ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 72
  • Бог му помага на цар Езекија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог му помага на цар Езекија
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Верата на еден цар е наградена
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
  • Тој ни дава слободна волја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Да учиме од... Езекија
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Седум пастири, осум кнезови — кои се тие денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 72
Цар Езекија се моли, а пред Јеховиниот жртвеник има писма од царот на Асирија

ПРИКАЗНА 72

Бог му помага на цар Езекија

ЗНАЕШ ЛИ зошто овој човек му се моли на Јехова? Зошто ги наредил овие писма пред Јеховиниот жртвеник? Човекот е Езекија. Тој е цар на двете јужни племиња на Израел и се наоѓа во голема неволја. Зошто?

Затоа што асирските војски веќе ги уништиле 10-те северни племиња. Јехова дозволил да се случи тоа бидејќи тие луѓе биле многу лоши. А сега асирските војски дошле да се борат против двоплеменското царство.

Царот на Асирија му испратил писма на цар Езекија. Тоа се писмата кои Езекија ги ставил пред Бог. Во писмата бил исмејуван Јехова и му било порачано на Езекија да се предаде. Токму затоа Езекија се молел: ‚О Јехова, спаси нѐ од царот на Асирија. Тогаш сите народи ќе знаат дека само ти си Бог‘. Дали Јехова ќе ја исполни молитвата на Езекија?

Езекија бил добар цар. Не бил како лошите цареви на 10-племенското царство Израел или како својот лош татко, царот Ахаз. Езекија се трудел да постапува според сите Јеховини закони. Затоа, откако Езекија завршил со молитвата, пророкот Исаија му ја испратил следнава порака од Јехова: ‚Царот на Асирија нема да дојде во Ерусалим. Ниту еден од неговите војници нема ни да му се приближи. Нема да истрелаат ниту една стрела на градот‘.

Мртви војници лежат на земја во логорот на асирската војска

Погледни ја сликата на оваа страница. Знаеш ли кои се сите тие мртви војници? Тие се Асирци. Јехова испратил ангел и, во една ноќ, ангелот убил 185.000 асирски војници. Затоа, царот на Асирија се откажал и се вратил дома.

Двоплеменското царство било спасено, и народот имал мир некое време. Но, откако умрел Езекија, цар станал неговиот син Манасија. Манасија и неговиот син Амон, кој владеел по него, биле многу лоши цареви. Затоа земјата повторно се наполнила со злосторства и со насилство. Кога цар Амон бил убиен од своите сопствени слуги, цар на двоплеменското царство станал неговиот син Јосија.

2. Царевите 18:1-36; 19:1-37; 21:1-25.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели