ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 90
  • Со жената на бунарот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Со жената на бунарот
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Жената кај бунарот
    Поуки од Библијата
  • Поучување на една Самарјанка
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Разговорот со Самарјанката
    Исус — патот, вистината и животот
  • Вода која значи живот
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 90
Исус зборува со Самарјанката на бунарот

ПРИКАЗНА 90

Со жената на бунарот

ИСУС застанал да се одмори покрај еден бунар во Самарија. Неговите ученици отишле в град да купат храна. Жената со која Исус зборувал дошла да земе вода. Тој ѝ рекол: ‚Дај ми да пијам‘.

Ова многу ја изненадило жената. Знаеш ли зошто? Затоа што Исус бил Евреин, а таа била Самарјанка. Повеќето Евреи не ги сакале Самарјаните. Тие не сакале дури ни да зборуваат со нив! Но Исус ги сака сите луѓе. Затоа рекол: ‚Кога би знаела кој е тој што бара од тебе да пие вода, ти би побарала од него и тој би ти дал животодавна вода‘.

‚Господине‘, му рекла жената, ‚бунарот е длабок, а ти немаш дури ни кофа. Од каде ќе ја извадиш таа животодавна вода?‘

‚Ако пиеш вода од овој бунар, повторно ќе ожедниш‘, ѝ објаснил Исус, ‚но водата што јас ја давам може да направи човек да живее засекогаш.‘

‚Господине‘, му рекла жената, ‚дај ми ја таа вода! Тогаш нема никогаш повеќе да ожеднам. И повеќе нема да морам да доаѓам овде за да земам вода.‘

Жената мислела дека Исус зборува за вистинска вода. Но, тој зборувал за вистината во врска со Бог и со неговото царство. Оваа вистина е како животодавна вода. Таа може да му даде на човекот вечен живот.

Тогаш Исус ѝ рекол на жената: ‚Оди, викни го својот маж и врати се‘.

‚Јас немам маж‘, одговорила таа.

‚Точно одговори‘, ѝ рекол Исус. ‚Но ти си имала пет мажи, а човекот со кого сега живееш не ти е маж.‘

Жената била зачудена бидејќи сето тоа било вистина. Од каде ги знаел Исус тие работи? Бог му ги кажал поради тоа што Исус бил тој што Бог го ветил и го испратил. Во тој момент се вратиле Исусовите ученици и се изненадиле што тој зборувал со една Самарјанка.

Што можеме да научиме од сето ова? Ова покажува дека Исус бил љубезен кон сите луѓе. И ние треба да бидеме такви. Не треба да мислиме дека некои луѓе се лоши само затоа што потекнуваат од некој друг народ. Исус сака сите луѓе да ја знаат вистината која води до вечен живот. И ние треба да сакаме да им помогнеме на луѓето да ја дознаат вистината.

Јован 4:5-43; 17:3.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели