ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g21 Бр. 3 стр. 6-7
  • Што ни откриваат живите организми

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ни откриваат живите организми
  • Разбудете се! 2021
  • Сличен материјал
  • Дали навистина постои едноставна форма на живот?
    Пет важни прашања за потеклото на животот
  • Конструирани да живееме вечно
    Разбудете се! 1996
  • Две важни прашања
    Разбудете се! 2015
  • Зошто полемика?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2021
g21 Бр. 3 стр. 6-7
Напречен пресек на клетка од квасец.

Клетката на квасецот е неверојатно сложена. Таа има јасно дефинирано јадро со ДНК и микроскопски машини кои распределуваат, пренесуваат и модифицираат молекули. И сето ова е неопходно за клетката да остане жива.

Што ни откриваат живите организми

Живи организми растат, се движат и се размножуваат насекаде околу нас. Тие ѝ даваат на нашата планета уникатна убавина. И, денес човештвото знае многу повеќе за живите организми од кога и да било порано. Што ни откриваат живите организми во врска со потеклото на животот? Размисли за следново.

Сложеноста на живите организми укажува на тоа дека биле создадени. За клетките се вели дека се градбени блокови на животот. Во овие ситни фабрики се одвиваат илјадници многу сложени процеси кои ѝ овозможуваат на клетката да остане жива и да се дели. Таква сложеност се среќава дури и кај наједноставните форми на живот. На пример, размисли за пекарскиот квасец кој е едноклеточен организам. Во споредба со една човечка клетка, клетката на квасецот може да изгледа едноставно. Но, всушност, таа е неверојатно сложена. Во неа има јасно дефинирано јадро со ДНК. Во клетката на квасецот има и микроскопски „машини“ кои распределуваат, пренесуваат и модифицираат молекули — чекори кои се неопходни за овие организми да живеат. Кога клетката на квасецот повеќе нема со што да се храни, во неа започнуваат сложени хемиски процеси кои ја забавуваат нејзината активност. Тоа му овозможува на пекарскиот квасец да остане неактивен, но сепак жив, долго време во кујната сѐ додека повторно не се активира при процесот на правење леб.

Научниците веќе со децении ги проучуваат клетките на квасецот со цел подобро да ги разберат човечките клетки. Но, има уште многу да се истражува на ова поле. Роз Кинг, професор по машинска интелигенција на технолошкиот универзитет Чалнерс во Шведска, вели: „Нема доволно биолози за да ги направиме сите потребни експерименти со цел да разбереме како функционира една едноставна клетка како што е клетката на квасецот“.

Што мислиш ти? Дали тоа што клетките на квасецот се толку сложени е доказ дека некој ги создал? Дали една таква клетка можела да настане случајно?

Живот може да настане само од живот. ДНК е составена од молекули наречени нуклеотиди. Секоја човечка клетка содржи 3,2 милијарди нуклеотиди. Прецизниот редослед според кој се подредени нуклеотидите формира специфичен код кој ѝ овозможува на клетката да создава ензими и протеини.

Шансите дури и наједноставниот синџир од нуклеотиди случајно да го формира исправниот редослед се 1 спрема 10150 (единица со 150 нули). Да се случи такво нешто едноставно е невозможно.

Факт е дека со ниту еден научен експеримент не е докажано дека живот може да настане случајно од нежива материја.

Човечкиот живот е уникатен. Како луѓе, ние поседуваме карактеристики кои ни овозможуваат потполно да уживаме во животот, и тоа на начини на кои другите живи суштества не можат. Креативни сме, друштвени сме и ги изразуваме нашите чувства. Препознаваме и уживаме во различни вкусови, мириси, звуци, бои и глетки. Правиме планови за иднината и бараме смисла во животот.

Што мислиш ти? Дали овие карактеристики еволуирале во нас затоа што ни биле потребни за да преживееме и за да се размножуваме? Или, дали е можно тие да се показател дека животот е дар од еден грижлив Творец?

Запознај го Адам — роботот кој бил направен за да ги проучува клетките на квасецот

Адам е со големина отприлика колку едно комбе. Тој има замрзнувач, роботски раце, камери, сензори и четири компјутери. Оваа софистицирана машина била направена со цел да изведува експерименти на клетки од квасец, и тоа го прави успешно без да биде управувана од човек.

Еден научник стои до роботот Адам кој е направен за да ги проучува клетките на квасецот.

Ако некој ти рече дека Адам настанал случајно, без некој да го дизајнира или да го направи, дали би му верувал? Веројатно не. Сепак, и наједноставната жива клетка е далеку посложена од еден робот. Ако роботот е дизајниран од некого, што е тогаш со живите клетки?

Природата изобилува со чудесно осмислени творби. За да дознаеш нешто повеќе за некои од нив, побарај статии и видеоклипови во рубриката „Случајно или создадено?“ на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели