ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 83
  • Ѕидиштата на Ерусалим

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ѕидиштата на Ерусалим
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Ѕидот околу Ерусалим
    Поуки од Библијата
  • Избрани стихови од книгата Неемија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Надвладеј го злото со добро“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Сети се на мене по добро, Боже мој!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 83
Неемија и други Израелци работат на изградбата на ѕидиштата во Ерусалим.

ПРИКАЗНА 83

Ѕидиштата на Ерусалим

ПОГЛЕДНИ на сликата колку голема работа се извршува. Израелците се зафатени со градење на ѕидиштата на Ерусалим. Кога го уништил Ерусалим 152 години пред тоа, царот Навуходоносор ги разурнал ѕидиштата и ги запалил градските порти. Израелците не ги изградиле повторно ѕидиштата веднаш кога се вратиле од Вавилон.

Што мислиш, како се чувствувал народот додека живеел таму сите тие години без ѕидишта околу градот? Не се чувствувал сигурно. Неговите непријатели лесно можеле да влезат и да го нападнат. Но сега, овој човек Неемија конечно му помогнал на народот повторно да ги изгради ѕидиштата. Знаеш ли кој бил Неемија?

Неемија бил Израелец кој дошол од градот Суза, каде што живееле Мардохеј и Естира. Неемија работел во царската палата, па можеби бил добар пријател со Мардохеј и со царицата Естира. Но, Библијата не вели дека Неемија работел за мажот на Естира, царот Ахасвер. Тој работел за следниот цар, царот Артаксеркс.

Се сеќаваш? Артаксеркс бил добриот цар кој му ги дал на Езра сите тие пари да ги однесе во Ерусалим и да го поправи Јеховиниот храм. Но Езра не ги изградил разурнатите градски ѕидишта. Да видиме како дошло до тоа Неемија да ја направи таа работа.

Поминале 13 години откако Артаксеркс му ги дал на Езра парите за да го поправи храмот. Неемија бил главниот пехарник на царот Артаксеркс. Ова значи дека тој го послужувал царот со вино и се грижел никој да не го отруе царот. Тоа било многу важна работа.

Еден ден, брат му на Неемија, Ананиј, и други мажи од земјата Израел дошле да го посетат Неемија. Тие му кажале какви неволји имале Израелците и дека ѕидиштата на Ерусалим сѐ уште биле разурнати. Тоа многу го растажило Неемија, па Неемија му се молел на Јехова за тоа.

Еден ден, царот забележал дека Неемија бил тажен, па го прашал: ‚Зошто изгледаш толку тажен?‘ Неемија му кажал дека бил тажен поради тоа што Ерусалим бил во толку лоша состојба и ѕидиштата му биле разурнати. ‚Што би сакал ти?‘ — го прашал царот.

‚Дозволи ми да одам во Ерусалим‘, рекол Неемија, ‚за да можам повторно да ги изградам ѕидиштата.‘ Царот Артаксеркс бил многу добар. Тој му дозволил на Неемија да оди и му помогнал да добие дрва за да заврши дел од изградбата. Набрзо откако дошол во Ерусалим, Неемија му кажал на народот за своите планови. Ним им се допаднала идејата, па рекле: ‚Ајде да започнеме со изградбата‘.

Некои Израелци работат на обновата на ѕидиштата во Ерусалим, а други чуваат стража.

Кога виделе дека ѕидиштата се подигаат, нивните непријатели рекле: ‚Ќе одиме и ќе ги убиеме, па ќе ја прекинеме изградбата‘. Но, Неемија дознал за тоа, па им дал на работниците мечеви и копја. И рекол: ‚Не плашете се од нашите непријатели. Борете се за своите браќа, за своите деца, за своите сопруги и за своите домови‘.

Народот бил многу храбар. Додека работеле дење и ноќе, во секое време биле готови да го употребат своето оружје. Затоа, за само 52 дена ѕидиштата биле завршени. Тогаш народот се чувствувал безбеден во градот. Неемија и Езра го поучувале народот за Божјиот закон, и народот бил среќен.

Но, работите сѐ уште не биле онака како што биле пред Израелците да бидат одведени како затвореници во Вавилон. Над нив владеел царот на Персија, и тие морале да му служат. Но Јехова им ветил дека ќе им испрати нов цар и дека тој цар ќе му донесе мир на народот. Кој е тој цар? Како ќе донесе мир на Земјата? Поминале околу 450 години пред да се дознае нешто повеќе за тоа. Тогаш се родило едно многу важно бебе. Но тоа е друга приказна.

Неемија, поглавја 1-6.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели