ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g25 Бр. 1 стр. 14-15
  • Не губи надеж

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не губи надеж
  • Разбудете се! 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ
  • ШТО Е БОЖЈЕТО ЦАРСТВО, И ШТО ЌЕ НАПРАВИ?
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
  • Вистинска надеж за подобро утре
    Разно
  • Причини за надеж во 2023 — што вели Библијата?
    Разно
Повеќе
Разбудете се! 2025
g25 Бр. 1 стр. 14-15
Едно семејство е на пикник и ужива додека го гледа прекрасниот пејзаж кој е пред нив.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО РАСТЕЧКИТЕ ЦЕНИ

Не губи надеж

Дали трошоците за живот во твојата земја се поголеми од твоите примања? Загрижен ли си дали ќе можеш да се издржуваш себеси и своето семејство? Ако да, можеби имаш чувство дека твојата иднина е неизвесна. Сепак, дури и во такви тешки околности, важно е да не губиш надеж.

ЗОШТО Е ВАЖНО

Оние што имаат надеж посакуваат да се случат добри работи. Но, нивната надеж не е само пуста желба. Таа ги мотивира да преземат нешто и да го извлечат најдоброто од моменталната ситуација. На пример, истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат надеж...

  • обично се поиздржливи

  • се поприспособливи

  • носат помудри одлуки кои, меѓу другото, им помагаат да бидат поздрави и да имаат подобар живот

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Прво, дознај како Библијата може да ти помогне уште денес. Библијата содржи практични предлози кои може да ти помогнат да се справиш со растечките цени. Овие предлози, меѓу другото, може да ти помогнат да имаш поголема контрола врз твојот живот и да бидеш поподготвен да се соочиш со идни тешкотии.

„Способноста за расудување ќе внимава на тебе, проникливоста ќе те чува“ (Изреки 2:11).


Второ, дознај што вели Библијата за иднината. Кога ќе сфатиш колкава вредност има мудроста која се наоѓа во Библијата, можеби ќе бидеш поттикнат да дознаеш нешто повеќе за она што го вели оваа книга за иднината. На пример, ќе откриеш дека Бог не само што сака да имаш „иднина и надеж“ туку и обезбедил цврст темел за таа надеж (Еремија 29:11). Тој темел е Божјето Царство.

ШТО Е БОЖЈЕТО ЦАРСТВО, И ШТО ЌЕ НАПРАВИ?

Божјето Царство е влада која ќе преземе потполна контрола врз целата Земја (Даниел 2:44; Матеј 6:10). Под власта на оваа небесна влада, никој повеќе нема да страда, да биде сиромашен, сите ќе живеат во мир и секој ќе го има сето она што му е потребно за да биде среќен, како што се гледа од следниве библиски стихови.

„Ќе бидеш среќен и ќе ти биде добро“ (Псалм 128:2).

„[Поданиците на Царството] нема да се трудат залудно“ (Исаија 65:23).

„На земјата житото богато ќе роди“ (Псалм 72:16).

Милиони луѓе имаат доверба во овие ветувања бидејќи се уверени дека Бог „не може да лаже“ (Тит 1:2). Зошто и ти да не ја истражиш Библијата? Надежта за која таа зборува може да ти даде внатрешна сила за да се справиш со економските потешкотии и да ти влее доверба дека нѐ очекува подобра иднина.

Рамаз.

„Мојата надеж која се темели на Библијата ми помага да гледам на проблемите во светот како на нешто привремено. Тоа што размислувам за ова ми ја дава потребната сила за да излезам на крај со сѐ полошите економски услови“ (Рамаз, Грузија).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Дали навистина може да имаш доверба во она што Библијата го кажува за иднината? Гледај ги следниве видеоклипови на jw.org: Дали Библијата е книга од Бог? и Што е Божјето Царство?

Една жена зема Библија од полица.
    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели