ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 65
  • Царството е разделено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Царството е разделено
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Царството било поделено
    Поуки од Библијата
  • Јехова нема да ги остави оние што му се лојални
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Можел да биде близок со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Врвни точки од книгата Прва Цареви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 65
Пророкот Ахија ја кине на парчиња својата наметка додека зборува со Јеровоам

ПРИКАЗНА 65

Царството е разделено

ЗНАЕШ ЛИ зошто овој човек ја кине на парчиња својата наметка? Јехова му рекол да го стори тоа. Овој човек е Божјиот пророк Ахија. Знаеш ли што е тоа пророк? Тоа е човек кому Бог однапред му кажува што ќе се случи.

Ахија овде зборува со Јеровоам. Јеровоам бил човек кого Соломон го поставил да надгледува дел од неговите градежни работи. Кога го сретнал Јеровоам на патот, Ахија направил нешто чудно. Ја соблекол својата нова наметка и ја раскинал на 12 парчиња. На Јеровоам му рекол: ‚Земи за себе 10 парчиња‘. Знаеш ли зошто Ахија му дал на Јеровоам 10 парчиња?

Ахија му објаснил дека Јехова ќе му го одземе царството на Соломон и ќе му даде 10 племиња на Јеровоам. Ова значело дека само две племиња ќе му останат на Соломоновиот син Ровоам за да владее над нив.

Кога слушнал што му рекол Ахија на Јеровоам, Соломон многу се налутил. Тој се обидел да го убие Јеровоам. Но Јеровоам избегал во Египет. По некое време Соломон умрел. Тој бил цар 40 години, а по него бил поставен за цар неговиот син Ровоам. Во Египет Јеровоам слушнал дека Соломон е мртов, па се вратил во Израел.

Ровоам не бил добар цар. Тој бил уште полош кон луѓето отколку татко му Соломон. Јеровоам и некои други важни луѓе отишле кај царот Ровоам и го молеле да биде подобар кон народот. Но, Ровоам не ги послушал. Всушност, тој станал уште полош отколку порано. Затоа народот го поставил Јеровоам за цар на 10 племиња, но племето на Венијамин и племето на Јуда го задржале Ровоам како свој цар.

Јеровоам не сакал неговиот народ да оди во Ерусалим за да му се поклонува на Јехова во неговиот храм. Затоа направил две златни телиња и го убедил народот од 10-племенското царство да им се поклонува ним. Набрзо потоа земјата се исполнила со злосторства и насилство.

И во двоплеменското царство имало неволји. Не поминале ни пет години откако Ровоам станал цар, а царот на Египет дошол да се бори против Ерусалим. Тој однел од Јеховиниот храм големо богатство. Така, храмот само за кратко останал ист како кога бил изграден.

1. Царевите 11:26-43; 12:1-33; 14:21-31.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели