ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 112
  • Бродолом на еден остров

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бродолом на еден остров
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Галилејскиот чамец — скапоценост од библиски времиња
    Разбудете се! 2006
  • Исус може да нѐ заштити нас
    Учи од Големиот Учител
  • Исус одел по вода
    Поуки од Библијата
  • Павле триумфира над неволјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 112

Приказна 112

Бродолом на еден остров

ГЛЕДАЈ! Бродот е во неволја! Се искршил на парчиња! Ги гледаш ли луѓето што скокнале во водата? Некои веќе дошле на брегот. Зарем ова не е Павле? Ајде да видиме што се случило со него.

Се сеќаваш ли дека Павле бил две години во затвор во Цезареја? Потоа тој и некои други затвореници се качиле на брод и тргнале кон Рим. Кога поминале покрај островот Крит, ги зафатило големо невреме. Ветрот дувал толку силно што луѓето не можеле да управуваат со бродот. И не можеле ниту да го видат сонцето дење ниту ѕвездите ноќе. На крајот, по многу денови, оние што биле на бродот изгубиле секаква надеж дека ќе се спасат.

Тогаш Павле станал и рекол: ‚Ниту еден од вас нема да го изгуби својот живот, туку само бродот ќе биде изгубен. Зашто, минатата ноќ еден Божји ангел дојде кај мене и ми рече: „Не плаши се, Павле! Ти мора да излезеш пред римскиот владетел, цезарот. А Бог ќе ги спаси сите што пловат со тебе“‘.

Околу полноќ на 14-тиот ден откако започнала бурата, морнарите забележале дека водата станувала сѐ поплитка! Од страв дека во темнината ќе удрат во карпи, ги спуштиле котвите. Следното утро здогледале еден залив. Одлучиле да се обидат да пловат со бродот до самата плажа.

Но, кога се приближиле до брегот, бродот удрил во еден песочен нанос и се заринкал. Тогаш брановите почнале да удираат во бродот, и тој почнал да се крши на парчиња. Но одговорниот воен заповедник рекол: ‚Сите вие што знаете да пливате, први скокнете во морето и пливајте до брегот. Вие останатите скокнете по нив и фатете некои парчиња од бродот за да се придржувате за нив‘. И токму тоа го направиле. На тој начин, сите 276 лица кои биле на бродот безбедно стигнале на брегот, токму како што ветил ангелот.

Островот се вика Малта. Островјаните биле многу љубезни и се грижеле за луѓето од бродот. Кога времето станало подобро, го качиле Павле на друг брод и го одвеле во Рим.

Дела 27:1-44; 28:1-14.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели