ПРИКАЗНА 98
На маслинската гора
ОВА е Исус на Маслинската Гора. Четворицата мажи со него се неговите апостоли. Тие се браќата Андреј и Петар, како и браќата Јаков и Јован. Тоа што можеш да го видиш во далечината е Божјиот храм во Ерусалим.
Поминале два дена откако Исус влегол во Ерусалим јавајќи на младо магаре. Било вторник. Претходно тој ден, Исус бил во храмот. Таму свештениците се обиделе да го фатат Исус за да го убијат. Но, се плашеле да го сторат тоа бидејќи народот го сакал Исус.
Исус ги нарекол тие верски водачи ‚змии и змиски синови‘. Тогаш рекол дека Бог ќе ги казни поради сите лоши работи што ги направиле. Потоа, се качил на Маслинската Гора и тогаш овие четворица апостоли почнале да му поставуваат прашања. Знаеш ли што го прашале?
Апостолите го прашале за иднината. Тие знаеле дека Исус ќе му стави крај на сето зло на Земјата. Но сакале да знаат кога ќе се случи тоа. Кога ќе дојде Исус повторно за да владее како Цар?
Исус знаел дека неговите следбеници на Земјата не ќе можат да го видат кога ќе дојде повторно. Тоа е затоа што тој ќе биде на небото и тие не ќе можат да го видат таму. Затоа Исус им кажал на своите апостоли некои работи што ќе се случуваат на Земјата кога тој ќе владее како Цар на небото. Кои се тие работи?
Исус рекол дека ќе има големи војни, многу луѓе ќе бидат болни и гладни, ќе има многу тежок криминал и ќе има големи земјотреси. Исто така рекол дека добрата вест за Божјето Царство ќе се проповеда насекаде по Земјата. Сме виделе ли дека се случуваат овие работи во нашево време? Да! И затоа можеме да бидеме сигурни дека Исус сега владее на небото. Наскоро тој ќе му стави крај на сето зло на Земјата.