесување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели