ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 10-11
  • Прошири го кругот на пријатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прошири го кругот на пријатели
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Коренот на проблемот
  • Библиско начело
  • Како ќе ни помогне тоа што ќе го прошириме кругот на пријатели
  • Што можеш да направиш
  • Тие ги надминале предрасудите
    Разбудете се! 2020
  • Покажувај љубов
    Разбудете се! 2020
  • Треба ли да си го проширам кругот на пријатели?
    Младите прашуваат
  • Како да ја задоволиме потребата од пријатели
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 10-11
Четири жени од различна раса си зборуваат и се смеат додека нивните деца си играат заедно во еден парк.

Прошири го кругот на пријатели

Коренот на проблемот

Ако ги избегнуваме луѓето од групите за кои имаме негативно мислење, нашите предрасуди само уште повеќе ќе се продлабочат. А ако се дружиме само со луѓе кои се како нас, тогаш може да почнеме да си мислиме дека начинот на кој ние размислуваме и се однесуваме, и нашите ставови се најдобри.

Библиско начело

„Широко отворете ги своите срца“ (2. КОРИНЌАНИТЕ 6:13).

Што учиме од ова? Кога зборуваме за нашето срце, честопати мислиме на нашите чувства. Ако ни се мили само луѓето што се слични на нас, во нашето срце ќе нема место за другите. За да не дојде до тоа, мора свесно да се трудиме да се спријателуваме со оние што се поинакви од нас.

Како ќе ни помогне тоа што ќе го прошириме кругот на пријатели

Кога ќе ги запознаеме другите подобро, ќе ни стане појасно зошто ги прават работите поинаку од нас. И тогаш не се концентрираме на разликите, туку стануваме поблиски со нив. Почнуваме повеќе да ги цениме и да имаме поголемо разбирање за нив.

Да го разгледаме примерот на Назаре која порано имала предрасуди кон мигрантите. Таа објаснува што ѝ помогнало: „Кога почнав да се дружам и да работам со нив, видов дека нема ни трошка вистина во она што другите го кажуваа за нив. Кога ќе се спријателиш со луѓе од поинаква култура, сфаќаш дека не можеш да ги ставиш сите во ист кош. Почнуваш да ги гледаш како поединци и да ги сакаш и да ги цениш како поединци“.

Биди претпазлив

Некои луѓе избираат да живеат на начин со кој си штетат и себеси, но и на другите. Затоа да внимаваме кого ќе избереме за свој пријател. Ако не сакаме да се дружиме со луѓе што се нечесни или неморални, тоа не значи дека имаме предрасуди. Мудро е да не избираме пријатели кои не живеат според нашите морални мерила. Но, од друга страна, нема ни да правиме нешто со што би им наштетиле или би им ги ускратиле нивните права (Изреки 13:20).

Што можеш да направиш

Барај прилики да поразговараш со луѓе кои се од друга земја, од друга етничка група или луѓе кои зборуваат друг јазик. Што би можел да направиш? Еве неколку предлози:

  • Замоли ги да ти раскажат нешто за себе.

  • Покани ги да јадете заедно.

  • Слушај додека ти раскажуваат за нив и дознај кои работи им се важни во животот.

Ако се потрудиш да разбереш низ што сѐ поминале и како тоа ги обликувало како личности, можеби ќе почнеш да гледаш позитивно и на другите што припаѓаат на таа група.

Реален пример: Кандасами и Сукама (Канада)

„Пораснавме во Јужноафриканската Република за време на апартхејдот. Луѓето од различни раси беа принудени да живеат одвоено едни од други, а тоа, пак, уште повеќе ги подгреваше предрасудите. Ние не сме белци и воопшто не ги сакавме белците затоа што нѐ гледаа од високо. Во тоа време не сметавме дека имаме предрасуди кон белците. Напротив, сметавме дека ние сме жртви на предрасуди.

За да го смениме својот став, решивме да почнеме да се дружиме со луѓе што се со поинакво потекло. Почнавме да се дружиме и со некои белци и тогаш сфативме дека и не сме многу различни. Сите имаме слични околности и слични проблеми.

Еднаш дури одлучивме во нашиот дом на подолго време да престојува еден брачен пар кои беа белци. Тоа ни овозможи подобро да се запознаеме. За кратко време се спријателивме и не гледавме разлики меѓу нас. Како резултат на тоа, се смени и нашето мислење за белците.“

Вистински браќа

Џони и Гидион се поздравуваат со деца пред салата за состаноци на Јеховините сведоци.

Иако се од различна раса и имале различни политички ставови, Џони и Гидион станале блиски пријатели.

Гледај го видеоклипот Џони и Гидион: некогаш непријатели, а сега браќа. Овој видеоклип можеш да го најдеш на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели