ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 109
  • Петар го посетува Корнелиј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Петар го посетува Корнелиј
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Корнелиј добил свет дух
    Поуки од Библијата
  • „Бог не е пристрасен“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Од својот Господар научил да простува
    Угледајте се на нивната вера
  • Да се држиме цврсто за нашата скапоцена вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 109
Апостол Петар му кажува на римскиот воен заповедник Корнелиј да не му се поклонува

ПРИКАЗНА 109

Петар го посетува Корнелиј

НА СЛИКАТА апостол Петар стои, а зад него се некои негови пријатели. Но, зошто човекот му се поклонува на Петар? Треба ли да го прави тоа? Знаеш ли кој е тој?

Човекот е Корнелиј. Тој бил римски воен заповедник. Корнелиј не го познавал Петар, но му било речено да го покани во својата куќа. Ајде да откриеме како дошло до тоа.

Првите следбеници на Исус биле Евреи, но Корнелиј не бил Евреин. Сепак, го сакал Бог, му се молел и им правел многу добрини на луѓето. Затоа, едно попладне, еден ангел му се појавил и му рекол: ‚Бог е задоволен со тебе и ќе одговори на твоите молитви. Испрати неколку луѓе за да доведат еден човек кој се вика Петар. Тој престојува во Јопа, во куќата на Симон кој живее покрај морето‘.

Корнелиј веднаш испратил луѓе да го најдат Петар. Следниот ден, кога луѓето биле блиску до Јопа, Петар бил на рамниот покрив од куќата на Симон. Таму Бог предизвикал Петар да мисли дека гледа едно големо платно како слегува од небото. Во платното имало секакви видови животни. Според Божјиот закон, овие животни биле нечисти за јадење, па сепак еден глас рекол: ,Петар‚ стани! Заколи ги и јади!‘

‚Никако!‘ — одговорил Петар. ‚Никогаш не сум јадел нешто нечисто.‘ Но гласот му рекол на Петар: ‚Не нарекувај го нечисто она за кое Бог сега вели дека е чисто‘. Ова се случило три пати. Додека Петар се чудел што значело сето тоа, луѓето што ги испратил Корнелиј пристигнале во куќата и го побарале Петар.

Петар слегол по скалите и рекол: ‚Јас сум човекот кого го барате. Зошто сте дојдени?‘ Кога луѓето му објасниле дека еден ангел му рекол на Корнелиј да го покани Петар во својот дом, Петар се согласил да оди со нив. Следниот ден, Петар со пријателите отишол во Цезареја да го посети Корнелиј.

Корнелиј ги собрал своите роднини и блиски пријатели. Кога Петар дошол, Корнелиј го пречекал. Тој паднал на колена и се поклонил пред нозете на Петар, како што можеш да видиш на сликата. Но Петар рекол: ‚Стани! И јас сум човек‘. Да, Библијата покажува дека не е исправно човек да се поклонува на човек и да го обожава. Ние треба да го обожаваме само Јехова.

Потоа Петар им проповедал на присутните. ‚Сега сфаќам дека Бог ги прифаќа сите луѓе кои сакаат да му служат‘, рекол Петар. И додека зборувал, Бог ги исполнил луѓето со својот свет дух, и тие почнале да зборуваат на различни јазици. Учениците што дошле со Петар, а биле Евреи, многу се изненадиле поради ова, бидејќи тие мислеле дека Бог ги сака само Евреите. Но од тоа научиле дека Бог не ги смета луѓето од еден народ за подобри или поважни од луѓето од друг народ. Зарем не е добро сите ние да го запомниме ова?

Дела 10:1-48; 11:1-18; Откровение 19:10.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели