ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 56
  • Саул — првиот цар на Израел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Саул — првиот цар на Израел
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Првиот цар на Израел
    Поуки од Библијата
  • „Послушноста е подобра од жртвите“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Врвни точки од книгата Прва Самоил
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Исус го избрал Савле
    Поуки од Библијата
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 56

Приказна 56

Саул — првиот цар на Израел

ВИДИ ГО Самоил како става масло врз главата на човекот. Тоа обично се правело за да се покаже дека некој е избран за цар. Јехова му рекол на Самоил да стави масло врз главата на Саул. Тоа било едно посебно масло со пријатен мирис.

Саул не мислел дека е доволно добар за да биде цар. ‚Јас сум од племето на Венијамин, кое е најмало во Израел‘, му рекол на Самоил. ‚Зошто велиш дека јас ќе бидам цар?‘ На Јехова му се допаднал Саул затоа што не се правел дека е некој голем и важен. Токму затоа го избрал за цар.

Но, Саул не бил сиромашен или мал човек. Тој потекнувал од богато семејство и бил многу убав и висок. Тој бил скоро за една глава повисок од сите во Израел! Саул, исто така, многу брзо трчал и бил многу силен. Народот бил радосен со тоа што Јехова го избрал Саул за цар. Целиот народ почнал да извикува: ‚Да живее царот!‘

Непријателите на Израел, како и секогаш, биле силни. Тие сѐ уште им правеле многу лоши работи на Израелците. По кратко време откако Саул бил поставен за цар, Амонците дошле да се борат против нив. Но Саул собрал голема војска и ги победил. Тоа придонело народот да се радува што Саул е цар.

Додека минувале годините, Саул ги водел Израелците во многу победи над нивните непријатели. Саул, исто така, имал храбар син кој се викал Јонатан. И Јонатан им помагал на Израелците да победат во многу битки. Филистејците сѐ уште им биле најголемите непријатели. Еден ден, илјадници Филистејци дошле да се борат против Израелците.

Самоил му рекол на Саул да чека додека тој да дојде и да му принесе жртва, односно дар на Јехова. Но, Самоил малку задоцнил. Саул се исплашил дека Филистејците ќе ја започнат битката, па затоа самиот ја принел жртвата. Кога конечно дошол, Самоил му рекол на Саул дека бил непослушен. ‚Јехова ќе избере друг човек за цар на Израел‘, рекол Самоил.

Подоцна Саул повторно бил непослушен. Затоа Самоил му рекол: ‚Подобро е да го слушаш Јехова отколку да му ги даваш како дар најдобрите овци. Бидејќи ти не го послуша Јехова, Јехова нема да те остави да бидеш цар на Израел‘.

Од ова можеме да извлечеме добра поука. Тоа ни покажува колку е важно секогаш да го слушаме Јехова. Исто така, ни покажува дека еден добар човек, како што бил Саул, може да се промени и да стане лош. Ние никогаш не сакаме да станеме лоши, нели?

1. Самоилова, поглавја 9-11; 13:5-14; 14:47-52; 15:1-35; 2. Самоилова 1:23.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели