ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g25 Бр. 1 стр. 10-11
  • Биди задоволен со она што го имаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди задоволен со она што го имаш
  • Разбудете се! 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ
  • Дали си научил да бидеш задоволен во сѐ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Можно ли е да се биде задоволен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?
    Одговор на библиски прашања
  • Зошто секогаш ме споредуваат со другите?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2025
g25 Бр. 1 стр. 10-11
Слики: 1. Еден татко со насмевка си заминува од едно градилиште по завршувањето на работната смена. 2. Подоцна, тој си игра со своите две деца и со своето куче надвор пред нивниот скромен дом додека жена му радосно ги гледа.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО РАСТЕЧКИТЕ ЦЕНИ

Биди задоволен со она што го имаш

Луѓето кои се задоволни со она што го имаат се приспособливи. Кога нивните околности ќе се сменат, тие се спремни да прават промени за да живеат во границите на своите можности.

ЗОШТО Е ВАЖНО

Психологот Џесика Келер увидела дека задоволните луѓе обично се попозитивни. Исто така, таа смета дека тие помалку им завидуваат на другите. Затоа не е за изненадување што задоволните луѓе обично се посреќни и не се толку под стрес. Всушност, некои од најсреќните луѓе немаат многу во материјален поглед. Тие, честопати, се среќни бидејќи многу ги ценат работите кои не може да се купат со пари, како што е радоста што ја носи времето поминато со семејството и пријателите.

„Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8).

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Немој да се споредуваш со другите. Ако го споредуваш твојот скромен начин на живот со луксузниот начин на живот на некој друг, би можел да станеш незадоволен, па дури и да почнеш да му завидуваш. Освен тоа, ваквите споредби може да не ја одразуваат реалноста. Некои кои поседуваат многу работи, всушност, може да се задолжени до гуша. Никол, која живее во Сенегал, вели: „Не ми требаат многу работи за да бидам среќна. Ако сум задоволна, можам да бидам среќна дури и кога другите имаат повеќе од мене“.

Предлог: Избегнувај да гледаш реклами или објави на социјалните мрежи кои го истакнуваат богатството и луксузниот начин на живот на другите.

„Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15).


Биди благодарен. Поголема е веројатноста дека некој ќе биде задоволен ако е благодарен. Благодарните луѓе обично не мислат дека им е потребно или дека заслужуваат нешто повеќе. Робертон, од Хаити, вели: „Си одвојувам време за да размислувам за добрите дела што другите ги направиле за мене и за моето семејство. Потоа, им кажувам на тие луѓе колку го ценам тоа. Исто така, го учам мојот осумгодишен син да се заблагодарува за сѐ што добива“.

Предлог: Води си дневник на благодарност. Секој ден запиши нешто за кое си благодарен. Тоа може да биде здравјето, семејството, вистинските пријатели, па дури и едно прекрасно зајдисонце.

„Кој има весело срце, на гозба е без престан“ (Изреки 15:15).

Понекогаш, сите ние водиме борба да бидеме задоволни со она што го имаме. Но, нашиот труд ќе се исплати. Кога избираме да бидеме задоволни, избираме и да бидеме среќни — уште нешто што не може да се купи со пари.

Ерик.

„Нашето семејство научи да биде задоволно. И тоа е од голема помош за нас. Поради тоа, темпото на нашиот живот успори, имаме повеќе време еден за друг и им се радуваме на работите што ги имаме“ (Ерик, САД).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели