ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 5 стр. 16
  • „Ова е супер!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ова е супер!“
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Влијание на видеокасетите што даваат сведоштво
    Нашата служба за Царството 2002
  • Нејзината иницијатива била наградена
    Разбудете се! 2002
  • Нов видеоклип за започнување библиски студии
    Нашата служба за Царството 2014
  • Јеховини сведоци — Организацијата зад името
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 5 стр. 16
Еден педагог од Јужна Кореја прикажува видеоклип од интернет-страницата jw.org додека држи предавање

„Ова е супер!“

СУ-ЈУНГ, која е педагог во едно средно училиште во Јужна Кореја, на своите часови користи видеоклипови од интернет-страницата jw.org. Таа вели: „Реакцијата на учениците на видеоклипот Што е вистински пријател? е неверојатна! Откако ќе заврши, обично велат: ‚Никогаш не сум гледал на пријателството на ваков начин. Ова е супер!‘ Некои од нив рекоа дека ја посетуваат оваа страница секогаш кога им треба совет“. Су-јунг додава: „Им го препорачав овој видеоклип на многу други педагози. Им беше драго што на своите часови ќе можат да користат нешто ново и толку интересно“.

Друг видеоклип кој исто така бил корисен за многу ученици во Јужна Кореја е поучната анимација Победи ги насилниците без тупаници. Една професорка која соработува со една фондација за превенција на малолетничко насилство го покажала овој видеоклип во еден клас. „Цртежите од него го привлекуваат вниманието на многу млади“, вели таа. „Видеоклипот е корисен и затоа што им покажува не само како да постапат кога некој е насилен кон нив туку и како да не се најдат во таква ситуација.“ Фондацијата побарала дозвола да го користи овој видеоклип во своите предавања кои се одржуваат во многу основни училишта, и тоа им било одобрено. Видеоклиповите од jw.org ги користи дури и полицијата.

Ако досега не си ја посетил оваа страница, зошто не го направиш тоа? Освен што е лесна за користење, сѐ што се наоѓа на неа — аудио и видео материјали, како и Библијата и многу други публикации — можеш да ги преземеш бесплатно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели